Каде може да најдам? (Општи прашања)

Член од
13 август 2010
Мислења
22
Поени од реакции
5
Добро бе луѓе, има ли некоја асална нормална продавница во Скопје, со убави парчиња облека, ееее! Или бои без везе, некои си цудни нијански, или материјал за една употреба, или цени wow! теее, па порано мислам дека имаше пристојни бутици, бар по помалите градови уште можат да се најдат, за сечиј вкус да се најдат парчиња облека, а сега се е или под шаблон, како калиопе, фиори, или таканаречени кинески во корпи... Па дајте набавувачи имајте повеќе смисла за стил! Ќе почнам сама да си шијам облека, озбилно!
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Kaj да најдам восочни бои ?? Или некои други (за цртање по ѕидишта)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.744
Поени од реакции
12.199
Нешто темата совети за коли е затворена па да прашам овде.

За ваква Астра 1996 хечбек
2u7xbhx.jpg

ми треба моторче на заден брисач кој изгледа вака (ако нешто ви значи изгледот)

dpuut4.jpg

Побарав во продавниците на битпазар и чаир, немаат. Немаат ниту во Бутел и пред Радишани (кај што расклапаат опели). Во официјалните не барам пошто цената е околу 150 евра и нагоре (за тие пари плус 2000 евра ќе купам уште една таква :) ).

Значи некоја друга продавница (освен овие бутел, чаир, битпазар, радишани и четирите официјални) за нови делови за опел или кај што расклапаат опели (за на старо). По можност низ Скопје и околината
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Побарав во продавниците на битпазар и чаир, немаат. Немаат ниту во Бутел и пред Радишани (кај што расклапаат опели). Во официјалните не барам пошто цената е околу 150 евра и нагоре (за тие пари плус 2000 евра ќе купам уште една таква :) ).

Значи некоја друга продавница (освен овие бутел, чаир, битпазар, радишани и четирите официјални) за нови делови за опел или кај што расклапаат опели (за на старо). По можност низ Скопје и околината
За моторчето- имаш повеќе продавници за авто делови у К.вода на Чешма, кај Макси Д, моеш таму да провериш :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.744
Поени од реакции
12.199
За моторчето- имаш повеќе продавници за авто делови у К.вода на Чешма, кај Макси Д, моеш таму да провериш :)
Тоа му доаѓа негде кај општината, тинекс...таму негде отприлика според мапата? Ќе ги проверам, фала
 

SorrowSearcher

abandoned
Член од
1 јануари 2010
Мислења
37
Поени од реакции
0
Некој да не знае случајно кај може да најдам вакво палто


Фала однапред.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.471
Поени од реакции
7.924
Kaj да најдам восочни бои ?? Или некои други (за цртање по ѕидишта)
Направи обиолка по книжарници и големи маркети :) У краен случај SEWA на плоштад кај Тренд имаат се и сешто за ликовна уметност :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.376
Kaj да најдам восочни бои ?? Или некои други (за цртање по ѕидишта)
Ако те интересира баш Street art имаш посебна продавница во Т.Ц. Лептокарија се вика Influence и продаваат спрејви за графити и такви ствари.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.744
Поени од реакции
12.199
Кај се најдува зградата на Лумикс во Скопје? Заради ова прашувам.
Лумикс е пред стара стоковна Скопје, на излезот од ГТЦ (или испред ЕВН, исто е)

ова со моторов јако е
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Ако те интересира баш Street art имаш посебна продавница во Т.Ц. Лептокарија се вика Influence и продаваат спрејви за графити и такви ствари.
Не мислев сега на стари години да почнам со графити :pos2: Ми треба за во соба да цртам на на ѕид..
Tonchie ми даде добра идеја :)
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Не мислев сега на стари години да почнам со графити :pos2: Ми треба за во соба да цртам на на ѕид..
Tonchie ми даде добра идеја :)
Про Графика и таа спроти неа на аголот што е има добар избор на материјали за разни техники.
А пред некој ден видов една продавница (за мене е нова а можеби не е) позади Аеро клуб ... поточно од задната страна на Пјаца Либертас во аголот. Ми делува како да има она што ти го бараш, но не сум сигурен што точно продаваат (ова е чисто впечаток по изгледот на излогот). Ако некој знае која е и за што е таа продавница нека ме корегира.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom