Ако некој нема деца не значи дека не е способен за одгледување на истите. Искуството за одгледување на деца не доаѓа со децата, тоа се создава претходно...и да, книгите (против кои страстно говориш)знаат да помогнат.
Тоа дали некој сака да облечи фустанче или жена сака жени е поголемо од нас и од било кое воспитување. Секој обид на притисок врз природните процеси значи фашизам и раѓа куга (оооо ти голем писателу Блејк).
Никој никого не поттикнува на ништо (освен краткогледите, оооо тие краткогледи кои секогаш поттикнуваат насилсто)...нештата се едноставни, само поради нашето страшно незнаење знаат да преминат во страшно комплицирани, кои предизвикуваат страдање! Тоа само ние го можеме...па нормално, кога животот ќе почни да губи смисла и да станува досаден, преминуваме кон мешање во другите животи...со кое право? Со никое...
Со муабет во оваа и вакви теми не значи дека им се мешаме на другите, ги кажуваме нашите ставови...кои доколку не се совпаднат со одредени, тогаш се нарекуваат мешање? Во ред, тогаш сите да климаме со глава и велиме да. Тоа пак -да- не е мешање Во и осуда На нечие мислење и став? Сејм шит.
Што е тоа природен процес -педерастијата, љубовта помеѓу браќа и сестри (инцестот), љубовта на постари према млади девојчиња и обратно, многуженството, убиството заради одмазда или самоодбрана на домот...кои се природни процеси. Зошто не одиме голи, зошто не убиваме според наши убедувања, зошто...во име на природата и процесите ....Што е природно, освен она што постоело во првобитните заедници пред формирање на бракот и општеството? Велите да се вратиме наназад кон тој период? Многумина ќе изумрат пошто постоеле и други законитости во тие заедници.
Според книгите не се воспитува и расне семејство и деца. Мислам не на оние од кои се црпат вакви идеи и филозофски мудрости, трактати и расправи. Не се зема од такви книги (освен као прирачник за капење и хранење на детето) туку од искуство од постари и од сопствено знење и времено искуство. Ни Спиноза нит Блејк ќе те научат да одржиш, воспиташ и продолжиш семејство...и ја на ваши години (или пред да се женам) бев по некои такви дела, но подоцна видов дека не е баш така.
А и тие книги ...не случајно најпознатите, најприфатени и најдобри дела исполнети со фиктивни ликови и реални историски личности се токму врските помеѓу маж и жена (можи ќе се протне некое друго дело, но не како процес и правило) инаку ...Тристан и Изолда, Грегор и Аксинија, Ромео и Јулија, Парис и Елена, Ростова и Болконски, Вилма Лумис и Бад, Ланселот и Гвеневир, Наполеон и Жозефина, (Со виорот) Скарлет и Батлер, Орфеј и Евридика, Клеопатра и Марко Антониј....
и покрај различниот "ментален склоп", низ историјата се паметеле, пишувале и ценеле вакви дела наместо љубов помеѓу 70-годишна жена и 17-годишно момче, 10 годишно девојче и 50-годишен маж, меѓу хермафродити, татко и ќерка, двајца браќа/сестри и слични папазјании.
Дали ги поддржуваш, сметаш за нешто добро, препорачуваш како природен процес овие последниве примери? Сите?