Изневерувањето на било кој принцип не може да биде причина да се напушти МНИ(Македонската Национална Идеологија) како што јас понекогаш го нарекувам ВМРО-ДПМНЕ.Ако понекогаш се изневери она за што се залагал поединецот од повисоките партијски истанци,сепак тоа не е причина да се излезе од партијата.Поединецот може едноставно своето членство да го стави во мирување,ама никако не смее да ја напушти партијата само заради моменталните превирања и погрешни постапки на моменталниот врв во самата партија,или доколку е моќен треба и може да формира сопствена фракција која ќе ги застапува неговите интереси и неговата идеологија ама исклучиво внатре во самата партија.Секое излегување и формирање на нов политички субјект со слично име значи само чисто забодување нож во грб на сопствената дотогашна политичка определба или Македонската Национална Идеологија(ВМРО-ДПМНЕ) како што е во случајов со ЉуБчо,Љубе па и многумина други наши современици но и поранешни политички истомисленици.
Токму тука е парадоксот на самото раководење во ВМРО-ДПМНЕ,сите кој од било каква причина треба да ја напуштат сопствената раководна функција во самата партија,бараат и наоѓаат сопствена замена (пандан),кој ќе ги застапува неговите дотогашни интереси и идеи без разлика колку тие биле штетни за самата партија и за другите членови во истата.Не велам дека тоа не се случува и во другите политички субјекти во Македонија,ама во ВМРО-ДПМНЕ тоа е очигледно поизразено и поочигледно.Факт е дека Гвујо го намести ЉуБчо за председател,сметајќи дека членството лесно ќе ги проголта и свари сите дотогашни негови “блувотници“,без разлика дали биле тие од типот на ОКТА,Телеком,ФЕНИ или било која друга финансијска малверзација,во што очигледно се заеба.
Парадоксот е и во тоа што членството,претежно она помладото слепо му верува на лидерот,ама толку слепо што дури и не согледува колкава штета прави самиот лидер на партијата со своите хирови и погрешни постапки,особено при изборот на кадри и блиски соработници.Па во моментот кога ќе почне да му се намалува неговиот рејтинг,веќе е доцна да се спасува и самиот политички рејтинг на целата партија која ќе мора да потроши неколку тешки години за враќање на првобитната позиција но и на самата политичка сцена.Тоа се случува со ВМРО-ДПМНЕ повеќе од 100 години,и токму затоа треба да се смени целокупната матрица за претерана и “слепа“ доверба во лидерите кој се само привремено решение,кое не треба да се сфати од вистинските членови како трајна и вечна определба на самата партија,без разлика дали тие се викале:
-Татарчев,Михајлов,Ѓорче,ЉуБџо или Грујо.......
Партијата ВМРО-ДПМНЕ како идеологија не може и не смее никогаш и од никого да се разбере како нивна лична сопственост,а вистинските и прогресивни членови не смеат никогаш да му веруваат толку слепо на лидерите и секогаш да стојат зад неговите понекогаш толку штетни и погрешни лични мислења и начини на водство во самата ВМРО-ДПМНЕ идеологија.