Осумгодишна суспензија за Победа во Еврокуповите

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Eве како се “клецаме“ едни со други:

Осумгодишна суспензија за Победа во еврокуповите, доживотни забрани за работа во фудбалот за претседателот на прилепскиот прволигаш, Александар Забрчанец-Ацуле и екс-играчот на прилепчани и моментно нивни тренер, Николче Здравески.
Вака одлучи Комисијата за внатрешна контрола и дисциплина при Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) на вчерашното целодневно расправање за двократниот македонски шампион. Казната за Победа е последица од анонимната пријава, информации и сведочење на спортски новинари од Македонија. Обвинението и постапката се покренати врз база на податоци добиени од обложувалниците и изјави на очевидци. Прилепчани се товарат дека ги прекршиле принципите на интегритет и фер-плеј со манипулирање на резултатот во мечот со Пјуник во квалификациите за Лигата на шампионите во 2004 година (во Скопје загубија од ерменскиот состав со 3:1) поради што стекнале корист за себе и за трета страна. Финансиска казна за Победа не беше изречена вчера во седиштето на УЕФА во Нион, а од целиот случај е изземена Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) бидејќи спорниот меч беше во организација на УЕФА. Клубот од Прилеп сега има право на жалба до второстепената комисија во УЕФА. Рокот за обжалување на санкцијата што ја изрече Комисијата за внатрешна контрола и дисциплина е шест дена по примањето на одлуката во писмена форма.

„Разочаран сум“, беше кусиот коментар на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Харалампие Хаџи-Ристески, кој изјави дека во улога на главен сведок во вчерашниот распит во Нион се јавил Миленко Неделковски.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=179B49C6A9D7814A859FC82AB7D25058

 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
АБЦ ова е тешко обвинение за нешто во кое ништо незнаеш
еве ти еден пост па ти мисли што сакаш

http://milenko.com.mk/forum/showpost.php?p=11200&postcount=179

тоа што Ацуле и некои таму се идиоти не им е Миленко крив
и Хари ли најде да биде разочаран
па тој е прв што треба да јаде стапот
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
а зошто не е темава Апашите и местачите за своја финансиска корист и срам за Македонија -ПОБЕДА????
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
а зошто не е темава Апашите и местачите за своја финансиска корист и срам за Македонија -ПОБЕДА????
Затоа шо Цацко е крив, секогаш.
Фората е шо, некогаш - стварно е :)
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
а зошто не е темава Апашите и местачите за своја финансиска корист и срам за Македонија -ПОБЕДА????
епа финтата е иако сите ја знаат вистината па полесно им е да кажат дека некој друг им е крив
на Миленко не му текна да чепка по наместени натпревари туку УЕФА го прави тоа
а Миленко како спортски новинар кој е запознаен со случајот е повикан за сведок
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
taka i treba be budalo edna ne mu tebaat profiteri i lopuzi na fudbalskite klubovi tuku luge koi ke rabotat za fudbalskite klubovi i vo pravo e uefa da go kazni klubot
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Шо им е крив Миленко па сега. Цела Македонија знаеше како се мести, само прашање на време беше кога ќе дознае за тоа и УЕФА. И убаво вака една казна шо им тртнаа, нека бидат среќни шо не беше и поголема. Како шо кажа Алекс д грејт Миленко се јавува само како сведок во случајот шо сега да оди таму и да лаже ли
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
нормално е дека е у право ....
наместиле утакмица .... фанале кеш ... а некои „будали“ ќе навиваат за нив, горди на својот тим и ќе се чудат како изгубиле .... срам за Победа а не за некој друг кој ја кажал вистината ....
како ќе имаме сериозен фудбал во државава ако се местат утакмици за свои финанскиски интереси .... па нека му ја мислат другите дали ќе играат фудбал или ќе местат ....
кога одам на утакмица сакам да се гордеам со својот тим за кого навивам и сакам да победи ... а тие унапред намесетено за да изгуби .... срамота ...
па после ќе викаме немаме репрезентација добра и добар фудбал ... па немаме ...
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.956
:toe::toe:
Абе ние сами ако не се поебеме кој ќе не поебе??
Големиве клубови се утепаа од местење па никому ништо,нашиве една утакмица ќе наместат и одма по глава.
Инаку за кодошењето, тоа е нормална работа кај нас по принципот да му умре на комшијата козата.
 
Член од
27 март 2009
Мислења
445
Поени од реакции
14
Alal da mu e na Milenko za ova taka i treba da bidi.Pobeda treba da bidi kazneta ne samo za ovaj natprevar tuku i za mnogu drugi od domasno prvenstvo.FFM MAFIJA!!!
 
V

Viktoranius

Гостин
Секоја му чест на Миленко ако успеал да ги среди овие криминалци кои го уназадуваат македонскиот фудбал.

- Редно време е веќе да се стави крај и на Хари, и на цела компанија која стои позади него. Редно време е и македонскиот фудбал да почне да напредува, само што од такви како Хари и неговите потрчковци неможеме ништо да направиме.

Кодош Миленко? - НЕ! - Секоја му чест ако стварно сведочел против тие криминалци.
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
е вака ова сто го прави нашава федерација е страм за дрзавата срам за лугето кои живеееат за фудбалот јас сум претседател на фудбалски клуб кој игра во низок ранг последиците од овие апаши од ффм се чуствуваат дури и кај нас се форсираат само одредени клубови поединци и мафијаши е сега јас исто така и сум делегат на ффм и сигурен сум дек оваа багра ке ја тргнеме од ффм во мај е генералното собрание и ке има промена
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
АБЦ насловов на темава ти е тотален промашај :toe:

требало да пишеш Срамната ПОБЕДА и корупцијата во ФФМ поради која немаме асален фудбал .........
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
АБЦ ова е тешко обвинение за нешто во кое ништо незнаеш
еве ти еден пост па ти мисли што сакаш

http://milenko.com.mk/forum/showpost.php?p=11200&postcount=179

тоа што Ацуле и некои таму се идиоти не им е Миленко крив
и Хари ли најде да биде разочаран
па тој е прв што треба да јаде стапот
Нема што да мислам кога добро ги познавам сите кој ги споменува Миленко,а можам и да го запознаам со синот на Димче Прчако (поранешен директор на Победа) зошто овој е малку постар и веќе сенилен,всушност на тоа и ќе инсистирам,а Златко Прчако (синот на Димче) ќе сака да види кој го бара таткому од кодошиве Македонски како што е алергичен на нив зошто беше меѓу првите доброволци за одбрана на Македонија во 2001ва кога Миленко се криеше како “патриот“ по Грчките одморалишта.Инаку ако мисли Миленко оти овие станаа милионери јас гарантирам дека за Прчако е чиста лага,а и Ацуле не гледам дека е милионер во последно време,иако порано беше “недопирлив“.Во секој случај срамота за србоманот Миленко кој му се “вовлекува“ на Грујо со своите емисии “во домашна атмосфера“.Ќе биде интересно а и срамно за целата спортска јавност да се избламира Македонскиот фудбал со вакви кодовчиња како Миленко Неделковски,кој никако не сака да каже зошто падна во затвор пред 10тина години,кога Бранко не беше председател за да го амнестира.:smir:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.585
Кодош Миленко? - НЕ! - Секоја му чест ако стварно сведочел против тие криминалци.
Браво за Миленко! Тоа е чесен и честит потез да појде и да сведочи (а не морал). Така се брани Македонија од криминалот.

Само најискрено се надевам со средувањето на криминалциве, Македонскиот фудбал малку од малку ќе пркне.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom