- Член од
- 8 април 2008
- Мислења
- 6.419
- Поени од реакции
- 777
Руфи Османи бара промена на Уставот
Кога Македонија ќе биде дел од НАТО и од ЕУ, би исчезнале сите стравувања и фрустрации на Македонците дека се загрозуваат интегритетот на државата и нивната иднина, вели Османи
Руфи Османи по 12 години со триумфална победа во Гостивар се врати на голема врата на политичката сцена, на истата позиција од која, како што вели, државата на недемократски начин му го одзела мандатот.Османи за „Дневник“ открива дека во политиката се враќа и со предлог за нов договор, според кој, Македонија треба да биде конститутуирана како држава на македонскиот и на албанскиот народ.Иако барањето за рекомпонирање на Уставот најверојатно ќе предизвика бурни реакции во јавноста, тој вели дека има трпение и дека е убеден оти за одреден временски период новиот договор ќе биде остварлив. Османи смета дека кај граѓаните созрева свеста за конечно затворање на тоа прашање.
* Дали Вашето враќање во политиката ќе резултира со формирање нова партија?
- Претходно немаше реален простор за мое враќање, поради девијантните појави на изборите во 2006 и во 2008 година.Но,проценив, а тоа го докажаа овие избори, дека државата одлучила на овие избори да не дозволи насилство и злоупотреба на изборните органи и на полициските структури. Моите прогнози се покажаа реални, а за тоа имав и голема гаранција од меѓународниот фактор, но и од Владата. Партијата што ќе ја основам, според ориентацијата, ќе биде во центарот, а ќе ја промовирам во периодот поврзан со следните парламентарни избори. Приоритет ми е да ја реализирам изборната програма, да докажам дека со општината може да се менаџира многу поквалитетно и да создадам основа новата политичка опција да биде прифатлива за сите граѓани.
* На изборите соработувавте со Имер Селмани. Дали планирате и понатаму да дејствувате заеднички?
- Во албанскиот политички блок има атрофија на постојните партии. Ако ја анализираме ДПА, таа освен во Тетово, во сите општини ги изгуби изборите. Нова демократија на Селмани постигна квалитетни резултати на претседателските избори, но оствари минимални резултати на локалните. ДУИ ги изгуби Тетово и Гостивар, што докажува дека таму е запрен процесот на внатрешно реформирање и понуда на нови кадри. ДУИ реално почнува да го губи кредибилитетот поради албанското востание во 2001 година. Затоа е потребна нова партија, која ќе се заснова на нови и квалитетни кадри, кои ќе доаѓаат од интелектуалната и универзитетската фела и ќе понудат нова алтернатива, не само во меѓуетничките односи и во соодветното регулирање на уставно-правниот статус на Албанците, туку и ќе преземат одговорност на државно ниво. Со Селмани имавме коректна индиректна соработка. Но, мојата иницијатива нема да биде поврзана со партијата на Селмани. Претендирам во партијата што ќе ја основам да ни се приклучат луѓе од друга идеолошка провиниенција во однос на луѓето што сега се во НД. Партијата веќе ја конституирав на локално ниво. Ќе биде претежно граѓанска, но ќе мора да ги има предвид и националните прашања бидејќи, мора да признаеме, во Македонија тие не се апсолвирани до крај.
ДРЖАВА НА ДВА НАРОДА
* Дали тоа значи дека не сте задоволни од положбата на Албанците во Македонија и од спроведувањето на рамковниот договор?
- Албанскиот народ во Македонија, според Уставот, има меѓустатус. Статус помеѓу национално малцинство и конститутивен народ. Јас би го нарекол статус на националност. Оттука, нашиот стремеж и идниот договор, за кој јас верувам дека ќе се реализира, ќе биде Македонија да биде конституирана како држава на македонскиот и на албанскиот народ. Идејата е правата и обврските на колективно ниво да бидат еднакви и со тоа да се затвори ова прашање. Не сум поборник за територијализација на Македонија, за федерализација или конфедерација. Идејата е на централно ниво да изградиме институции што ќе ги постават на исто рамниште можностите, правата и обврските. Охридскиот договор дефинитивно е преодно решение, кое е веќе надминато. Новиот договор, кој би се направил за ново уредување, ќе биде демократски договор, заснован на широк консензус - граѓански, национален и меѓуетнички.
* Значи, предлагате бинационална држава, промена на Уставот и редефинирање на државното уредување?
- Македонија би била конститутивна држава на македонскиот и на албанскиот народ и на другите народи и заедници што живеат во земјава. Главните колективни права, како на пример, употребата на јазикот, соодветната етничка застапеност и правото на вето за национални интереси, би се донесувале со претходен консензус на претставниците на поголемите заедници, почитувајќи ги правата и на помалите заедници. Овој рецепт постои. Такви решенија има. Со тоа би се зачувал унитарниот карактер на државата, а истовремено правата би биле институционализирани на сите нивоа. Охридскиот договор овозможува парцијални права на парцијални нивоа и во одредени ситуации. Во суштина се работи за генерализација на правата и на обврските. Така функционираат Швајцарија, Белгија, а и поранешна Југославија.
ОБЕДИНУВАЊЕ НА АЛБАНСКИОТ БЛОК
* Какви односи имате со претседателот во заминување Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски, со поранешните сопартијци Арбен Џафери и Мендух Тачи и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети?
- Со Црвенковски се видовме само во 1997 година пред да се случат трагичните настани во Гостивар, кога му понудив компромис, но тој одби. Оттогаш не сум имал никаков контакт. Ние сме на различна бранова должина и немаме допирни точки. Со Груевски се познаваме како економисти од порано. Во меѓувреме имавме неколку куси средби. Всушност, со него еднаш се видов откако е премиер, а средбата беше посветена на изборите, за да бидат фер и демократски. Имаме допирни точки во економската, а делумно и во политичката програма. Но, позициите ни се различни. Јас сум само локален градоначалник, а тој е претставник на најголемата партија што управува со државата на сите нивоа. Расположен сум институционално да соработувам со Владата поради реализација на програмите што се за доброто на сите граѓани.
Со Ахмети од 2001 година досега контактираме одвреме-неавреме. Со ДУИ, иако бевме жестоки конкуренти на локалните избори, очекувам институционално да соработуваме. Со претставниците на ДПА не сум контактирал повеќе од 10 години. Не се исклучува можноста за соработка со ДПА на локално ниво, но и со другите партии од албанскиот и од македонскиот блок. Избран сум како независен кандидат и ќе претендирам да бидам претставник на сите граѓани. Денеска сум друг човек, кој не гледа со предрасуди на своите претходни конкуренти и противници. Во зависност од политичките процеси што ќе се случуваат, расположен сум за коректна соработка за решавање на проблемите на локално и на државно ниво, ако евентуално се бара тоа.
* Со оглед на слабата комуникација со Тачи и со Ахмети, дали сам ќе ја туркате идејата за нов договор?
- Прашањето е поставено предвреме. Се' уште немам партија и не сум победник во албанскиот блок. Ова се размислувања за нешто што ќе треба да се случи. Овие стремежи и барања се стари уште од времето на ПДП од 1991 година. Редефинирањето може да се направи демократски во одреден временски период, кој може договорно да биде определен од претставниците на двата народа. Ова барање ќе треба да се анализира во контекст на интегративните процеси.
* Сте размислувале ли колку Вашиот предлог ќе ги иритира Македонците?
- Кога Македонија ќе биде дел од НАТО и од ЕУ, би исчезнале сите стравувања и фрустрации на Македонците дека се загрозуваат интегритетот на државата и нивната иднина. Барањето ќе мора временски да се алоцира и само од таа гледна точка е реално можно. Но, за да се реализира, ќе мора албанскиот политички блок да се унифицира. Ако се постигне консензус, тоа ќе придонесе за стабилизација и развој на државата.
КОМПРОМИС ЗА ИМЕТО
* Каков е Вашиот став за проблемот со името? Потребен ли е компромис?
- Наш приоритет мора да биде компромис со Грција. Македонија, од земја што во 1991 година беше на исто рамниште со Словенија, денеска, за жал, се мери со Косово и со Босна и Херцеговина. Наш интерес е да направиме компромис заради економскиот просперитет и нашата иднина. Компромисот можеше да се постигне и порано ако не се направеа некои отстапки од неколку власти и ако немаше провокации кон Грција. Власта ќе мора да ја преземе одговорноста и да даде конкретни предлози, кои би биле прифатливи за двете страни. Тоа би значело компромис за името. Има неколку решенија што нема да влијаат на националниот, културниот и на јазичниот идентитет. Мора да се бара и квалитетна поддршка од САД и ЕУ заради процесот на интегрирање во НАТО, да се укинат визите и да оди напред процесот на интегрирање во ЕУ. Очекувам дека до компромис би можело да дојде в година, откако во Грција ќе завршат парламентарните избори.
Но, независно од тоав сметам дека пристапот на Владата и на претседателот ќе мора да бидат многу поактивни, треба да се повлечат од потези што беа направени, а кои Грција ги смета за провокации, како што се именувањата на аеродромот и на автопатот. Дилемата дали Македонците се антички или се словенски народ, според мене, треба да ја расчистат Македонците. Тоа треба да биде интелектуално, а не политичко прашање. Неопходен е компромис за името оти ситуација статус кво не одговара никому, а особено не на власта и тоа поради економската криза, која веќе сериозно се чувствува и во Македонија. Мислам дека јавноста е подготвена за компромис за името. Ако не може да се дојде до компромис, потребно е тој да се наметне од највлијателните меѓународни фактори како што се наметнуваше и во изминатиот период во Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово и во Македонија во 2001 година.
* Според Вас, дали власта добро ја управува економската криза, ако се имаат предвид расходите за реклами, скулптури и за нови објекти?
- Во досегашниот мандат на премиерот се постигна пораст на БДП и на платите. Тоа што не е во ред во макроекономската политика е големиот пораст на јавниот сектор и буџетското трошење, кое расте со поголема динамика во споресба на растот на приватниот сектор. Проекциите за годинава реално не е можно да се реализираат и убеден сум дека со ребалансот на буџетот ќе мора да се ревидира и макроекономската политика не само за 2009 година, туку и за наредните пет години. Ревизијата ќе мора да оди преку поголемо скратување на тековните буџетски трошоци, особено во нестопанските инвестициски зафати. Ако во време на криза може да штедат населението и фирмите, уште повеќе ќе треба да штедат државата и Владата. Владата ќе мора да направи ревизија на сите проекции и да ги ориентира слободните пари исклучиво во продуктивни економски инвестиции. Дел од мерките што ги презеде Владата даде резултати, но не се доволни. Време е да се размисли за нови подлабоки мерки преку скратување на трошоците, дополнително намалување на даноците, дополнителни олеснувања на економскиот сектор и директна поддршка на извозниот сектор. Овие мерки ќе треба да се спроведат особено во оние гранки од економијата што вработуваат поголем дел од граѓаните, а кои се драстично погодени од економската криза и од ценовните диспаритети на меѓународните пазари.
Гостивар со долг од 10 милиони евра
* Вашиот претходник, градоначалникот Невзат Бејта, го нарековте предводник на урбаната мафија. Имате ли докази за тоа?
- Општината е во катастрофална финансиска состојба со долг од три милиони евра. Во двете јавни претпријатија има долг од 7 милиони евра или вкупно 10 милиони евра, што значи колапс на јавниот сектор во Гостивар. Во тек е интерна ревизија, а наскоро ќе ангажирам и независни ревизорски куќи, кои ќе направат целосна ревизија на урбанизмот, финансиите и на јавните набавки. Останувам на констатацијата дека мојот претходник бил предводник на урбаната мафија. Откако ќе се констатира одговорноста за девијантните појави, ќе го обелоденам тоа и како градоначалник ќе покренам постапки. Надлежните судски инстанци ќе одлучат за одговорноста на секој што бил вклучен.
Мариела Трајковска
Фото Слободан Ѓуриќ
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3F51F2B7042B0C4F8DB98D864CB6350F
______________________________________________________
пожелно е да се прочита цел текст ...
дали тоа намирисуваме нови апетити на албанскиот блок?