Замката „Северна Македонија“ и катастрофалните последици

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
:oftopic:

АБЦ..... да не ти префрлија некоја пара од буџетот наменета за кампањите:vozbud::kesa:

......во секој случај ...добро вложиле. :smir:

Абе што вложиле,можеби кај нив во џеб,ме одраа со ова даноциве ебаго,фирмарини,забрани,струи и води по 30 пати поскапи одколку што ги чинат,инспекции и контроли секојдневно како на Волстрит да работам,дандиљо ми го зедоа,па едвај наоѓам време малку да поработам за иднината на својата држава,кога тие веќе не се кадарни ни една скапо платена кампања да направат како што треба.:toe:
 
Нема терминско ограничување на разговорите, доколку не се најде договор во првичниот временски рок спогодбата автоматски се продолжува на неопределен рок.
Гарфилд може да ме исправи доколку грешно толкувам.

Доколку спогодбата излегла од важност и “фиром“ само по себе би престанало да фигурира, бидејќи престануваат и обврските на нашата страна во разговорите.
Благодарам.:helou:
 
Ајде сите кои не сакате или не ви е важно да се идентификувате како Македонци од Македонија од држава Македонија со македонски јазик да дигнете два прста.
 
Замката „Северна Македонија“ и катастрофалните последици
Автор: Ристо Никовски

Во 1993 година, набргу по приемот во ООН, тогашна ЕЗ го запре нашиот извоз и ултимативно бараше на документите да се ставаат печати со референцата! Кај извозниците, особено во Министерството за земјоделство, настана паника. Не само од таму, се вршеше силен притисок да се прифати барањето на Брисел. За среќа, МНР (тогаш МОС) почна тешка битка со Брисел, која не смееше да се загуби. Шпанецот Матутес, кој беше комесар за транспорт на ЕЗ, ни го постави ултиматумот, а се знае кој стоеше зад тоа. Следуваа голем број контакти и телефонски разговори, но тој беше дециден: ако сакате извоз во ЕЗ, морате да ги смените печатите! Залудно му се објаснуваше дека е тоа против законите, дека повлекува кривична одговорност и сл. Кога видовме дека нема излез, одевме со блеф. Му порачавме: доколку се сменат нашите печати, се крши Уставот на земјата. Тоа не може никој да го направи самоиницијативно. Затоа Ве молиме да ни испратите писмо во кое ќе наведете: „Иако сме свесни дека со бараната промена се крши Уставот на вашата земја, доколку сакате извоз во ЕЗ, печатите на извозните документи мораат да бидат со референцата од ООН!”. Напишете ни го тоа, предложивме, и ние ќе го исполниме барањето!

Матутес повеќе не се јави. Забраната на нашиот извоз беше укината! Европа знае што значи прекршување на Устав, а случајот покажува дека ако не се бориш, душата ќе ти ја земат, без да трепнат. Особено ако си слаб и ранлив, како ние. Мораш да им го погодиш и речникот што го разбираат.

...

најарно ништо да не мењаме ... еден НАЈГОЛЕМ протест и да им кажеме чао на ЕУ и да им посочиме дека се уценувачи, угнетувачи и ни најмалце демократи....

Апсолутно се сложувам со првиот дел и сметам дека така треба да се постапи и сега: да им се плесне во лице на ЕУ дека се угнетувачи ако продолжат со тековната пракса на поддршка на Грција. И тоа да се кажува насекаде: дека ЕУ поддржува угнетување, сè додека стои на страната на Грција.

А, повторно, начинот на кој тоа ќе се направи е ист како и што се направил претходно: да им се бара да стават на хартија, со сите нивни меморандуми, печати и потписи, дека бараат една држава да си го прекрши сопствениот Устав, за да може да влезе кај нив.

Тоа е она што ние, всушност, цело време и го знаеме: бараат да си ја скршиме кичмата самите, кога веќе тие немаат правна основа тоа да го направат. Затоа се сите „преговори“, „разговори“, „предлози“, „медијации“ и слични губења на време и пари.

Со други зборови: едноставно одбиваме секаква промена на нашето уставно име и готово. Немаат веќе основа да ни наметнуваат што и да е, освен ако сакаат самите да ја побијат суштината на своето постоење. Тоа што тие ни го велат е: „Ако сакате ЕУ демократија, морате да постапите недемократски“.

Поразително за самите нив што се доведоа до овој степен на извитоперување. Па не е ни чудо: цело време ја поддржуваат Грција, која беше создадена со нивен амин и за нивни потреби, со внатрешно миење на мозоците на сите Грци („Вие сте Грци, Македонија е Грчка и од секогаш била. Букурешт 1913 всушност беше ослободување на античката Грчка територија. Протерувањето на нечистотијата што живееше таму беше добра работа, зашто се отвори простор таму да се населат Грци; протераните ионака не се Грци, па не се доволно вредни да бидат сметани за луѓе. Тито е крив, што нив ги нарече Македонци и што им измисли јазик, граматика, речник и целокупен фолклор во моментот штом дојде на власт во Југославија. Тоа што во 1949 на сила протеравме илјадници такви беше само доказ колку ја чуваме и цениме античката Грчка историја и колку сите оние што не се согласуваат со неа треба да исчезнат. Па ЕУ потекнува од нас, нели? Инаку не би нè создале, нели?“)



Додека ЕУ стои на вакви нозе, треба комплетно да се игнорираат сите нејзини барања и секој предлог за нашето име треба да се одбие. Единствена шанса да се спасат и да си вратат малку углед е Меѓународниот суд во Хаг да донесе пресуда во наша корист, што ќе значи дека ја почитуваат вистината и правдата. Тоа ќе повлече големи промени внатре во самата ЕУ, нормално, но барем ќе застанат на здрави основи, наместо да ја гушат вистината во име на сопствената шизофренија.

И додека да се средат и да се соочат со вистината, најдобро е да си седиме по страна и да им даваме само насоки како да се справат со светот. Тие самите треба да се извлечат од агонијата во која што западнале.
 
Географската одредница "Северна" според мене е неприфатлива во ниедна варијанта.Дури и во некоја хипотетичка ситуација во која би се преговарало само за замена на референцата ФИРОМ е неприфатлива.
 
Географската одредница "Северна" според мене е неприфатлива во ниедна варијанта.Дури и во некоја хипотетичка ситуација во која би се преговарало само за замена на референцата ФИРОМ е неприфатлива.

Доколку се смени референцата со било што друго,ќе требаат уште 100 години и да се помисли на изнаоѓање праведно решение и враќање на името Македонија,а за тоа време нема да остане ни еден Македонец од Македонија,како оваа што ние ја знаеме.:toe:
 
Abe i Republika Tumbuzija da se vikame tie pak ke ni davat veto, barem za ovie 30 god.Poslem 30-tina god od ko ke umrat decata begalci duri togas ke mozime da vlezime vo nato i eu bez problemi i bez promena na ime.
 
Abe i Republika Tumbuzija da se vikame tie pak ke ni davat veto, barem za ovie 30 god.Poslem 30-tina god od ko ke umrat decata begalci duri togas ke mozime da vlezime vo nato i eu bez problemi i bez promena na ime.

Во тој случај, зошто менување на име? Ако вето имаме и вака и онака, барем ќе се викаме како ние што сакаме. Ако ни се ускратуваат некои права, барем да бидеме Македонци во текот на целиот процес.
 
Не сум надлежен да давам упатства ама ќе си земам за слобода да реагирам бидејќи почнува да се гуши дискусијава со историско толкување.

Горан Стоименов, ова е подфорум Политика, а не Историја. Кој сака да си спори со тебе на долго и нашироко нека го стори во соодветниот подфорум.




Најкратко што можам.

Според мене најверодостојно објаснување за името е преку прастариот култ на Божеството на Голема Мајка “ Магна Матер “.

Името Македонци произлегува од земјата Македонија.

Еквивалент на денешниот термин Татковина - како определба за родната земја.

a-comparative-grammar-of-the-sanskrit-1276.png


Source: A comparative grammar of the Sanskrit, Zend, Greek, Latin, Lithuanian, Gothic, German, and Sclavonic languages: By Professor F. Bopp. Translated from the German by Edward B. Eastwick, Second edition, 1856, page 1276.

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=32652





Нема терминско ограничување на разговорите, доколку не се најде договор во првичниот временски рок спогодбата автоматски се продолжува на неопределен рок.
Гарфилд може да ме исправи доколку грешно толкувам.

Доколку спогодбата излегла од важност и “фиром“ само по себе би престанало да фигурира, бидејќи престануваат и обврските на нашата страна во разговорите.




Гарфилд дали е во моментов битно дали Милошоски е ваков или онаков, кога последнава негова изјава е можеби најдоброто произнесување со официјални ставови во досегашнава наша историја.

Без разлика на кого прв му текнало и дали Милошов “украл“ нечие размислување, тотално небитно од аспект што овде не би требало да има конфликт на суети.


И јас и ти и Мисирков се согласуваме околу неприфаќањето на “Северна“ како одредница бидејќи ги знаеме консеквенциите од тоа.

Goran neka smiri hormoni!

Brat..accordot avtomatski se prodolzuva se dodeka enda strana ne izjavi NAPISMENO godina dena unapred deka izleguva od spogodbata.

Milishov me nervira po default, ne velam deka ne e arno toa sto konecno mu tekna da go kaze, ama znaejki mu go background-ot, se prasuvam sto odednas sega toa? Da ne se krijat pak nekoj bugarski zadninski politicki manevri zad toa.

Ni odgovara od sega takov stav, ama PLASI SE OD DANAJCITE I KOGA NOSAT PODAROCI.
 
Јас незнам зошто толкава паника за СЕВЕРНА Македонија... Ништо лошо нема во тоа... Тоа баш докажува дека овој дел кај што сме ние не е цела Македонија и дека има и други делови т.е. Јуужна и Источна...

На пример има многу држави со таков префикс и што им фали...???
Северна Кореја... Северна Ирска итд... итд... :toe:
 
Јас незнам зошто толкава паника за СЕВЕРНА Македонија... Ништо лошо нема во тоа... Тоа баш докажува дека овој дел кај што сме ние не е цела Македонија и дека има и други делови т.е. Јуужна и Источна...

На пример има многу држави со таков префикс и што им фали...???
Северна Кореја... Северна Ирска итд... итд... :toe:

Abe imeto mozi nema nisto ama identitetot e vo prasanje??
 
Интересна колумна и објаснување што звучи доста логично.
Исто така нелогичноста кај „Северна Македонија“ е што ако веќе има северна тогаш мора да има и јужна, источна и западна, нели...
 
Јас сметам дека нема потреба од историски расправи. Според универзалната конвенција за човековите права секоја група на луѓе кои се (само)идентификуваат како припадници на хомогена група (народ) имаат право да се наречат како сакаат и точка. Нема тука „неможе или услови“. Оваа декларација е основа на демократијата и на ООН и треба на неа да се инсистира. Впрочем и бабилонската курва и хел асс инсистираат да не гледаме во минатот туку во иднината. Ако е тоа така тогаш нема расправа за историја и проблем со името. НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ, ДРЖАВАТА Е МАКЕДОНИЈА. Неможе никој да ми каже како се викам!!! Итно треба да направат протокол во МНР и да наложат на сите институции во сите изјави,документи и останати дејствија дома и надвор да се користи терминот „ГРЧКИОТ ПРОБЛЕМ СО МАКЕДОНИЈА“. Ние немаме никаков проблем со името. Ние сме МАКЕДОНЦИ И ЖИВЕЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА.
 
Јас незнам зошто толкава паника за СЕВЕРНА Македонија... Ништо лошо нема во тоа... Тоа баш докажува дека овој дел кај што сме ние не е цела Македонија и дека има и други делови т.е. Јуужна и Источна...

На пример има многу држави со таков префикс и што им фали...???
Северна Кореја... Северна Ирска итд... итд... :toe:

и нема друга Македонија една е
тоа што 1913 беше поделена незначи дека има повеќе
а предлогот Северна со себе си го носи и идентитетот
а тоа за тебе што е прифатливо Северна многу јасно ми е
 
Јас незнам зошто толкава паника за СЕВЕРНА Македонија... Ништо лошо нема во тоа... Тоа баш докажува дека овој дел кај што сме ние не е цела Македонија и дека има и други делови т.е. Јуужна и Источна...

На пример има многу држави со таков префикс и што им фали...???
Северна Кореја... Северна Ирска итд... итд... :toe:
а како че се ВИКААТ МАКЕДОНЦИТЕ што живеаат во БУЛВАРИЈА,СРБИЈА,ГЕЈрција,АВСТРАЛИЈА,САД,КАНАДА итн........славоМАКЕДОНЦИ(зашто гејовите инсистираат вака да се нарекуваме а не само како МАКЕДОНЦИ) од СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА што живеаат во КАНАДА,САД итн??????????????????//
и доста зборите за глуповави примери од типот на СЕВЕРНА КОРЕЈА,ИРСКА итн заштоо тоа се ДРЖАВА настанати со помош на ЗАПАДНИОТ КАПИТАЛИЗАМ(заради нивни интереси) а СПРОТИВНО НА ВОЛЈАТА НА НАРОДОТ што живее таму!!!!!!!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom