LGBT-популацијата и современиот свет

  • Креатор на темата Out Boy
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
С

Сатори

Гостин
Lurtz, навистина сум заинтригирана што мислеше дека ќе биде моето мислење за човек кој што одлучил да донесе конечно една одлука за да му биде удобно во своја кожа?Направил грешка со тоа што потклекнал под општествените норми и осудил две деца да патат заради неговите грешки во минатото и дај ми те молам еден пример каде родителите не им го направиле тоа на своите деца.Или, е во ред кога има разводи, изневерувања, полигамија и сите дури деформитети на хетеро двојките кои што даваат пример за начела и моралност?
Кога се насочувате кон една таргет група свртете понекогаш поглед и кон остатокот од светот, бидејќи не е се сјајно, напротив.

Mandrak, добро бре, значи од мнозинството беше осудена и уметноста на Пикасо, беше осудено и феминистичкото движење за жените да добијат право на глас, Сузан Б. Ентони беше јавно осудувана а денес е икона.Ако сите беа со тој менталитет мене уште немаше да ми биде дозволено на гласам на избори.

П.с. Дечките беа неверојатни, мене не ми се веруваше дека е возможно клонови на Колин Фарел и Брет Пит да бидат заедно.Излезени од Келвин Клајн реклама, е тоа ти да видиш + замислите си, беа убави заедно.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Србите имаат една поговорка -преко прече, наоколо ближе. Тоа би значело да го претпоставам твојот одговор дека -и трансџендерите и кросдресерите не се болест, девијација и нешто ментално или хормонски пореметено туку нешто што треба да го прифатиме како нормално? ...или не?

Ако сите беа со тој менталитет мене уште немаше да ми биде дозволено на гласам на избори.
Зашто, кој менталитет не дозволувал гласање на жена
 
L

Liberation

Гостин
Дејвид Като, борецот за човекови права во Уганда, погребан денес.

Като беше убиен во неговиот сопствен дом во Кампала, главниот град на Уганда.
На погребот присуствувале околу 300 лица, од кои стотина геј и лезбејки.
Локалниот пастор за време на погребната церемонија, почнал да им држи лекции на присутните, а на ЛГБТ-присутните, да ги повикува да се покајат. ’Светот полуде’-рекол.

Претседателот Обама испратил писмо со сочуство до семејството.
“Господин Като беше силен бранител на рамноправноста и слободата“- вели Обама во своето писмо.

Да потсетиме дека од почетокот на 2010 година, во оваа африканска држава се води силна кампања со која се предвидува со измените на законите, да се воведе смртна казна за хомосексуалците заболени од СИДА.

Еве една сторија од Сенегал од минатата година:
Минатиот мај, есхумацијата и деградацијата на телото на Мадиеје Диало беше снимено со мобилен телефон, а снимката пуштена на Интернет и споделувана меѓу локалното населениe, како начин на заплашување на хомосексуалците што ќе им се случи по смртта.

“Неговото тело лежеше во земја едвај неколку часа, кога толпа со лопати го откопа гробот, плукаше по неговите останки и го влечеше телото наоколу, фрлајќи го пред домот на неговите стари родители.“ -пренесува АП. “Диало почина од СИДА, откако заплашувањето на локалните хомофоби го оневозможи неговото лекување.“

Неколку часа по неговата смрт, родителите го однеле телото на својот син во блиската џамија, каде требало да го искапат и завиткаат во бели чаршафи, по што требало соодветно да го погребат. Но во џамијата им било речено дека за нивниот син оваа религиска традиција не важи, по што насила биле исфрлени од џамијата. Родителите го зеле телото и самите го однеле на гробиштата и го погребале, но неколку часа подоцна телото го нашле пред нивниот дом.

“Човек за кој се знае дека бил хомосексуалец не може да биде погребан на гробишта. Неговото тело треба да биде фрлено како обично ѓубре. Неговите родители знаеја дека тој е хомосексуалец, и не презедоа ништо во врска со тоа. Затоа, кога умре, ние моравме да го казниме“
 
С

Сатори

Гостин
Србите имаат една поговорка -преко прече, наоколо ближе. Тоа би значело да го претпоставам твојот одговор дека -и трансџендерите и кросдресерите не се болест, девијација и нешто ментално или хормонски пореметено туку нешто што треба да го прифатиме како нормално? ...или не?

Зашто, кој менталитет не дозволувал гласање на жена
Она што треба навистина да го прифатиме како нормално е дека има варијации на човековата природа, сексуалност и потреби.Дека сите сме излезени од различен калап и имаме различен начин на живот, различни сонови, некои од нас се заробени, кои во својот ум, тело, општество или де факто, сите сме индивидуалци и свет за себе.Што е нормално во толку големо пространство на различности?

Кога бев малечка заедно со моите пријателки се пријавивме на конкурс по повод „Сите различни, а сепак исти“, освоивме прво место на државен натпревар и бевме толку горди на себе затоа што сме направиле еден многу претставителен колаж хартија, со многу бои и некои стандардни пароли.Во суштина не сме направиле ама баш ништо, се сеќавам дека во исто време имавме и една девојка во одделението кое што никогаш не ја дружевме затоа што беше поинаква од нас, порасната само со мајка и, прерано физички созреана и далеку од нашиот тип на „луѓе“.Ја сретнав пред некое време и ми беше срам воопшто да ја погледам, уште помалку да речам извини, затоа што го немам правото да си ја перам совеста на тој начин, дури се надевам дека заборавила и не ме препозна.Таква е и вашата филозофија, на сите хомофоби, како мојата кога бев шесто одделение и кажував дека верувам во нешто, а бев се спротивно од она што го претставував со сите мои текстови.

А јас се борам со тоа секој ден дека треба да пораснам, да созреам, да бидам Спиноза и да не се лутам, туку да разбирам.Така што Луртз, да, јас мислам дека е нормално, дека е дури чудесно, тоа што некој е доволно храбар да си помогне себе да биде среќен, голем дел од нас тоа никогаш нема да го направат.Да се реши да застане пред целата таа толпа и да не се плаши или срами од тоа кој е.
Стереотипите се едно, фактичката дискриминација е нешто сосема друго.
А за тоа кој менталитет не дозволувал жените да гласаат само сврти некоја страна назад низ историјата.Во Канадата до 20 год од 20 век на жените не се гледало како на личности во правото, затоа што биле рамнети со децата и деловно неспособните лица ... прогресивноста не е клетва, туку реалност, хомосексуалноста не е болест, туку е сексуална ориентација.
И бидејќи знам дека страшно те интересира, не, не сум геј. :)
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
Се утепав по земјоделскиве денес, и такви не најдов... :(
Плус мислам една од аптекарките чудно ме гледаше.
Најдов едни налик на овие, ама премногу се фенси.

Кај точно да барам?

Има во Велес вакви слични, бујрум купи си :back:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Ок, благодарам Леди Сатори. Некако добив одговор :)
Како што треба да се почитува едно, треба да се почитува и друго мислење (на оние форумџии кои претходно се изјаснуваа против)...за тебе машко во фустанче и шминка е ок, за некој друг не е, многу релативно нешто у животот (како личен став, но не и во секојдневието и во здравството), но со можни последици посебно по идните генерации, децата (но као што спомна наназад една форумџика, за тоа е потребно дополнително искуство, свои деца и семејство, за истото да се почувствува :) ). Затоа и ги споменав книгите...за да се изгради здраво семејство, ниедна книга не помага. Само личното искуство и перцепција на реалноста каква што е. Во спротивно треба од мали да ги униформираме децата (без никаква диференцијација по пол), да ги усмериме да гледаат со љубов и со сексуални желби и кон својот пол и кон облеката и практикувањето на нештата од спротивниот пол (шминкање, бричење, секојдневни нешта)...што во ниедна книга нема да го најдеш како добро и здраво. Во тој случај би требало да се тргнат сите сега т.н. ненормалности и ограничувања од полигамија и полигинија, педерастија, најблискороднински врски и секс и така натаму (тојкатер ги има спомињано наназад) па и оваа пракса во автобус или во кафеана...уште во детството...ак је бал...
Но за одгледување, воспитување и растење на деца и семејство е долга и тешка...и за друга тема :)
 
С

Сатори

Гостин
Таму каде што либералот гледа опционалност и индивидуалност, конзервативецот гледа неморалност и грев.
And just that is the way the cookie crumbles.
 
I

Intex

Гостин
Само што сфатив дека некои од овде преку вечер менуваат сексуална ориентација. Ебаве храбрите и лица со свои ставови.
 
TheMartin

Нутриционист
Член од
26 јануари 2011
Мислења
17
Поени од реакции
2
Мене искрено како стрејт дечко не ми сметаат геј момците....ако некој е геј тоа си е негово право АМА ме нервира понашањето на некој одредени гејови што сакаат да покажат пред сите дека се геј на пример како да го кажам не знам шмизларско зборење и понашање....ако си геј биди си ама дома или било на кое друго место каде што нема толку народ.... а не седам пред некој ден у кафич и еден се понаша ко да е шмизла 16 години....сваќам што значи да си геј и тоа сигурно не е да глумиш жена...
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525

Грешка си тоа се жени заробени во машко тело као што полно од нив се доживуваат:) некој од нив се подложуваат дури и на болни операции да им го вовлечат пенисот навнатре и да им направат вештачка дупка налик вагина.........
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.991
Поени од реакции
12.635
Ок, благодарам Леди Сатори. Некако добив одговор :)
Како што треба да се почитува едно, треба да се почитува и друго мислење (на оние форумџии кои претходно се изјаснуваа против)...за тебе машко во фустанче и шминка е ок, за некој друг не е, многу релативно нешто у животот (како личен став, но не и во секојдневието и во здравството), но со можни последици посебно по идните генерации, децата (но као што спомна наназад една форумџика, за тоа е потребно дополнително искуство, свои деца и семејство, за истото да се почувствува :) ). Затоа и ги споменав книгите...за да се изгради здраво семејство, ниедна книга не помага. Само личното искуство и перцепција на реалноста каква што е. Во спротивно треба од мали да ги униформираме децата (без никаква диференцијација по пол), да ги усмериме да гледаат со љубов и со сексуални желби и кон својот пол и кон облеката и практикувањето на нештата од спротивниот пол (шминкање, бричење, секојдневни нешта)...што во ниедна книга нема да го најдеш како добро и здраво. Во тој случај би требало да се тргнат сите сега т.н. ненормалности и ограничувања од полигамија и полигинија, педерастија, најблискороднински врски и секс и така натаму (тојкатер ги има спомињано наназад) па и оваа пракса во автобус или во кафеана...уште во детството...ак је бал...
Но за одгледување, воспитување и растење на деца и семејство е долга и тешка...и за друга тема :)
Ако некој нема деца не значи дека не е способен за одгледување на истите. Искуството за одгледување на деца не доаѓа со децата, тоа се создава претходно...и да, книгите (против кои страстно говориш)знаат да помогнат.
Тоа дали некој сака да облечи фустанче или жена сака жени е поголемо од нас и од било кое воспитување. Секој обид на притисок врз природните процеси значи фашизам и раѓа куга (оооо ти голем писателу Блејк).
Никој никого не поттикнува на ништо (освен краткогледите, оооо тие краткогледи кои секогаш поттикнуваат насилсто)...нештата се едноставни, само поради нашето страшно незнаење знаат да преминат во страшно комплицирани, кои предизвикуваат страдање! Тоа само ние го можеме...па нормално, кога животот ќе почни да губи смисла и да станува досаден, преминуваме кон мешање во другите животи...со кое право? Со никое...
 
TheMartin

Нутриционист
Член од
26 јануари 2011
Мислења
17
Поени од реакции
2
Грешка си тоа се жени заробени во машко тело као што полно од нив се доживуваат:) некој од нив се подложуваат дури и на болни операции да им го вовлечат пенисот навнатре и да им направат вештачка дупка налик вагина.........
Значи тоа е у светот а кај нас ако се 100 души дали 2 ќе признаат дека до толку сакаат и како што викаш се жени у машки тела .... другите 98 ке се откажат... сакав да казам ако си геј не значи да се фалиш на секој ..... повеќето од нив го прават тоа за да привлечат внимание
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Природата е дискриминатор во случајов...

U.S. National Library of Medicine
National Institutes of Health

Previous estimates from obituaries and pre-1994 sex surveys suggested that the median age of death for homosexuals is less than 50 yr. Four contemporary databases were used to test that estimate: (1) obituaries in the homosexual press from 1993 through 1997 reflected treatment success for those with AIDS but suggested a median age of death less than 50 years; (2) two large random sexuality surveys in 1994--one in the USA and the other in Britain--yielded results consistent with a median age of death for homosexuals of less than 50 years; (3) the median age of those ever married in Denmark, Sweden, and Norway was about 50 years, while that of the ever homosexually partnered was about 40 yr; further, the married were about 5 times more apt to be old and 4 times less apt to be widowed young; and (4) intravenous drug abusers and homosexuals taking HIV tests in Colorado had almost identical age distributions. The four lines of evidence were consistent with previous findings suggesting that homosexual activity may be associated with a lifespan shortened by 20 to 30 years.
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/9923159
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/12416862

dollars for donuts...општествено прифатено или не...како се вика состојба која го скратува животот за три децении ?
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
Природата е дискриминатор во случајов...

U.S. National Library of Medicine
National Institutes of Health

http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/9923159
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/12416862

dollars for donuts...општествено прифатено или не...како се вика состојба која го скратува животот за три децении ?

А си се запрашал ли зошто? Најголем непријател на денешново време е СТРЕСОТ, а хомосексуалците во тоа време а и ден денес се изложени на поголем срес од хетеросексуалците, тука исто така се и притисоците и стравот. Сите тие фактори носат лоши последици. Исто така процентот на самоубиства е поголем кај хомосексуалците... ама тоа не ги прави болни.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom