Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

__MaNu__

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
Член од
30 ноември 2008
Мислења
520
Поени од реакции
3
Да неколку часа пред почетокот...мајката била во опасност:nesum:ајде нека оздрават побрзо...
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Олд Трафорд станува поголем од Вембли

06.05.2009
Управата на премиерлигашот Манчестер Јунајтед, актуелен светски, европски и англиски првак, се подготвува да го прошири капацитетот на стадионот „Олд Трафорд“ за дополнителни 20000 места.
По доградбата, капацитетот ќе биде зголемен на 95000 седишта, со што ќе стане најголем стадион на англиско тло, надминувајќи го и „Вембли“, чиј капацитет е 90000 места.
Треба да се зголеми зошто како што кажа директорот Гил, на секој натпревар морале 5-10 000 фанови да ги одбиваат поради тоа што капацитетот бил исполнет до последно место:toe:
 

radzo

Man Utd!
Член од
20 јануари 2008
Мислења
696
Поени од реакции
17
Ѓаволи честито финале,честито нова тема! вака да продолжиме и во недела во градското дерби кое многу ме плаши! но верувам во Јунајтед , верувам во Фергусон , верувам во Видич,Руни,Евра,Керик !!!!

Long Live United !!!
 
N

navivacka

Гостин
Ѓаволи честито финале,честито нова тема! вака да продолжиме и во недела во градското дерби кое многу ме плаши! но верувам во Јунајтед , верувам во Фергусон , верувам во Видич,Руни,Евра,Керик !!!!

Long Live United !!!
Нема потреба да се плашиме,штом синока го победивме Арсенал меме и Сити да го победиме со таква одлична игра...
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Нема потреба да се плашиме,штом синока го победивме Арсенал меме и Сити да го победиме со таква одлична игра...
Тешка ќе е со Шити ама мислам дека сега мотивацијата е на наша страна и ќе ги прегазиме:helou:
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.497
Поени од реакции
4.070
Абе ајде , ќе го јадат 3-0 ќе видиш.Не Робињно , и Роналдињно да го купат исто им се фаќа :toe:
 
Член од
17 февруари 2009
Мислења
728
Поени од реакции
60
Тука сум и јас :). Малку задоцнето, но тоа е заради еуфоријата од синоќешниот спектакл. Најпрво честита победа и пласман во финалето, а воедно и честио нова тема. Поздрав до Чомбе за убавиот вовед. Ќе се потрудиме сите ние во иднина да збогатуваме тука со квалитетни коментари со цел ова да биди уште поквалитетна тема од предходните досега. Мора така затоа што тоа го заслужува Манчестер, тоа го заслужувате и сите вие фановите на Манчестер. За синоќешниот натпревар би пишувал и цела страница убави зборови, но ќе бидам пократок затоа што сеуште трае еуфоријата. Како да нема еуфорија? Зарем е тоа можно кога синоќа гледавме фудбал од учебниците. Она што Роналдо го правеше синоќа, не само што не може никој да го направи на теренот, туку и тешко се монтира на компјутер како анимација :). Сведоци бевме на нешто натприродно, нешто за кое што треба да се запрашате дали е ова сон или јаве? Ќе ве молам (не вас, фановите на Манчестер,) туку сите оние антиманчестеровци (кои би сакал да ги нема овде, ама знам дека тоа е тешко), да се потрудите ДА НЕ ЧИТАМЕ понатаму да кажувате и да го споредувате Роналдо со ниеден фудбалер. Роналдо е фудбалски робот, последно чудо на природата и нема конкуренција ама баш со никој. Тоа го покажа синоќа, не дека даде два гола, тоа е негова рутина, туку дека си поигруваше со сите и правеше натприродни прецизни акробации кога што ќе посакаше, и како ќе посакаше. Комплетно цел тим без никаков кикс, го надигра Арсенал и покажа дека Манчестер е фубалски ГИГАНТ. Незнам дали ќе ме поддржите во моето мислење дека фаулот од Флечер не беше за црвен картон. Точно е дека беше пенал, ама можеше само со жолт да помоне. Прегледајте ги снимките и ќе видите дека сум во право. Жалосно за Флечер кој толку многу се труди и во последно време е во фантастична форма, ама тоа е, не може ништо да се стори. Да не должам, уште еднаш да испратам честитки за оваа фантастична претстава, која никој не го остави рамнодушен. Денес сите ги слушам по улица како викаат дека се навивачи на Манчестер :pos2:.
Сакајте го и понатаму клубот од соништата, убиствената машинерија, светскиот фудбалски гигант, професор за модерен фудбал и синоним за фудбалска стратегија, МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД!!!
 
N

navivacka

Гостин
Абе дајте тешка со Шити,нема да знаат главата кај им е...пошто се пласиравме во финалето сигурно ке се фокусират на пл сега,на првиот натпревар со Шити главите не си знаеа кај им се а не па сега кога гостуват на ОТ.Мотивирани се од кога и да било,желни да се израмнат со лузерите во бројот на титули а воедно и да ја одбранат европската титула.
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Ај честито да ни е за вчера...
Одиме напред..нема лабаво...
Вечер кој сака нека победи..сеедно губи од Јунајтед !


Со сити ке биде одлучувачки натпревар..така да победата е неопходна..
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
2.066
Поени од реакции
71
Поздрав до Чомбе, кој единствен досега одлично отворил тема во подфорумот фан клубови.
Да ви го честитам пласманот во финалето.
Иако не сум фан на Манчестер јунајтед, сепак имам рспект кон клубот.
А во финалето сакам да се сретнете со Барса.
А за кого ќе навивам...
Со извинување, ама за Барса ќе навивам.
Поздрав до сите фаови на Манчестер Јунајтед и голем респект кон екипата.
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Поздрав до Чомбе, кој единствен досега одлично отворил тема во подфорумот фан клубови.
Да ви го честитам пласманот во финалето.
Иако не сум фан на Манчестер јунајтед, сепак имам рспект кон клубот.
А во финалето сакам да се сретнете со Барса.
А за кого ќе навивам...
Со извинување, ама за Барса ќе навивам.
Поздрав до сите фаови на Манчестер Јунајтед и голем респект кон екипата.
Фала за убавите зборови.
Твое е да си навиваш за кого сакаш, штета што твојот тим не успеа да помине па вака да навиваш за други екипи но и Барса не е помината, нека пројдат вечер па после ќе коментираме за финале зошто ние веќе сме во Рим, другите не се :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom