К-15 Репродукција

  • Креатор на темата Креатор на темата Annabel
  • Време на започнување Време на започнување
Лелее, под итно би одел сега да им ја запалам зградата на К-15 (или барем касетите со аудициите на Репродукција). :nerv:
Добро бре, емитуваат ли тие нешто освен ова?
 
Тапа некако...
Дури и луѓе шо ги знам лично, што со нив се мочаш од смеење, тапа се претставиле на аудицијава; што од трема, што од премногу имитирање на миле/тошо, што од претставување само со кажување вицови. :/
Женските па, мувли невидени. Или хуморот им е бајат од шеестреќа, или се налудничави, или глупави. Само една ми се свиѓаше, многу шарманто и харизматично девојче! Штета што ја исекле на клипчево, изведе добри имитации на Цаци Паковска и на онаа што се лигави на радио, како и да се викаше :)
 
Добар човек кој го мени гласо мислам дека донекаде заслужува да биде, али не како ЛЕГЕНДИТЕ !!


http://www.k-15.com.mk/videa.asp?id=35

Oвој исечок од неговиот 20 минутен настап покажува само 1/100000 од способностите на Момир да те насмее :)

Имитациите на Чомовски и на Роки му се прајслес.

 
Никој не ми оставил некој посебен впечаток. Дали правите не го начекувам или не знам што е работава ама смешни ми се од што се несмешни(так да се одразам).
Све имитираат секвенци од скечови и тоа што не го имитираат добро, а не ни верувам дека ќе им донесе нешто посебно популарност.
Тие па со свои авторски гачки или не знаат како да ги одглумат или не им се смешни.
и зашто фор фак сејк сите запнале да имитираат албански нагласок. :\
Бапчо жири го гледам и ми се плаче....абе вратете го него само во скечовите и се ви е наредено, нема потреба од аудиции никакви, чат-пат некој гостин пример Тони Михајловски или Ванчо Петрушевски не е битно од прилика кажувам(колку да се освежи малце), било кој смешен глумец и чао пријатно.
 
http://k-15.com.mk/videa.asp?id=319
еве го лично мојот фаворит....
ТРАЈЧЕ ТАНЕВСКИ со реден број настапувашее....19048
:helou: Не е лоша идеава да се наоѓаат таленти кои ќе не смеат...ама дека некој ќе ги замени...никад...
а добро би било кога пак би се вратил ЏАФЕР со нив:pos2::pos2::pos2:
Поголем ѕвер од тој мислам дека нема:pos2:
 
Не го гледам ова па немам ни еден фаворит а зошто?Зошто за К15 (Миле,Тошо и Цаци)нема замена такви луге(ликови)не се рагаат пак во нашето поднебје во наредниве 10 години.
 
Ги гледам полуфиналистите и Стојна владее, секоја ѝ чест.

Еве го првото видео со неа.


Штом ќе го има најновото со полуфиналистите ставете го овде, навистина е одлично.
 
Иии ја забележав.. Топ е, девојчево. Ја бива.

И Момир од Кавадарци ми е фаворит
 
Ги гледам полуфиналистите и Стојна владее, секоја ѝ чест.

Еве го првото видео со неа.


Штом ќе го има најновото со полуфиналистите ставете го овде, навистина е одлично.

Многу ретко ги гледам аудициите, ама оваа случајно ја фатив, ептен е закон. :cuc:
Се надевам дека ќе влезе во тимот, заслужува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom