Утре средба за укинување на визниот режим

  • Креатор на темата Креатор на темата canastaa
  • Време на започнување Време на започнување
Абе тие ќе се сретнат утре ама што ќе произлезе од таа средба останува да почекаме до утре.
Но да се надеваме на добри вести, иако чисто сумњам дека ќе се случи нешто добра за нас,овие булашиве од ЕУ пак ќе измислат некоја незавршена домашна задфача да не откачат до недоглед.
ајде до утре добар ни сон.......................:helou::helou:
 
Ме радува фактот што Русија конечно се вклучи во решавањето на Македонското прашање,па според денешната изјава на Рускиот амбасадор во земјава,треба да се откажеме од НАТО доколку сакаме Македонија да си остане Македонија со Македонски народ во неа.:smir:

За тоа ли овие не го дружеа па го седнаа сам од десната страна на Бранета?
 
Ме радува фактот што Русија конечно се вклучи во решавањето на Македонското прашање,па според денешната изјава на Рускиот амбасадор во земјава,треба да се откажеме од НАТО доколку сакаме Македонија да си остане Македонија со Македонски народ во неа.:smir:
Рускиот амбасадор не е толку загрижен за македонското прашање и неговото решавање/нерешавање, туку поради глобалното проширување на НАТО алијансата.

Од таа појдовна точка е и денешната негова изјава.
 
Надевам се утре да чуеме дата за започнуване на преговорите со ЕУ и отварането на првите глави.Надевам се утре да чуеме започнуване на процес по гласане за падането на визниот режим.Само незнам как ке го изгласат грците.
Пожелавам Ви утрe много срекja и дано стане се,както го сакате.
 
Рускиот амбасадор не е толку загрижен за македонското прашање и неговото решавање/нерешавање, туку поради глобалното проширување на НАТО алијансата.

Од таа појдовна точка е и денешната негова изјава.

Знам,само Македонија им е одлична основа за покажување на малку почитување барем во овие моменти,кога неуспехот на НАТО да ја припои Македонија под уставно име може да се претвори во одличен успех на Русија како единствена велесила која праведно ги штити и застапува основните човекови права на малите држави и нации како Македонската,еднакво со оние на големите и моќни држави.Плус двојната загуба би била и во ЕУ која се заплеткува во проширувањето само поради едно вакво апсурдно прашање како што е Македонското за да им удоволи на фашизоидните желби од одредени нејзини паразит-членки како што е Грција.:toe:
 
Ама “монополот“ останува ист,како со Телеком.:smir:



Ме радува фактот што Русија конечно се вклучи во решавањето на Македонското прашање,па според денешната изјава на Рускиот амбасадор во земјава,треба да се откажеме од НАТО доколку сакаме Македонија да си остане Македонија со Македонски народ во неа.:smir:

Треба да се разгледаат сите опции :)
 
Треба да се разгледаат сите опции :)

За добро да се разгледаат изгледа ќе бидат потребни нови парламентарни избори како што предвидов од политичките збиднувања пред две-три недели.:toe:
 
За добро да се разгледаат изгледа ќе бидат потребни нови парламентарни избори како што предвидов од политичките збиднувања пред две-три недели.:toe:

Ама и нови актери на политичката сцена. Постоечкиве се ограничени со НАТО ЕУ дрн..дрн :)

Милошоски ќе се сретне со Оли Рен

Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, ќе престојува во работна посета на Европската комисија во Брисел. За време на престојот тој ќе се сретне со комесарот за проширување Оли Рен.
На средбата ќе стане збор за процесот на пристапување Македонија во Европската унија, за напредокот во спроведувањето на клучните приоритети од Пристапното Партнерство и перспективите за започнување нова фаза во односите со Унијата со отворање на пристапните преговори. На средбата ќе се разговара и за укинувањето на визниот режим на Европската Унија кон Македонија, во светлина на спроведувањето на Патоказот за визна либерализација и оценските мисии коишто ги реализираа експерти од земјите-членки и Европската комисија во Македонија во првото тромесечје од годинава.
Според агендата, како што информираат од министерството, министерот Милошоски ќе се сретне и со генералниот директор во Советот на Европската унија Роберт Купер.
Извор http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=54330&kategorija=3
Попладнево ќе видиме на кај оди работава.
 
Seto ova mi MIRISA na eden obicen razgovor vo koj ke nema konkretni DATI i ZAKLUCOCI...

Mislam deka ovaa sredba e malku prenapupana i deka voopsto nema DENES da se znae dali ke dobieme datum za pregovori ili bezvizen rezim...

Mislam deka muabetot ke se svede na: DOBRI STE, PRODOLZETE TAKA, VIE STE LIDER VO REGIONOT...Ke BIDE...

A od druga strana se pocesto ne stavat vo isti kos so Srbija i Crna Gora , pa duri i Albanija i Bosna...
 
Денес ќе се видат контурите на процесот. Јас лично не очекувам многу околу датум за преговори, но сметам дека конечно ќе дознаеме дали визната либерализација ќе се сведе на технички процес (исполнети услови) или политичка одлука (гејлада, германија и франција нивната кампања за еу избори, демек финансиска криза итн.):toe:
 
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=107497

Македонија ќе добие препорака од Европската комисија за укинување на визите - ова денеска во Брисел го изјави еврокомесарот за проширување Оли Рен.

„Земјата направи добар напредок во исполнувањето на условите за визна либерализација. Комисијата наскоро ќе препорача визна либерализација за земјите кои ги исполнуваат условите. Не е тајна дека Македонија е меѓу најдобрите земји кои ги исполнуваат критериумите“, изјави Рен.
Според Рен, за добивање датум за преговори потребни се дополнителни напори во реформите на администрацијата, судството и борбата против корупцијата.
„По изборите ќе ги удвоиме напорите во реформите на судството, борбата против корупцијата и администрацијата, како и зголемување на сите државни капацитети за интегрирање во ЕУ“, рече Милошоски.
По задоволително спроведените избори во Македонија, еврокомесарот за проширување оцени дека по изборите се отвора можност за конечно решавање на спорот со Грција.
„Оваа година може да се реши долгиот спор за името, сега кога властите се консолидираа, од нив имаме големи очекувања мудро да се вклучат поактивно во решавањето на спорот со Грција“, вели Рен.
„Кога зборуваме за името, сакам да потцртам дека наша цел е да се постигне балансиран и не едностран предлог кој на грчки и македонски јазик ќе биде преведено како компромис за двете страни“, рече Милошоски.
Конечната оценка од Европската комисија за визна либерализација се очекува на средината од мај, а во јуни истата препорака да ја потврди и Советот на ЕУ.
Доколку се исполнат и барањата за непартиска и непристрасна јавна администрација, независно судство и поефикасна борба против корупцијата, во октомври Комисијата ќе даде позитивен извештај за напредокот на Македонија и датум за преговори.


Ај баш да видиме...
 
Како што претпоставував либерализацијата е веројатна. Оли Рен и европската комисија препорачаа либерализација. Во Јуни бабилонската ку*ва ќе донесе формална одлука. Ќе видиме дали прашањето ќе прерасне во политика.
За преговори лично мислам дека тешко ќе оди од добропознати причини.
 
пааа...бидејќи знам дека меѓу македонците нема до толку глупави луѓе , тогаш останува констатацијата дека сте ептен наивни.....ко мали бебенциња.....бидејќи веќе и на оние од забавиште јасно им е како бел ден ДЕКА НЕ ЗАЕБАВААТ.....!!!
 
пааа...бидејќи знам дека меѓу македонците нема до толку глупави луѓе , тогаш останува констатацијата дека сте ептен наивни.....ко мали бебенциња.....бидејќи веќе и на оние од забавиште јасно им е како бел ден ДЕКА НЕ ЗАЕБАВААТ.....!!!
Истомисленик. Како што кажав претходно, мислам дека многу добро знаат што би донело пагањето на визниот режим.
 
А да укинат визи само за граѓаните од албанска вероисповед?
И така нив ги сакаат, а нас не дупат цело време.

Гарант на многумина ќе им се допадне ова.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom