Спортскиот арбитражен суд во Лозана (Швајцарија) го одреди 13 ноември за почеток на сослушувањето на претставници од македонскиот фудбалски прволигаш Победа и Европската фудбалска унија (УЕФА)
Двете страни се рамноправни во докажување на аргументите, за разлика од претходниот процес во УЕФА, кога Унијата сама беше во улога на судија и донесе одлука да ја казни Победа со забрана за настап во евро куповите осум години, а доживотна суспензија добија претседателот на клубот Александар Забрчанец и капитенот Николче Здравески.
Судењето во Лозана е на барање на Победа, клуб кој смета дека без докази е казнет за наводно местење на натпреварот пред пет години во Скопје, со ерменски Пјуник (1-3), во квалификациите за ЛШ.
ЗНАЧИ, ОДИМЕ НА ПРОДОЛЖЕНИЈА!!!
Единствената разлика е во тоа што сега се е рамноправно, па така цел Прилеп се надева дека Победа ќе се извлечи и ќе ја докаже својата невиност, а и ќе добие некоја пара како компензација за уништувањето на нејзиниот рејтинг!!!