Z
ziko bt
Гостин
ПРИЛЕП НЕ Е ВЕЌЕ НАЈФУДБАЛСКИ ГРАД ВО МАКЕДОНИЈА
Кодош го уби градот Херој
Во Прилеп се гордееја со констатацијата најфудбалски град во Македонија. Имаше многу аргументи за таа пријатна за душата и суетата на вљубениците на бубамарата во градот на Крали Марко. Ама, веќе не е во конкуренцијата најфудбалски... Победа победи на конкурсот најнаместени натпревари. Победа стана првиот европски клуб казнет од УЕФА за лажирање на натпревари. Најфудбалскиот, гордиот ни шампион на државичката ни, осум години нема да може да настапува во кој било еврокуп, двајца негови членови доживотно се прогонети од најважната споредна работа на светот.
Прилепчани може да се жалат. Кое фајде? Можеби, казната ќе биде намалена или укината, но фактот дека резилот пукна, ќе остане. Победа е жигосана, а со Победа и македонскиот фудбал. Со македонскиот фудбал и Македонија.
Местела Победа. Мести цел свет, ама докази нема. Гавран на гавран око не вади. Како тогаш овие нашиве заглавија?
Затоа што сме такви какви што сме. Сите ја знаат приказната: што се тројца Македонци во планина. Едниот е војвода, вториот комита, а третиот - кодош. Кој бил главен информатор на УЕФА? Наш човек - или кодош. Предавник или шпион. Како сакате Тоа се обично оние кои за некој свој интерес (најчесто материјален, но може и идеолошки, идиотски, властољубие или реваншизам) без никакви морални скрупули продаваат се.
Ваквиот вид секс е познат оддамна на овие простори. Народски пренесено; Кој на кого, ако не својот на свој.
Е, тоа кодошите, бидејќи, нели, општеството ни е хумано, по некое време некој ги рехабилитира. Тоа се викало лустрација. Тоа е оној закон кој никако да мине кај нас. Неговото донесување би било рамно на масовно самоубиство.
Затоа благодариме до УЕФА. Сега знаеме кои сме, што сме и од кого да внимаваме. Таквите добро ги прозрел и легендарниот руски цар Петар Велики: "Не се плашам од непријателот, се плашам од пријателот". Преведено: од самонаречените ни патриоти.
Да не бидеме погрешно разбрани. Оние кои со своите (не)дела го извалкале името на Победа треба и затвор да лежат. Ама тука, кај нас. Дома. Вака, белиот свет се сити на нашата нехигиена.