ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 192
Eве како се “клецаме“ едни со други:
Осумгодишна суспензија за Победа во еврокуповите, доживотни забрани за работа во фудбалот за претседателот на прилепскиот прволигаш, Александар Забрчанец-Ацуле и екс-играчот на прилепчани и моментно нивни тренер, Николче Здравески.
Вака одлучи Комисијата за внатрешна контрола и дисциплина при Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) на вчерашното целодневно расправање за двократниот македонски шампион. Казната за Победа е последица од анонимната пријава, информации и сведочење на спортски новинари од Македонија. Обвинението и постапката се покренати врз база на податоци добиени од обложувалниците и изјави на очевидци. Прилепчани се товарат дека ги прекршиле принципите на интегритет и фер-плеј со манипулирање на резултатот во мечот со Пјуник во квалификациите за Лигата на шампионите во 2004 година (во Скопје загубија од ерменскиот состав со 3:1) поради што стекнале корист за себе и за трета страна. Финансиска казна за Победа не беше изречена вчера во седиштето на УЕФА во Нион, а од целиот случај е изземена Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) бидејќи спорниот меч беше во организација на УЕФА. Клубот од Прилеп сега има право на жалба до второстепената комисија во УЕФА. Рокот за обжалување на санкцијата што ја изрече Комисијата за внатрешна контрола и дисциплина е шест дена по примањето на одлуката во писмена форма.
„Разочаран сум“, беше кусиот коментар на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Харалампие Хаџи-Ристески, кој изјави дека во улога на главен сведок во вчерашниот распит во Нион се јавил Миленко Неделковски.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=179B49C6A9D7814A859FC82AB7D25058