Заврши уше една премиерлигашка сезона.
Уште една фантастична сезона и најважно уште една шампионска сезона можеби една од најдобрите до сега.Победувавме,губевме, добро игравме,лошо игравме, најважно Шампиони сме трет пат по ред и 18та титула во нашата историја.
Многу работи се случија што не се случувале други сезони како 1302те минути без примен гол на ВДС,победа на Драгао,финале едно по друго во ЛШ итн.
Само 5 бода од натпреварите со ривалите за разлика од 14-те на Ливерпул и пак освоивме титула со 4 бода предност и вкупно 90 бода.
Најважниот натпревар оваа сезона според Ферги е со Стоук на боксинг деј дека имавме само 4 дена одмор од натпреварот во Јапонија против Гамба Осака.Според мене најважен натпревар беше против Астон Вила,со што се вративме во нашата форма и се роди нова ѕвезда на фудбалот - Кико Македа.Многу нови играчи видовме оваа сезона како Велбек,Македа,Рафаел,Посебон,Бербатов и Еванс со кои што успеа Ферги да нешто што ретко кој менаџер може т.е да има играчи за секаква тактика,да може да тактизира во секој натпревар а не со една единствена тактика и први 11 на секој натпревар (пример Барса).Роналдо и оваа сезона слично сјајна како минатата со вкупно 26 гола и 10 асистенции помогна многу да стигнеме до трофејот оваа сезона и до финалето во ЛШ.Руни истотака солидна сезона не извади на неколку натпревари со давање на злато-вредни голови,не се повреди воопшто или само еднаш не се сеќавам убаво и изигра перфектно на секоја позиција што го постави Ферги да игра.Тевез со една од најлошите сезони за него во неговата кариера.Не спасуваше неколку пати,супер играч со огромен Work Rate али играчиште ко него нејќе да седи на клупа и нормално дека ќе сака да си оди.Ако си оди нека му е со среќа каде и да иде,иако би сакал многу ако остане.За крај да ве потсетам дека Ван Дер Сар ја освојува златната ракавица оваа година,благодарение на 1302те минути без примен гол и на голот што го прими Реина од Роби Кин денес.Исто така Сер Алекс Фергусон и Немања Видич се избрани за Најдобар Менаџер на Премиер Лига и Играч на Премиер Лигата за 2009 година,сосема заслужено.
Остана уште Барса.
Изјава наводно од Роналдо:
и за крај Табелата на крај на сезоната: