Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 634
Архибригадата го отвори патот за џамија на плоштадот во Скопје!
ИВЗ бара изградба на џамија на плоштадот во Скопје
Коментари (0)
10.04.2009 16:28
Рамадан Рамадани
Скопскиот плоштад станува претесен за се поголемите аспирации. Дебатата за или против црква сега се проширува на дебата и за џамија.
Се погласни се барањата на Исламската верска заедница анимирани преку триесетина невладини организации. Бараат да се стопира изградбата на хотелот и градската куќа на скопскиот плоштадот на местото на некогашниот офицерски дом. Ке инсистираат да се изгради Бурмаили џамијата која била тука до 1925 година.
Во спротивно најавуваат реакција-пред се почеток на вршење на верски обреди под водство на ИВЗ на местото на џамијата.
Дамјан Здравев
„Ќе се размислува во координативното тело и за вршење на врски обред, значи во водство на Исламската верска заедница, на ова место. Планираме да го обележиме со креда“, изјави Рамадан Рамадани, координативно тело за изградба на џамија.
Според невладините организации непочитувањето на нивното барање од пред две години ќе биде провокација со далекусежни последици. Бараат да се прекине и со изградбата на филхармонијата и Уставниот суд зашто е место на ИВЗ и не е денационализирано.
Признаваат дека немаат став за црква на плоштадот, но и дека токму црквата ги засилила нивните амбиции за џамија. Токму намерата за објект на сред плоштадот ќе има продолжение утре како реакција на инцидентот пред две недели. Организатори се триесетина невладини организации, сега црквата не е повод туку слободата.
Ивана Драгшиќ
„Примарната цел не ни е стопирање на изградба на верски објекти на плоштад. Примарната цел ни е јавно и гласно да зборуваме. Со тоа да влијаемеа носењето на одлуките во градот и државата каде што живееме“, вели Дамјан Здравев, учесник на мирниот протест.
„Единствен е ставот дека јавниот простор, градот, им припаѓаат на граѓаните, и тие треба да можат, мораат да можат таму да ја покажат својата различност и да го искажат својот став“, рече Ивана Драгшиќ, учесник на мирниот протест.
За да нема обвинувања како минатиот пат овојпат протестот бил пријавен пет дена порано.
Се надеваат дека нема повторно да дојде до насилства поради што од полицијата веќе побарале засилено полициско обезнедување.