Вооружен грабеж во Про Кредит банка

  • Креатор на темата Креатор на темата Акаша
  • Време на започнување Време на започнување
А бе мене не ми е верно 10 души да стават глава во торба за 50 000 евра...тоа се месеци подготовка, башка со такво вооружување...
Има нешто што не кажуваат изгледа...ќе да се повеќе пари.
 
Кога се даваше законот за амнестија во една прилика реков.
Од планините сега ќе ни се симнат во градовите.
Ете ги, истите се.

Нешто од секогаш што ме плашело е дали урбаниот тероризам ке се префрли и кај нас во градовите.Некој важно ни остави порака.
 
А бе мене не ми е верно 10 души да стават глава во торба за 50 000 евра...тоа се месеци подготовка, башка со такво вооружување...
Има нешто што не кажуваат изгледа...ќе да се повеќе пари.
Можеби планирале за повеќе, а толку им бил ксметот.
Никогаш не можеш во вакви случаи баш се да предвидиш и испланираш.
 
Па мое мислење е дека овој напад има повеке сценарија:

1.Инсајдерот(ако постоел воопшто) дал погрешна информација за сумата на парите кои се наоѓале во банката тој ден

2.Комбето со кое се пренесувале парите задоцнило...:nesvest:

3. 50.000 евра делено на 10 луѓе е 5000 евра по човек. Подготовките(кола,оружје и др) вредат околу 6-7000 евра. Дали има некој човек нормален да си ја пикне главата во торба за ебани 3-4000 евра.

4. Каква е таа полиција што во 9.30 часот наутро дозволува криминална банда да побегне од центарот на Скопје (во нивна потрага се вклучени безброј службеници,хеликоптери и што не друго).....Половина час подоцна ,премиерот требало да помине,значи имало и дополнително обезбедување.

Сума сумарум,Скопје станува небезбедно место за живеење,полицијата не ја врши својата работа, на кој кур ке му текне прави што сака....Ее Македонијооо
 
Ако можеле овие да се препукуваат со полицијата на 100 метри од Владата и комотно да избегаат, тогаш колку тешко би им било на некои да земат 2-3 RPG-а и да ја сотрат премиерската колона? А можеби ова и е некое предупредување? Мислам, обично не верувам во вакви “теории на заговор“, но што е многу (чудно), многу е!
 
На сите ни е чудно тоа. Толку полиција, алфи, единица за брзо распоредување (мислам дека и оваа беше на МВР) и пак ништо, го поминале цел град а во центарот на главниот град 5-10 минути пукале наоколу... и си отишле.
Да е само тоа имаше и хеликоптер 10 минути по тоа тргна ако со него неможат да најдат :nesvest:
 
некој да не снимал додека било пукањето??? па нели во центар има многу камери, не е ли снимено тоа??
 
некој да не снимал додека било пукањето??? па нели во центар има многу камери, не е ли снимено тоа??

Снимено било од камерите на Про Кредит Банка. Но бидејќи лицата биле маскирани, полицијата го открила само нивниот пол и бројот на напаѓачите. П.С во возилото најдено е крв од криминалците, сега крим техника ако е доволно опремена лесно ќе биди да го открие идентитетот барем на еден од напаѓачите.:helou:
 
Добро бе како избегале од на сред Скопје од онаа гужва????:tapp:
И познато е дека по експозитури има многу малку пари.50 000 за 7 души то е по 7000 евра на чоек.Па онолкава организација за толкава ситница???
Плус во едната кола имало оружје доволно за цел ден престрелка.И на то уште Премиерот скоро во исто време поминвел.Хммм...
 
Да се надоврзам на погоре напишаното.Па стварно бе мајкому на толку алфи кој се распоредени низ цело Скопје, на толку сообраќајци кој пишуваат казни како луди ако не поминеш на пешачки па уште и ти се силат, на толку дополнително обезбедување кое го имало затоа што премиерот требало да помине во близина половина час после нападот, две коли со 5 луѓе во нив успеале да избегаат на најфренкфентното место во Скопје, плус тоа престрелката траела некојси 5-10 минути...Се повеќе почнувам да верувам дека работава е многу поголема одколку што е прикажана во јавноста.
 
Pa mozda ova samo mu e trening sesija ne se raboti za pari.
Ova po moe e uvertira za vlez na golema vrata kaj Don-ot ili test za maskost kaj green-hand-ovite.

Onaka Monty Python-sko moe razmisluvanje
 
Овие сигурно се планирале кога ќе стигне комбето со пари да ги лапнат парите и да бегат, али комбето штом каснело овие да чекат така сред бел ден(што и можеле, со оглед на тоа што полицијата ни е тапа) влегле у банката и колку имало зеле..
 
Зошто би чекале комбе во строг центар на градот? Тоа поминува низ неколку места. Ако веќе биле толку добро организирани и обучени, можеле да му ја најдат рутата и да го начекаат директно него на некое по поволно место... и за 2 секунди да решат проблем. Не ќе да е тоа :toe:
 
МВР ПРИВЕДЕ ЛИЦЕ БАРАНО ПО ПОВЕЌЕ ДОМАШНИ И МЕЃУНАРОДНИ ПОТРАГИ
Министерството за внатрешни работи, утринава околу 03.30 часот, во организирана акција во импровизирана чајџилница во село Крушопек го приведе А.П.(44) од село Грчец, со прекар БОС и претходно име и презиме (Арслан Нуиши), кој беше баран со домашни и меѓународни потраги заради голем број тешки кривични дела.
Izvor SITEL...



NEznam dali tipot uletal kako rezultat na potragata po kriminalcite od petok ili ova e sosema izolirana akcija...
KAko i da e dobar plen...
Inaku tipot e eden od osumjicenite za atentatot na Gligorov...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom