Теми за размислување... [Што е форумот денес?]

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Кога се регистрирав немаше таков закон дека морам да дебитирам на темите. Сфати дека премногу луѓе има со премногу различни размислувања за тоа како функционира форумов и како да дискутираат на него. Не очекувај сите теми да бидат филозофски. Има такви теми и на нив дискутираат членови кои сакаат да “филозофираат“ во тој стил. Неможеш да очекуваш од сите тоа.
Леле, ајде ако не почекајте да се вратам дома после часови и да ви нацртам. На темава не треба филзофија која сите така вешто си ја споменувате. Јас не сакам да чујам одговор од некој кој појма си нема за што е темава, туку од некој кој навистина ја разбрал. И што дека има премногу луѓе со премногу различни размислувања? Тоа треба да значи дека секој од нив треба да дојде и да ми каже дали темава е ок или не. Ако сите си имаат некој си вид на размислување нека повелат и нека го произнесат размислувањето во врска со темава.
Е сега, тоа што јас си имам мој став во однос на ова не ми забранува да го потегнам тоа прашање и тука на форумов.
И дечко, не филозофирам јас. А кажи ми што се прави на темите, ако не се дебатира?
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233

Кратко - има различни фанови на теми. Некој сака сериозна дискусија а некој не. Што те интересира другите ако веќе има такви што сакаат да дискутираат.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Дебатирам онаму каде што знам дека можам и онаму каде што сакам и ме интересира. Затоа ме нема во политика и вести, во религија, во историја, во спорт и во многу други подфоруми.
Ете го одговорот кој го кажав уше вчера..
Не размислуваат сите како тебе, и нормално е да има расправии кога некој зборува за нешто за кое не е ни информиран доволно, а камо ли да го разбира..
Ја сигурно нема да солам памет во подфоруми за спорт, политика и историја..али затоа можам да си дозволам да праам и малце по груб муабет у подфорум ДотА, барем знам дека знам повеќе и сум по информиран повеќе од останатите [секако не сите]
Камо да гледаа сите така на работите..
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.262
Абе види, не постојат форумџии со некоја цел на форумов, постојат само форумски како да речам... Форумски фази.
На пример, прва фаза на форумџија нов е да се докаже на ваков или онаков начин. Ако не му успее тоа се труди да биде покреативен и во најмногу случаи е.

После преминува во фаза каде што малку посериозно го сфаќа форумов, особено форумџиите. Од таа фаза се преминува во една фаза каде што сака да шири познанства и да се дружи со форумџии.
Е сега, од кога ќе стекне многу пријатели и ќе измоли за зеленки, следи една целофан/полуцелофан фаза. Каде што на собиранки членот веќе почнува да оговара други членови или слично.
Од таа фаза произлегува дека тој веќе ги етикетира скоро сите членови.

Онаа најзрела фаза се достигнува кога еден форумџија се прашува дали некој ги чита неговите постови или дали некој воопшто чита овде?
Е сега, таа фаза ќе ти помине и тебе брзо драг гладиус, затоа што после некое време ко ќе си ја видиш темава ќе се насмееш поради нејзината цел, и дали воопшто има цел, ќе размислиш пак тогаш.

Потоа онаа фаза на просветлување доаѓа кога нема да ти е гајле дали некој ти чита твој пост и дали некој те следи. Ќе ти дојде период кога не ќе сакаш и многу пријателства да шириш и нема да сакаш својата приватност многу да ја истакнеш на форум, ама секако... Ќе биде касно. Ќе почниш и да си направиш селекција само на кои членови ќе им ги читаш постовите.

Сега се замараш со тоа дали пропушташ нешто и кликаш по 50 пати на Нови мислења или слично... Колку и да сакаш да поттикнеш некого, не се поттикнува со ваква тема. Тој што сакал да дебатира на некоја тема мислиш досега не дебатирал? Му требала ваква тема за да се поттикне? Не бе...

Некогаш има една демотивациона фаза, една од оние во кои се наоѓаш ти сега. Јебига брат, се демотивирам и јас овде, ама затоа ќе пронајдиш една опција на форумов која се вика Игнор. Од првин ќе мислиш дека пропушташ нешто или не ќе ти штимат во некоја тема фазла мислења, ама тоа е само од почетокот.

Сите некогаш се демотивираат, демотивацијата е основна причина поради која некои напуштаат форум, некои привремено одмараат или слично.

Се демотивирам кога Блајнд пишал дека животот не е убав а има колку?... 15/16 години? Се демотивирам и кога ќе видам некои деца како делат совети во Љубов и Секс, како се прават најискусни.
Се демотивирам кога дечиња како Ајсшутер пишуваат и отвараат теми во Политика и Вести.

Се демотивирав кога видов дека Магде отвори тема за Тониинтер, изгледа сакаше да биде прва со веста за да добие зеленко.
Се демотивирам кога во Нови мислења, од 30 теми Дарк Кинг ќе го видам во минимум 20, али јебига дечкото изгледа не станал ич од форум, и многу при срце ќе си го земе и сега ќе ме цитира ради ова, али види, на игнор ми е стаен и чао пријатно брачко, не ми е гајле ни дали ќе ме цитират.

Е ко ќе дојш во тој фазон ќе доживееш реинкарнација и ќе си пишуваш постови без некаква цел за истакнување, и ќе пишуваш секогаш со ентузијазам, затоа што на крајот на краиштата ако не те прочитат Ајс Бој затоа што му бил долг постот, ќе те прочитат некој друг.
 
Што значи, темава е на место само кој да ја сфати. Ете некој да ги наброеше причиниве, наместо да солеше памет што и како да се прави, ќе беше доволно, па макар тоа било и еден-единствен пост на темава.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Леле, ајде ако не почекајте да се вратам дома после часови и да ви нацртам. На темава не треба филзофија која сите така вешто си ја споменувате. Јас не сакам да чујам одговор од некој кој појма си нема за што е темава, туку од некој кој навистина ја разбрал. И што дека има премногу луѓе со премногу различни размислувања? Тоа треба да значи дека секој од нив треба да дојде и да ми каже дали темава е ок или не. Ако сите си имаат некој си вид на размислување нека повелат и нека го произнесат размислувањето во врска со темава.
Е сега, тоа што јас си имам мој став во однос на ова не ми забранува да го потегнам тоа прашање и тука на форумов.
И дечко, не филозофирам јас. А кажи ми што се прави на темите, ако не се дебатира?
Ти си океј младич и како таков ќе просперираш во реалниот свет, не ти треба голем прогрес и почитување од страна на другите во виртуелниот. Џабе тераш филозофии кога се е толку очигледно и веќе кажано, ама ајде бидејќи ми си драг ќе удрам уште едно постче и ќе ти подобјаснам некои работи. :)

Форумот си има стадиуми, пред тебе, со тебе, после тебе. Едни членови постирале со тебе, други пред тебе, трети ќе постираат откако ти ќе го напуштиш форумов... а нивниот квалитет е различен и не можеме да го предвидиме со сигурност.

Постоеше време како што напоменаа и другите кога имаше интересни дискусии на форумов, кога имаше пријателства, а ривалства на форумов а се пишуваа и постови кои вредат да се читаат. Тоа време помина, можеби јас ''начекав'' мал дел од тој стадиум на форумов, стадиум кој траеше се дури не се отворија кајгана серверите а со тоа кајгана стана славна и помеѓу помладата популација. Се зголемуваше бројот на членови а со тоа и опаѓаше квалитетот на дискусијата. Сето тоа е поради се помалата граница во години на членовите кои постираат на истиот, иако спротивно од правилата има преку 500 членови под 13 години кои редовно несакајќи уништуваат теми, сеуште не се свесни за тоа. :) Да не зборуваме за оние полнолетните кои се свесни за своите постапки, кои постираат на секоја тема, кои НЕ СЕ ПОСТЕР БИЛДЕРИ, бидејќи такво нешто не постоело. :)
Двојните аршини, селектираното банирање и незалагањето на модераторите и администраторите исто така го сторија своето, па наместо повторно да се воведи некојси ред на форумов(како што беше најавено дека ќе има), стандардите и критериумите на постирање паѓаа се повеќе и повеќе се додека и оние најупорните членови кои се залагаа за старата Кајгана, која вредеше да се посетува секојдневно не ја напуштија истата. Сега пак има некои нови членови кои полека се издигнуваат во тој Hall of Fame, па штознаеш, можеби идат подобри времиња... дали за форумот, дали за банерот горе кој е се попосетуван не знаеме. :)
 
Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Абе види, не постојат форумџии со некоја цел на форумов, постојат само форумски како да речам... Форумски фази.
На пример, прва фаза на форумџија нов е да се докаже на ваков или онаков начин. Ако не му успее тоа се труди да биде покреативен и во најмногу случаи е.

После преминува во фаза каде што малку посериозно го сфаќа форумов, особено форумџиите. Од таа фаза се преминува во една фаза каде што сака да шири познанства и да се дружи со форумџии.
Е сега, од кога ќе стекне многу пријатели и ќе измоли за зеленки, следи една целофан/полуцелофан фаза. Каде што на собиранки членот веќе почнува да оговара други членови или слично.
Од таа фаза произлегува дека тој веќе ги етикетира скоро сите членови.

Онаа најзрела фаза се достигнува кога еден форумџија се прашува дали некој ги чита неговите постови или дали некој воопшто чита овде?
Е сега, таа фаза ќе ти помине и тебе брзо драг гладиус, затоа што после некое време ко ќе си ја видиш темава ќе се насмееш поради нејзината цел, и дали воопшто има цел, ќе размислиш пак тогаш.

Потоа онаа фаза на просветлување доаѓа кога нема да ти е гајле дали некој ти чита твој пост и дали некој те следи. Ќе ти дојде период кога не ќе сакаш и многу пријателства да шириш и нема да сакаш својата приватност многу да ја истакнеш на форум, ама секако... Ќе биде касно. Ќе почниш и да си направиш селекција само на кои членови ќе им ги читаш постовите.

Сега се замараш со тоа дали пропушташ нешто и кликаш по 50 пати на Нови мислења или слично... Колку и да сакаш да поттикнеш некого, не се поттикнува со ваква тема. Тој што сакал да дебатира на некоја тема мислиш досега не дебатирал? Му требала ваква тема за да се поттикне? Не бе...

Некогаш има една демотивациона фаза, една од оние во кои се наоѓаш ти сега. Јебига брат, се демотивирам и јас овде, ама затоа ќе пронајдиш една опција на форумов која се вика Игнор. Од првин ќе мислиш дека пропушташ нешто или не ќе ти штимат во некоја тема фазла мислења, ама тоа е само од почетокот.

Сите некогаш се демотивираат, демотивацијата е основна причина поради која некои напуштаат форум, некои привремено одмараат или слично.

Се демотивирам кога Блајнд пишал дека животот не е убав а има колку?... 15/16 години? Се демотивирам и кога ќе видам некои деца како делат совети во Љубов и Секс, како се прават најискусни.
Се демотивирам кога дечиња како Ајсшутер пишуваат и отвараат теми во Политика и Вести.

Се демотивирав кога видов дека Магде отвори тема за Тониинтер, изгледа сакаше да биде прва со веста за да добие зеленко.
Се демотивирам кога во Нови мислења, од 30 теми Дарк Кинг ќе го видам во минимум 20, али јебига дечкото изгледа не станал ич од форум, и многу при срце ќе си го земе и сега ќе ме цитира ради ова, али види, на игнор ми е стаен и чао пријатно брачко, не ми е гајле ни дали ќе ме цитират.

Е ко ќе дојш во тој фазон ќе доживееш реинкарнација и ќе си пишуваш постови без некаква цел за истакнување, и ќе пишуваш секогаш со ентузијазам, затоа што на крајот на краиштата ако не те прочитат Ајс Бој затоа што му бил долг постот, ќе те прочитат некој друг.
Ваууууууууууууууууууу џимеј друже најс пост се гледа кој е форумски созреан мислам фазите ко рецензија за најтешкиот трилер.(хахах)позз:smir:.И сеа сигурно по ова што го напишав и по мислењата што ги имам колку се околу 150 и јас спаѓам во категоријата на докажување ама мош е и така а несвесно го праам тоа ипак тоа е делот со етикетите нели.
 
Член од
7 јануари 2009
Мислења
391
Поени од реакции
20
На форумов голем дел од темите бараат длабоко размислување и од нив се очекува добра дискусија. Сите се возбудени кога станува збор за тема во која е доволно само на другите да им кажеш дека не се во право, правејќи се најпаметен и одделувајќи се од другите со својата говорна моќ.
Меѓутоа теми за кои треба убраво срочени реченици завршуваат како непопуларни, со по 5-6 поста. Теми кои би имале прекрасна иднина само кога секој од нас, наместо да изгуби 10 минути барајќи спротивстваени мислења, би изгубил исто тлку време за убаво да размисли и да ја пренесе својата мисла.
Каде е еланот со кој се фалат сите форумџии? Зар тој се состои само од пишување во теми каде има актуелни караници, теми кои се во стилот на ЧДА(чда фанови, извинете, но реланоста е таа)?
Каде се тука темите од философија и психологија, кои би биле уште попрекрасни да се читаат ако малку заживеат?
Каде се темите од општи муабети на кои има по само 3 одоговир, затоа што некои од нас сметале дека попаметно е три пати да напишат хит на денот, отколку да ја продолжат навидум активната и плодоносна дискусија?
Зар не беа сите на форумов креативни личности?
Барам еден единствен одоговор? Каде е длабокото размислување и посветеноста на одредени теми кои допираат до нас, онака како што би допрела и најубавата песна? Каде е тоа размислување кое најголем дел од форумџиите си го препишуваат како своја прва особина?

п.с.Не алудирам на ништо, не би сакал некој да ја сфати темава како лична навреда. Но доколку некој си ја има мувата на капата, му препорачувам да не се срами и слободно да ја избрка. :)
Jas nekako ne mozam da te svatam sto ocekuvas vsusnost ti od lugevo ovde?Nekoj e radi zabava ,nekoj radi seir ,nekoj stvarno ima sto da kaze na odredena tema,no dobro ne se site temi za filozofiranje do besvest.Na primer temite koi ti gi posoci kakva aktivnost imale:
1.Oceni go avatarot na clenot nad tebe
2.Sto vi se dopaga kaj clenot nad vas
3.Pesna koja ja slusate
na ovie temi ni jas ne bi znaela koja debata bi se razvila ili sto ima tolku da se razmisluva ovde?Dadov samo primer nemoj da me svatis pogresno ,na nekoi temi ni mene ne mi se pisuva sostav po makedonski jazik (ne dobivam ocena) tuku samo kazuvam svoe mislenje.No toa ne znaci deka gi negiram tugite dobro napisani mislenja.Nekoi luge gi biva da go iskazuvaat svoeto mislenje malku podobro ili filozovski od ostanatite, no nekoj ednostavno i so malku zborovi moze da odgovori dosta dobro t.e podobro i od nekoj koj napisal primer cela strana referat na nekoja tema.Barem jas taka mislam ne znam za ostanatite:toe:
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Ваууууууууууууууууууу џимеј друже најс пост се гледа кој е форумски созреан мислам фазите ко рецензија за најтешкиот трилер.(хахах)позз:smir:.И сеа сигурно по ова што го напишав и по мислењата што ги имам колку се околу 150 и јас спаѓам во категоријата на докажување ама мош е и така а несвесно го праам тоа ипак тоа е делот со етикетите нели.
Шала на страна..се сложувал или не..џимеј е у право ама скроз..
Искрено, не ми е ни срам да признам дека се пронајдов во сите фази..и ги погоди многу убаво и по ред..Никогаш неам размислувано така..ама баш малце коа ќе подразмислам, тоа е така..и нема ни ништо лошо во тоа..
 
Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Шала на страна..се сложувал или не..џимеј е у право ама скроз..
Искрено, не ми е ни срам да признам дека се пронајдов во сите фази..и ги погоди многу убаво и по ред..Никогаш неам размислувано така..ама баш малце коа ќе подразмислам, тоа е така..и нема ни ништо лошо во тоа..
Па и јас не рече ништо лошо баш и јас се сложувам со џимеј .
 
noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Во право беше џимеј за фазите, за секој член е нормално да има фази. Па побогу, форумот постои 3 години, нормално е во тие три години да созрееш во ставовите, но овде доаѓа до прашањето дали тоа созревање се случило во рамките на форумот или надвор од него?

Со други зборови, Кајгана познава многу членови што претрпуваат револуција, преродба во 3 мислења. Тоа често подразбира експресна транзиција од чекдисаут во филозофија и психологија. Оваа транзиција се случува од проста причина што на форумов владеат други вредности, нови членови секогаш се пречекуваат со одредена доза на сомнеж и резервираност бидејќи со секој нов член се загрозува нивната тешко стекната репутација. На пример ако дојде член и веднаш се распишува во “темите за размислување“, секако дека уште во почетокот ќе се претстави како добар материјал. Од друга страна, има и такви кои при самото доаѓање не се запознаени со атмосферата на форумов, и прво се закитуваат со “гердан црвени бисери“, за потоа да ја сфатат цаката, да станат хит форумџија и да бидат први на листата за запознавање.

Ова може да стане лошо влијание за 13-годишниците кои и сами рековте дека ги има во голем број. Тие со своите 13 години не се многу стабилни во своите размислувања, а од друга страна опседнати со репутација. Така, едно дете со цел да стане допадливо и омилено меѓу форумџиите би потпаднало под влијание на форумот, и би завземало став кој воопшто не е негов, туку на оној чие зеленко треба да се заслужи. Па така имаме членови кои од најреметени станале хит, кои од играчница преминале во “сакам да се запознаам со“ и така натаму... И откако ќе ја поминеме фазата “сакам да се запознаам со“, онда што ќе ми е мене да пишувам во теми за размислување, кога пројде моето време во “сакам да се запознаам со“ и дојде некој нов лик и ги падна сите на колена?

Заклучок: темите за размислување се разонода за оние кои дошле да си ги мерат мозоците на форум. Јас на пример никогаш не би трошела сива маса за да му се докажам на некој кој ниту ме познава, ниту го познавам.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Пошто гледам се исцрпија речиси сите извори за докажување и пишување по повод оваа тема, ќе си кажам од сопствено искуство.
Многу ретко ми доаѓаат моменти на инспирација за пишување маратонски постови.
Се трудам да ми бидат правилно напишани, да не бидат офтопик и да не содржат pozz mwah, али искрено и не ми се пишуваат долги постови, барем не во поголемиот дел кога сум тука.
Сепак на форумот сум дојден за одмор и забава, каде за нешто ќе си дадам свое лично мислење, што пократко и прецизно, но затоа пак ги одбегнувам темите каде не сум компетентен да зборувам.
Во просек повеќе читам од што пишувам.

И да, тие што се нови членови гледам се опседнати со репутација, се молат за зеленки, а 99% од постовите им се во играчница, додека 1% им се во гурманско катче, чда и слични.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom