Moже ли некој подетално да ги објасни отворените штедни влогови.
Поконкретно мислам на оние од Комерцијална банка:
http://www.kb.com.mk/uslovi.asp?id=12
Прашував и во локалната експозитура кај мене ама на теткицата мислам помалку од мене и беше јасно.
Ме интересира како се пресметува каматата кога вадиш и/или додаваш средства во отворениот штеден влог. На пример, ако на 17ти извадам 60%, дали за 16 дена се рачуна камата како за 100% од влогот а за останатите денови од месецот како за 40%. Или можеби тука лежи зајакот па за тој месец даваат некоја камата како по видување да е влогот.
Зошто инаку која е поентата некој да става влог по видување, отворените штедни влогови се секако поисплатливи за нас штедачите... ама од гледна точка на банката, на ист начин располагаат со средствата како и за двата видови на влогот -не знаат кога ќе го извадиме влогот.
Отворениот штеден влог од Стопанска банка на пример наплатува 350ден фиксно за повеќе од еднаш месечно вадење средства. (или 350ден за секое вадење после првото... не разбрав точно)