Илузорно е да говориме за давање права и прифаќање кога самите не си ги барате.
Стрејтерите да ви ги извојуваат?
И на фантомски 10% од популацијата, отелетворени у Кочо, ќе ги даваме?
добар коментар !
Еден човен може најмногу да се застапува себе , свој права и гледишта а не да збори у множина .
Македонија има нешто више од два милијона граѓани Така ?
10 % се ни помалку ни повеќе 200 000 полнолетни гласачи !(еве и нека е пола од тоа да земеме )
Еј па ова ако е стварно така ако се организираат не ќе може да се формира Влада без нив . А ете се што видовме е ЕДЕН единствен човек .
Америка барем се организирале и политичари бараат од нив гласови оти се навистина многу . Ама не се кријат туку настапуваат организирано .
Тука се бараат права на нешто што во реалноста .....НЕПОСТОИ .
Кај било тоа да се носат закони само за еден човек ?
ada .... имаш добро видување на работите . Се согласувам со тебе .!
Сакам да кажам, дека љубовта меѓу мажите во тоа време, кои најголемиот дел го поминувале во војна, нема ништо допирно со хомосексуалноста, туку со братството, преданоста и лојалноста.
???????????
Македонците имале професионална армија значи сите мажи не биле војници .
Мислам дека имам читано негде дека отприлика во тоа време можеле да си приуштат најмногу 1- 2 % од вкупното население да бидат професионална војска која отсекогаш многу чинела , тоа воопшто нее ефтина играчка туку голем трошок .
Не го поминувале најголемиот дел од животот во војна ,Тоа биле битки и брзо завршувале .Кој ќе преживеал ....раскажувал .
И јас сум бил во војска ама таман работа некој да барал да се љубиме ,Во јна таквите веднаш биле отстранувани .
Малку нејасно е напишано :
од една страна се љубат војниците велиш а од друга немало никакви допирни точки со хомосексуалноста ??????????????????????????
Во професионална армија секој си ги извршува обрските и нема тука што љубење да има меѓу војниците .
.
..
.
Е КАКО ДА ИМ СЕ ЗГОЛЕМИ ПАТРИОТИЗМОТ ПРЕДАНОСТА ЛОЈАНОСТА НА ОВИЕ НАПРИМЕР :
ВЕСНИК ДНЕВНИК Број 2913 сабота, 18 март 2006
ТРЕНД ШТО НЕ СТИВНУВА
Јагма за бугарски државјанства
До Нова година, ви гарантирам, ќе ви биде прифатена молбата за бугарско државјанство, а пасош ќе добиете за година, година и пол. Побрзајте, зашто Бугарите ќе ги заострувале условите поради приемот во Европската Унија - да се знае бугарски, да се има постојано престојувалиште... Цената е 200 евра, 120 сега, а осумдесет подоцна. Најевтиното посредништво чинело 120 евра.
Ваков "совет" деновиве добиваат сите граѓани што се јавуваат на многубројните огласи во кои различни посредници нудат и гарантираат дека ќе ви средат да добиете бугарско државјанство. Во последно време најмногубројни се тие од Крива Паланка, а посредниците од Скопје се фалат дека веќе седум години работат успешно. Во Паланка напомнуваат дека поевтино се вади лекарското уверение, кое "кај еден приватник" чинело само 600 денари, а во главниот град за тоа се плаќало и до 1.800 денари. Освен лекарското, било потребно да се приложат две фотографии, извод од матична книга на родените и уверение за неосудуваност. Веќе не се барале изјави, односно докази за "бугарските корени", а странката во Софија треба лично да се појави најмалку двапати - кога ги поднесува документите и кога треба да го земе државјанството.
- Во Дирекцијата за Бугарите во странство документите се примаат во понеделник, вторник и во среда. Во Софија не чека човек, кој ќе ни помогне, а прво одиме кај нотар за да потпишете полномоштво и потоа да ги предадете потребните документи. Превозот е наш, вие во ова прва фаза треба да платите 120 евра, а подоцна уште 80.
- Се зборува дека до Нова година сите барања ќе бидат одобрени, а потоа ќе се прави селекција - вели еден посредник.
Најважен услов, нагласуваат посредниците, е презимето на барателот да завршува на "ски" или на "ов". Според нив, заинтересираните што имаат типично албанско или српско презиме немаат речиси никакви шанси да добијат бугарско државјанство.
Точната бројка на граѓаните од Македонија што досега добиле бугарски државјанства не е позната. Извесно е само дека во последните години се поднесени илјадници молби. Најмногу граѓани ги поднеле барањата заради можноста со бугарски пасош слободно да патуваат во земјите-членки на Европската Унија.
- Бев некни во Софија и однесов 60 молби за државјанства. Откако се занимавам со оваа работа досега сум извадил 1.200 државјанства. Нека не ве мамат тие од Крива Паланка дека лесно ќе ви завршат работа бидејќи не знаат оти сите документи треба да бидат напишани на бугарски јазик - објаснува еден "скопски" посредник.
Посредниците нуделе и варијанта според која бугарскиот пасош можел да се добие за само шест месеци, но во тој случај тарифата била 1.000 евра..
...
http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2913&stID=67310.
.
.
.
Е во оваа групација спаѓаат и Бегалчињата и они некако не се чуствувале
баш како Македонци во последните 50 години па сега ќе биле Грци малце така повеќе
.
.
Сител телевизија
11.06.2009, 18:48
БЕЗ ГРЧКО ДРЖАВЈАНСТВО - ИМОТИ НАЗАД НЕМА
ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ВО ГРЦИЈА ПО ИЗВОДИ ОД МАТИЧНИ КНИГИ
Грците на странци имоти не враќаат. Ниту еден Македонец од егејскиот дел нема да го добие својот имот назад ако нема грчко државјанство, велат од Здружението на деца бегалци.
Бројот на поднесоци за враќање на имотите порасна на 7.000, но засега сите се заглавени во судските постапки Егејците велат стратегијата мора да се промени.
Прво двојно државјанство, а потоа имоти. Во моментов најбитно е да добијат изводи од матична книга на родените.
Во борбата за своите права децата бегалци добија и засилување. “Македонска зора” е ново здружение кое го формираа потомците на Македонците од Егејот. Велат ние сме Македонци, но за другите никогаш не престанавме да бидеме и Егејци.
Преку контакти и лобирања ќе се борат за правата на нивните баби и дедовци.
- Ние строго ги осудуваме тие нивни постапки со кои Грците негираат дека има Македонци во егејскиот дел. Сакале тие или не, ние имаме народ, нација имаме јазик и не можат да не негираат, затоа и го фомиравме здружението и ги повикуваме сите здруенија во Македонија заеднички да се избориме за нашите права - вели Евгенија Николовска.
- Ќе се залагаме за враќање на имотите на протераните од егејскиот дел, како и за правата да се стопанисува со тие имоти - вели Ристе Тасев.
“Македонска зора” засега има околу 50 членови, и активно комуницира со партијата на Македонците во Грција Виножито.
.
.
.
. . . .
http://209.85.129.132/search?q=cache:8jabMZXzk7QJ:www.sitel.com.mk/?ItemID=237D92D103DD504BB131DFB0BFAF43BD+здружение+Македонска+зора+двојно+државјанство&cd=2&hl=mk&ct=clnk&client=opera