Во ред, еве, ќе бидам сериозна и нема да правам веќе метафори и да објаснувам аналогија, очигледно тоа не оди.
Значи, да се повторам, не велам во никој случај, дека да ја мразиш геј популацијата е комунистичко „нешто“, туку, да ги мразиш оние кои што имаат различна сексуална ориентација од сопствената само затоа што не се како тебе, е.Но, да ги оставиме идеолошките препирки настрана, за нешто да биде нормална појава треба да го ставиме во општествени рамки и да го направиме обично, по таа логика треба сите кои што се над или под тој просек да бидат пратени во концентрационен логор само затоа што не се нормални според општите принципи.
Хомосексуалноста не е болест, туку е сексуална определба, со претходниот пост сакав да ти потенцирам дека постои од кога постои самото човештво, не е модерен тренд или новопојавена болест, туку е определба, токму и како таква се класифицира.Не сум во план да те убедувам да ги сакаш и да пиеш кафе со нив или да им бидеш кум на свада, туку да разбереш дека исто како што Грците шират омраза кон Македонците само затоа што се Македоници, така и ти за нив шириш омраза само затоа што не се хетеро, а тоа не е одличје на некој кој што живее во либерално општество.Океј е да не ги сакаш, не е океј да ги навредуваш само затоа што не се палат на истите работи на кои ти се палиш.
ptomislav, во ред е кога мажот до смрт ја претепува својата сопруга и деца кога ќе си дојде дома пијан? Или на тоа затвараме очи затоа што станува збор за хетеро двојка?