Тевез: Заминувам од Манчестер Јунајтед! Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Карлос Тевез шокантно најави дека по крајот на сезоната ќе го напушти Олд Трафорд.
Тевез се отвори, искрено проговори за својата ситуација на Олд Трафорд. Аргентинецот најави дека следната сезона нема да го носи дресот на Манчестер Јунајтед, и би сакал да се пресели во друг клуб од Премиер лигата.
"Многу сум тажен за ова, но најверојатно ќе кажам довидување, не мислам дека и следната сезона ќе го бидам фудбалер на Манчестер Јунајтед" - изјави Тевез.
"Направив се што можев но тие никогаш не ми доставија понуда за нов договор па ќе морам да заминам. Мислам дека следната сезона ќе играм во друг клуб".
"Немав третман како член од фамилија. Не се чуствував сакано. Се чуствувам лошо околу мојата ситуација, сакам, но многу, многу е тешко да останам тука".
"Фановите ме третираат како дел од една фамилија, но Јунајтед не ме почитува како фудбалер".
"Работите драматично се променија оваа сезона. Јас бев изоставен и покрај тоа што не играм лошо."
"Сер Алекс никогаш не ми даде објаснување но никогаш не го ни побарав тоа бидејќи не сум таков карактер".
"Јас го прифаќам тоа, но можеби Сер Алекс не го чуствува истото за мене. Можеби тој нема повеќе доверба во мене".
Тевез вели дека тој и неговата фамилија се адаптирале во Англија и не ја исклучува можноста за преселба во друг клуб.
"Не е точно дека мојата фамилија е несреќна во Англија. Не е точно дека сакам да ја напуштам Англија и да заминам во Шпанија".
"Мојата четири годишна ќерка Флоренсија учи англиски и мојата жена е многу среќна со животот во Англија".
"Сакаме да останеме. Сакам да играм во Англија бидејќи тоа е најдобрата лига во светот и одговара на мојот стил".
"Било кој тим да го одберам, дали Арсенал, Челзи, Манчестер Сити, Ливерпул или Евертон, сите тие се ривали на Манчестер Јунајтед".
"Би сакал да им се заблагодарам на фановите на Јунајтед за нивната подршка. Тие секогаш ќе имаат посебно место во моето срце".
"Доколку бев фан на Јунајтед немаше да сакам да ги видам моите фудбалери во друг дрес, но мислам дека тие ќе прифатат дека јас направив се што можев" - заврши Тевез.