LGBT-популацијата и современиот свет

  • Креатор на темата Out Boy
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.991
Поени од реакции
12.635
Природата е дискриминатор во случајов...

U.S. National Library of Medicine
National Institutes of Health

http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/9923159
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/12416862

dollars for donuts...општествено прифатено или не...како се вика состојба која го скратува животот за три децении ?
Абе друже нели ти ги согледуваше теориите на заговор и влијанијата на религиите и опшествата? :) Иначе си викам дека ова е соодветен одговор:

:)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Ако некој нема деца не значи дека не е способен за одгледување на истите. Искуството за одгледување на деца не доаѓа со децата, тоа се создава претходно...и да, книгите (против кои страстно говориш)знаат да помогнат.
Тоа дали некој сака да облечи фустанче или жена сака жени е поголемо од нас и од било кое воспитување. Секој обид на притисок врз природните процеси значи фашизам и раѓа куга (оооо ти голем писателу Блејк).
Никој никого не поттикнува на ништо (освен краткогледите, оооо тие краткогледи кои секогаш поттикнуваат насилсто)...нештата се едноставни, само поради нашето страшно незнаење знаат да преминат во страшно комплицирани, кои предизвикуваат страдање! Тоа само ние го можеме...па нормално, кога животот ќе почни да губи смисла и да станува досаден, преминуваме кон мешање во другите животи...со кое право? Со никое...
Со муабет во оваа и вакви теми не значи дека им се мешаме на другите, ги кажуваме нашите ставови...кои доколку не се совпаднат со одредени, тогаш се нарекуваат мешање? Во ред, тогаш сите да климаме со глава и велиме да. Тоа пак -да- не е мешање Во и осуда На нечие мислење и став? Сејм шит.
Што е тоа природен процес -педерастијата, љубовта помеѓу браќа и сестри (инцестот), љубовта на постари према млади девојчиња и обратно, многуженството, убиството заради одмазда или самоодбрана на домот...кои се природни процеси. Зошто не одиме голи, зошто не убиваме според наши убедувања, зошто...во име на природата и процесите ....Што е природно, освен она што постоело во првобитните заедници пред формирање на бракот и општеството? Велите да се вратиме наназад кон тој период? Многумина ќе изумрат пошто постоеле и други законитости во тие заедници.

Според книгите не се воспитува и расне семејство и деца. Мислам не на оние од кои се црпат вакви идеи и филозофски мудрости, трактати и расправи. Не се зема од такви книги (освен као прирачник за капење и хранење на детето) туку од искуство од постари и од сопствено знење и времено искуство. Ни Спиноза нит Блејк ќе те научат да одржиш, воспиташ и продолжиш семејство...и ја на ваши години (или пред да се женам) бев по некои такви дела, но подоцна видов дека не е баш така.
А и тие книги ...не случајно најпознатите, најприфатени и најдобри дела исполнети со фиктивни ликови и реални историски личности се токму врските помеѓу маж и жена (можи ќе се протне некое друго дело, но не како процес и правило) инаку ...Тристан и Изолда, Грегор и Аксинија, Ромео и Јулија, Парис и Елена, Ростова и Болконски, Вилма Лумис и Бад, Ланселот и Гвеневир, Наполеон и Жозефина, (Со виорот) Скарлет и Батлер, Орфеј и Евридика, Клеопатра и Марко Антониј....
и покрај различниот "ментален склоп", низ историјата се паметеле, пишувале и ценеле вакви дела наместо љубов помеѓу 70-годишна жена и 17-годишно момче, 10 годишно девојче и 50-годишен маж, меѓу хермафродити, татко и ќерка, двајца браќа/сестри и слични папазјании.
Дали ги поддржуваш, сметаш за нешто добро, препорачуваш како природен процес овие последниве примери? Сите?

Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Хмосексуалноста има заедничко со педофилијата и инцестот толку колку што имаат заедничко кур и колено...
...и да, секој има право да си го каже мислењето и со самото тоа не се меша во нечиј живот, ама кога тоа негово мислење ќе почни да го искажува со камења и палки што тогаш ???

Искрено се надевам дека медицинава ќе пронајде нештобилошто и да го реши тој "проблем" на човештвово, пошто тешко дека некогаш ќе се смени свеста кај луѓево и да сфатат дека хомосексуалците не се ништо повеќе или помалку од едно обично човечко суштество кое ги заслужува истите права и слободи како останатите...
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444

Ги заборави Лолита и Смрт во Венеција...:tv:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Ги заборави Лолита и Смрт во Венеција...:tv:
Се провлекуваат, не велам сто посто не :)

Хмосексуалноста има заедничко со педофилијата и инцестот толку колку што имаат заедничко кур и колено...
Хм, по кој критериум. на педофилот, хермафродитот, хомосексуалецот, учесникот во инцест? испитано, болно, психијатриски случаи?...или личен став
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Се провлекуваат, не велам сто посто не :)

Хм, по кој критериум. на педофилот, хермафродитот, хомосексуалецот, учесникот во инцест? испитано, болно, психијатриски случаи?...или личен став
По критериум на медицината, ми се чини дека сега за сега тие се најрелевантни ама немора да значи дека се точни.......
едно е "хормонален проблем" друго е "психолошки проблем" за тие што не прават разлика помеѓу тие две е исто како да кажуваат дека кур и колено е исто нешто
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
По критериум на медицината, ми се чини дека сега за сега тие се најрелевантни ама немора да значи дека се точни.......
едно е "хормонален проблем" друго е "психолошки проблем" за тие што не прават разлика помеѓу тие две е исто како да кажуваат дека кур и колено е исто нешто
Психата и хромоните дејствуваат одвоено? Психа најверојатно знаеш и повеќе од мене дека не е дел од телото.
А медицината...нејзините официјални ставови често се менуваат...инаку проблем е проблем, кој како го сфати и прифати. За тебе проблем е инцестот, за некој друг не е. За тебе можда непримерна е љубов помеѓу братче и сестриче, за некој друг не е...а и такви појави имало низ историјата. А којзнае...во блиска иднина и тие дела (на пример најблискороднинска љубов и љубов меѓу малолетници и стари особи) медицински некако ќе се оправдаат и редефинираат (како што се намалува границата за секс (некаде на 13 години мислам во некои земји). Тогаш за тебе се надевам ќе бидат нормални сексуални практики.
ама кога тоа негово мислење ќе почни да го искажува со камења и палки што тогаш ???
тие деца пред некоја страна не кажаа ништо за палки и камења, само си го кажаа своето мислење дека се против вакво нешто...на што реакцијата кон нив беше -распнување. Со тоа што човек не смее да го каже своето мислење нормално и со нормален тон...го правиш истото што и оние со палки и камења. Судиш и осудуваш, не дозволуваш некој друг да има различно мислење.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.991
Поени од реакции
12.635
Драги мои, колку што има различни луѓе исто така има и различни можности за сите. Една од нив е да се почне сега, и сигурен сум дека ќе се создаде нов крај ако го направиме моментот бар толку важен, моментот во кој можеме да почнеме да работиме на создавање љубов и убавина во нашите животи, да започнеме нов живот усогласувајќи го нашето однесување согласно принципите и нормите кои се засноваат на племенитост, храброст , поштеност, љубов и разбирање, толеранција и фер игра. Така влијаејќи на себе можеме да се промениме не само ние туку можеме да ја втурнеме и околината кон промените со голема шанса да им се случат на сите. Треба да се има на ум дека никој не е совршен па ни ние лично, дека сите сме грешеле, некој повеќе некој помалку. Љубовта и разбирањето имаат голема моќ да спречат, искоренат секакво зло. Љубовта е најголем и најдобар подарок, извор на животот кој извира директно од срцето. Љубовта го исполнува животот со радост, затоа оставете ја непрестано да тече од вас и непрестано нека ве преплавува. Иднината не постои до оној момент кога ќе почне да се претвора во сегашност па напревете се што е во ваша моќ да се идентификувате со вашите соништа. Во таков живот ќе има се помалку непријатни ситуации, стресови а многу повеќе добро здравје па со доброто здравје ќе можете да направите се повеќе цели, кои со секој нареден ден се поуспешно ќе ги исполнувате. Исто така треба да се радуваме на секое исполнување на некоја цел колку и да изгледа мала во моментот, да и се радуваме, тие ќе не нахранат со среќа, како мајка своето бебе, ќе ни дадат волја да истраеме и да ги надминеме сите потешкотии градејќи успешен и среќен живот, истовремено давајќи им пример и школа на идните генерации. Да ја изградеме нашата среќа, градејќи ја среќата на нашите блиски, на луѓето, затоа што само преку среќата на блиските и на луѓето општо и нашата среќа ќе биде целосна. И верувам дека тоа е единствениот пат до нашата среќа. Се надевам дека еден ден ќе успееме...

Омразата не води никаде...омразата не помага..омразата не повредува нас лично...омразата е предавство на светоста на животот и љубовта...таа е убиец.
Само ваш The Magus.
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Психата и хромоните дејствуваат одвоено? Психа најверојатно знаеш и повеќе од мене дека не е дел од телото.
А медицината...нејзините официјални ставови често се менуваат...инаку проблем е проблем, кој како го сфати и прифати. За тебе проблем е инцестот, за некој друг не е. За тебе можда непримерна е љубов помеѓу братче и сестриче, за некој друг не е...а и такви појави имало низ историјата. А којзнае...во блиска иднина и тие дела (на пример најблискороднинска љубов и љубов меѓу малолетници и стари особи) медицински некако ќе се оправдаат и редефинираат (како што се намалува границата за секс (некаде на 13 години мислам во некои земји). Тогаш за тебе се надевам ќе бидат нормални сексуални практики.
Во 99.99% од случаите на инцест, педофилија итн... едниот од учесниците во актот е присилно приморан на истиот со закани, уцени и итн и строго го опфаќа сегментот секс, додека во случајот на хомосексуалноста двете личности пристапуваат доброволно и не само поради секс туку поради љубов и заеднички соживот и затоа едното со другото е неспоредливо...

тие деца пред некоја страна не кажаа ништо за палки и камења, само си го кажаа своето мислење дека се против вакво нешто...на што реакцијата кон нив беше -распнување. Со тоа што човек не смее да го каже своето мислење нормално и со нормален тон...го правиш истото што и оние со палки и камења. Судиш и осудуваш, не дозволуваш некој друг да има различно мислење.
Ниту судам ниту осудувам само се обидувам да разберат што е хомосексуалноста, ако за тебе несогласувањето со нивните размислувања е распнување за мене е различно мислење...
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Хмосексуалноста има заедничко со педофилијата и инцестот толку колку што имаат заедничко кур и колено...
...и да, секој има право да си го каже мислењето и со самото тоа не се меша во нечиј живот, ама кога тоа негово мислење ќе почни да го искажува со камења и палки што тогаш ???

Искрено се надевам дека медицинава ќе пронајде нештобилошто и да го реши тој "проблем" на човештвово, пошто тешко дека некогаш ќе се смени свеста кај луѓево и да сфатат дека хомосексуалците не се ништо повеќе или помалку од едно обично човечко суштество кое ги заслужува истите права и слободи како останатите...
Како за медицински експерт за човечка анатомија споредбата за болдираниот дел ти е одлична!
Јас само би додал „доколку не припаѓаат на едно исто тело“. ! :D
 
L

Liberation

Гостин
1. И мене не ми се пријатни дечките кои “зборат и се понашаат шмизларски“, ама факт е дека начинот на кој секој од нас се однесува (во смисла на тон и боја на глас, гестикулирање, одење...) е кодирано во нашиот мозок пред раѓањето. Да се трудиш да глумиш начин на движење, со паметот цело време таму, е неизводливо и претставува лажење. Познавам дечки кои се толку фемкасти што сум требал да внимавам да не го згрешам родот кога се обраќам, ама во исто време толку пријатни за разговор и толку приземни...

2. “Жените заробени во машки тела“ не би требало да се ставаат во групата хомосексуалци по дифолт. Ако машко, кое себе си се доживува како женско, го привлекуваат машки, тогаш тоа е различно од случајот машко кое себе си се доживува како машко и го привлекуваат машки (геј).

3. Педерастија, инцест, помлад-постар, многуженство, нудизам... Сите овие форми на сексуални контакти не се пожелни во денешното општество од практичен аспект. Ако некогаш било нормално и пожелно дете од 14-18 години да го поминие периодот на преобразба од дете во маж со друг, веќе зрел маж, со кој дури и ќе биде интимен, денес тоа не е ок, бидејќи современото општество создава “маж“ на поинаков начин, а и денес се знае дека луѓето созреваат до подоцни години, а и ваквото однесување во денешно време е кршење на слободата на младата индивидуа во развој. Инцестот е непожелен заради дефицитот на генетска различност на плодот кој би настанал од таквиот однос, инаку потсетете се на библиското Создавање и примерите каде брат и сестра биле одделени од раѓањето, па подоцна незнаејќи за роднинската врска, се заљубуваат еден во друг. Врската меѓу 18-годишна девојка и 50-годишен маж е непожелна од аспект на различноста во менталниот склоп и различните потреби. Машкиот мозок природно е програмиран “да оплоди што повеќе женски единки“ затоа што во 99,99% од минатото на човекот, мажите секогаш биле помалубројни од жените (војни меѓу племиња, војни меѓу империи...). Природата го создавала тој механизам милиони години наназад за да се осигура продолжување на човековиот вид. Но денес, кога имаме релативен мир и изедначување на половите по бројност, ваквото однесување е непожелно (иако како нагон постои кај секој маж). Употребувањето на облека кај човекот се појавила не заради чуствување срам од своето тело, туку заради заштита на истото од студ и повреди. Денес, политеистичките луѓе од тропските предели сеуште користат минимални парчиња облека, или воопшто не ја користат.

Станува збор за отфрлање на поранешни однесувања заради практични причини и создавање вредности кои се вградени во денешната цивилизација.

4. Психата на човекот е условена од дејството на преднаталните хормони, кои го конфигурираат секој центар во мозокот.
Хомосексуалноста е резултат на премногу или премалку соодветни хормони во телото на идниот човек, додека возрасен хомосексуалец има нормално (со оглед на полот) ниво на хормони во ист степен како и една хетеросексуална единка.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
Немам коментар. :nesvest:
И што оти го закачи видеово :toe: Мислиш дека зборува за сите и дека сите се исти како овие, не ве разбирам воопште, гледате едно и одма сите во иста корпа ги ставате, де малце отворете ги очите некако слабо гледате од малоумноста.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
И што оти го закачи видеово :toe: Мислиш дека зборува за сите и дека сите се исти како овие, не ве разбирам воопште, гледате едно и одма сите во иста корпа ги ставате, де малце отворете ги очите некако слабо гледате од малоумноста.
http://www.zombietime.com/up_your_alley_2008/part_1_full/index.php
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
И што оти го закачи видеово :toe: Мислиш дека зборува за сите и дека сите се исти како овие, не ве разбирам воопште, гледате едно и одма сите во иста корпа ги ставате, де малце отворете ги очите некако слабо гледате од малоумноста.
Јас не гледам ништо чудно на клипов,деца си се лапкаат,баш се слатки.
Куманово рулс :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom