Нема на што да ти реплицирам.
Упорно се трудите да ја свртите дискусијата во насока на мерење кому му е подолг - дали на СДСМ или на ДПМНЕ, занемарувајќи го фактот поради кој беше организиран протестот.
Доколку сакаш да полемизираш околу исполитизираноста на протестите, слободно отвори тема, па да ти ги наведам сите протести во периодот 2002/2006 позади кои ДПМНЕ или стоеше во позадина, или пак беше организатор на истите.
Мислам, глупаво е да се размислува во таа насока.
А уште поглупаво е да мислиш дека опозицијата при ваква ситуација би требало да стои настрана и сеир да гледа.
Но како што веќе напоменав, најверојатно патите од глобална амнезија.
Тука јас ништо ви неможам

Колку си само значи контрадикторен во твоите ставови кои одприлика изгледаат вака:
- Јас не подржувам изградба на црква на плоштадот,но бидејќи моите ставови одат во линија со ставовите на опозицијата, за инат ќе ја подржам.
Ај прво среди си ги ставовите па потоа реплицирај ми.
Спомнав на темава некаде фашизам ?
Друго.....што ти значи ова -
"што на ум тоа на друм"?
Тоа е веќе друга дискусија а ти немаш право да ми го едитираш постот бидејќи во тој случај губи дел од смислата
Најмалку право имаш да ми посочуваш како и што да пишувам.
Точно, мал патриотизам е вистинскиот термин.
Позади шумата постојат и дрва, али тешко да ќе ги видите.
Ај сеа одпочеток:
Дали првиот протест беше оправдан ?
Дали вториот протест беше оправдан ?
Дали во ова држава има право некој да протестира доколку мнозинството не застане на негова страна ?
Дали треба да го искаже својот став доколку тој став не оди во линија со позицијата или мнозинството ?
Дали доколку протестира, треба да биде исшутиран како последниот предавник во ова држава ?
Дали се воопшто потребни протести додека ДПМНЕ е на власт ?