Темава претпоставува дека:
-Жените се тврдоглави, како пол.
-Жените не смеат да бидат тврдоглави.
Јас би прокоментирала:
bullshit.
Половите разлики, карактерот

Во повеќето случаи...некој можеби ќе помисли дека сум против жените, дека имам комплекси. Но, сето ова ми е опсервација од моите работни места во неколку скопски фабрики (со машки колеги) и 1-2 фирми во канцеларија (со женски колеги) за 25-годишна работа. Сепак не ми е ова теорија, не е само од размислување пред огледало или компјутер. Покрај тоа, гледајќи ги пријателите и нивните семејни заедници... Дали е до детството, воспитувањето (попустливоста како на женски деца...), полот...не сум упатен, немам ќерка, но знам дека тоа што го забележувам, тоа го пишувам овде.
Но, секако има и за машкиот свет што да се каже. На пример наивноста на многу од нив, будалаштината за женска сукња да...има и тука место за критики и муабети секако.
Инаку генерализирањето е лошо, но такви се темите
Во контекст на инает, на форумов честопати се повлекувам и попуштам па добивам дури и некои потсмешливи коментари во смисол дека не ми држи муабет, дека е до слабиот карактер, дека не знам што сакам да кажам...абе лом те направија-хм, да некои се така учени, секогаш нивниот збор да е последен... ништо од тоа. Само сакам да не повредам никого со тоа држење страна, тврдоглавост, инает. Ако приметам такво нешто, обично јавно се извинувам и ич не боли

напротив. Оти...што после со таа личност кон која е насочено тврдоглавото држење (макар и виртуелно, овде)? Зошто преку нечија тврдоглавост да се повредува личност, неговиот интегритет и душа?
Тврдоглавоста повредува во крајна линија, ако се оди до крај. Затоа не е никако позитивна особина тотална тврдоглавост за се и сешто.
И да, вчера ме убедуваа дека женските полесно преболувале прекин на врска.
Не знам, можеби...некој не ја знае женската природа па смета...или ако е машко секогаш тргнува од своите искуства при раскинување. но воопшто не е точна таа констатација.
А за курва...може да се шалам во муабет, но моите размислувања и мисли за жената се сосем други, а курва :nenene: оти, курва и курвар се едно те исто. Ако постои курва треба да постои и курвар (се извинувам за вакви зборови, штета што некој ги користи). Има други зборови за вакви луѓе, истите се користат за одредена каста во општеството пошто тоа им е занает-од тоа живеат, но да не одам вон тема, ок? :smir:
Ех, не дека јас знам, но моето размислување е...
кога би знаеле жените што навистина се и што значат во животот на мажите и кога би знаеле мажите тоа да го ценат и негуваат-светот би дишел многу поинаку, дефинитивно. И вие и ние...постојана битка за превласт...без победник :smir: