B
Borg_Drone
Гостин
Ете каде и лежел зајакот.
....Види ја одговорноста , газдите не одговараат за приватни работи како репутација и п.пораки......
Кога се измешаа овие работи заедно,почнаа препукувањата , и немало асална дискусија , епа ќе нема , кога незнаат да си држат луѓево дистанца.
Кога веќе ме цитираше, на ова ќе ти одговорам со следново: немој да мислиш дека и во RL, со твоите пријатели нема да имаш проблеми ако не знаеш да држиш дистанца за некои работи.Под тоа подразбирам дека не е се за кажување на сите личности нели?Затоа си постои граница.А ти ако не знаеш за граници, тогаш и ќе си имаш проблеми во животот....И така и препукувањата, oговарањата conspiracy theories ќе бидат присутни и во твојот живот, односно оној не виртуелниот.И тоа ќе биде твоја вина.Кога сме веќе кај тоа.Е сега следи прашањето:
.Како можеш да имаш препукување со некој член од форумот, ако разговарате на теми каде го делите истото мислење, но и истото разбирање за работите, во повеќето сфери на животот?
Горе со останатото не се сложувам, јас овдека на форумот дискутирам со членови кои се составени од крв, месо, и емоции а не со кибернетски суштества.И за да дојдам до некакво разбирање на работите, јас морам тоа да го остварам со комуникација, а комуникација не е можна ако нема и некаква дружба, зафрканции и.т.н.
Не може сите да бидат намќори и да одговараат само со ДА и НЕ.
Што значи не се сложувам со тебе, секој различно ги толкува работите нели?Ако ти сметаш дека е правилен твојот избор go ahead секој има право на свое мислење.
Форумот е и тек како место за комуникација, дружба и учење нови работи.