Пазете го ова
Жерард најдобар играч во Англија сезонава
Нај, нај во Премиер лигата
Интернет-страницата на Еуроспорт ги собра оценките на фудбалерите во пет угледни англиски весници од штотуку завршената сезона од Премиер-лигата и објави дека Стивен Жерард е најдобар фудбалер во англиското првенство. Петте весници ги оценуваат фудбалерите по стандарден принцип при што максималната оценка е 10. Жерард собра вкупно 35,77 што дава просечна оценка од 7.16 за капитенот на Ливерпул.
Интересно е тоа што и второпласираниот фудбалер е од тимот на Ливерпул. Се разбира, станува збор за Фернандо Торес, кој собра 34,95, а зад него се уште Френк Лампард од Челзи (34,84) и Вејн Руни од Манчестер Јунајтед (34,76).
Еуроспорт ја состави и најлошата екипа на сезоната. Во неа се истакна дефанзивецот на Њукасл, Хозе Енрике, кој има убедливо најлоши оценки во Премиер-лигата (26,67). Свое место во неа најде напаѓачот на Тотенхем, Роман Павличенко иако тој одлучи неколку натпревари во корист на својот тим оваа сезона.
Инаку, секој фудбалер мора да одигра најмалку 19 натпревари за да конкурира во изборот на Еуроспорт. Жерард пред две недели ја доби наградата за играч на сезоната во изборот на Здружението на фудбалски новинари на Англија.
НАЈДОБРА ЕКИПА НА ПРЕМИЕР-ЛИГАТА СПОРЕД ЕУРОСПОРТ
ГОЛМАН
Шеј Гивен Манчестер Сити 33,68
ОДБРАНА
Глен Џонсон Портсмаут 32,52
Бреде Хангеланд Фулам 33,56
Мартин Лаурсен Астон Вила 33,84
Лејтон Бејнс Евертон 31,77
СРЕДЕН РЕД
Шон Рајт-Филипс Манчестер Сити 33,52
Френк Лампард Челзи 34,84
Стивен Жерард Ливерпул 35,77
Ешли Јанг Астон Вила 32,90
НАПАД
Вејн Руни Манчестер Јунајтед 34,76
Фернандо Торес Ливерпул 34,95
НАЈЛОША ЕКИПА НА ПРЕМИЕР-ЛИГАТА СПОРЕД ЕУРОСПОРТ
ГОЛМАН
Скот Карсон ВБА 29,91
ОДБРАНА
Андре Ојер Блекбурн 28.70
Карлос Куељар Астон Вила 28.74
Фабрицио Колочини Њукасл 27,73
Хозе Енрике Њукасл 26,67
СРЕДЕН РЕД
Кит Ендрјус Блекбурн 26,67
Кевин Нолан Њукасл 28,63
Амди Фаје Стоук 27,47
Шарл Н'Зогбиа Виган 29,04
НАПАД
Роман Павличенко Тотенхем 27,29
Афонсо Алвес Мидлсброу 27,96
Само еден од Манчестер Јунајтед
кај е Видич?кај е ВДС?не ми се верува еј:uvo:џабе тие натпревари без примен гол.
Ако дојде до пенали, јас бегам
Бугарскиот напаѓач Димитар Бербатов призна дека не сака да шутира доколку финалето во Лигата на шампионите стигне да се решава на белата точка.
Бербатов ја избегнува белата точка уште од полуфиналето од ФА.Купот помеѓу Манчестер и Евертон кога на тревата не прослави. По бројните критики поради промашувањето признава дека му пропаднала самопочитта кога с во прашање пеналите.
“Тоа болеше. Не сум сигурен дека сега би сакал да изведувам“, објасни Бербатов.
Иако веќе некое време е член на “црвените ѓаволи“, Бербатов уште не се чувствува како дома. Тоа ќе се промени доколку ја освои Лигата на шампионите.
“Играм во овој клуб но нема да се чувствувам како дел додека не ја освојам Лигата на прваците“, објасни Бербатов.
“Би ми било многу драго да успееме да ги поновиме резултатите од минатата година, тоа многу би ми значело. Бев многу љубоморен минатата година“,додаде Бугаринот.
Овој Бугаринот се плаши од пенали:tv:
Солскер верува дека Јунајтед ке ја повторат 99 година
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=26232
Изјавата на Тевез дека му значат фановите ме трогна
ех Ферги Ферги не му прави така на човекот и одврзи тоа кесе...и ти нам ни значиш,ако заминеш со срека кај и да си.