1. И мене не ми се пријатни дечките кои “зборат и се понашаат шмизларски“, ама факт е дека начинот на кој секој од нас се однесува (во смисла на тон и боја на глас, гестикулирање, одење...) е кодирано во нашиот мозок пред раѓањето. Да се трудиш да глумиш начин на движење, со паметот цело време таму, е неизводливо и претставува лажење. Познавам дечки кои се толку фемкасти што сум требал да внимавам да не го згрешам родот кога се обраќам, ама во исто време толку пријатни за разговор и толку приземни...
2. “Жените заробени во машки тела“ не би требало да се ставаат во групата хомосексуалци по дифолт. Ако машко, кое себе си се доживува како женско, го привлекуваат машки, тогаш тоа е различно од случајот машко кое себе си се доживува како машко и го привлекуваат машки (геј).
3. Педерастија, инцест, помлад-постар, многуженство, нудизам... Сите овие форми на сексуални контакти не се пожелни во денешното општество од практичен аспект. Ако некогаш било нормално и пожелно дете од 14-18 години да го поминие периодот на преобразба од дете во маж со друг, веќе зрел маж, со кој дури и ќе биде интимен, денес тоа не е ок, бидејќи современото општество создава “маж“ на поинаков начин, а и денес се знае дека луѓето созреваат до подоцни години, а и ваквото однесување во денешно време е кршење на слободата на младата индивидуа во развој. Инцестот е непожелен заради дефицитот на генетска различност на плодот кој би настанал од таквиот однос, инаку потсетете се на библиското Создавање и примерите каде брат и сестра биле одделени од раѓањето, па подоцна незнаејќи за роднинската врска, се заљубуваат еден во друг. Врската меѓу 18-годишна девојка и 50-годишен маж е непожелна од аспект на различноста во менталниот склоп и различните потреби. Машкиот мозок природно е програмиран “да оплоди што повеќе женски единки“ затоа што во 99,99% од минатото на човекот, мажите секогаш биле помалубројни од жените (војни меѓу племиња, војни меѓу империи...). Природата го создавала тој механизам милиони години наназад за да се осигура продолжување на човековиот вид. Но денес, кога имаме релативен мир и изедначување на половите по бројност, ваквото однесување е непожелно (иако како нагон постои кај секој маж). Употребувањето на облека кај човекот се појавила не заради чуствување срам од своето тело, туку заради заштита на истото од студ и повреди. Денес, политеистичките луѓе од тропските предели сеуште користат минимални парчиња облека, или воопшто не ја користат.
Станува збор за отфрлање на поранешни однесувања заради практични причини и создавање вредности кои се вградени во денешната цивилизација.
4. Психата на човекот е условена од дејството на преднаталните хормони, кои го конфигурираат секој центар во мозокот.
Хомосексуалноста е резултат на премногу или премалку соодветни хормони во телото на идниот човек, додека возрасен хомосексуалец има нормално (со оглед на полот) ниво на хормони во ист степен како и една хетеросексуална единка.