- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Тетово ги тресе ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ
Потврдивме дека не играме двојна игра, но прашање е колку ВМРО-ДПМНЕ си стоеше на зборот, вели висок функционер на ДУИ
ДПА ќе ја заборави победничката еуфорија во Тетово, а ДУИ уште не може да се освести од поразот
ДУИ два дена е во шок по изборниот пораз што го претрпе во Тетово, Гостивар и воАрачиново. Најверојатно лидерот Али Ахмети ќе бара од премиерот Никола Груевски објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го испочитувала договорот за меѓусебна поддршка на локалните и на претседателските избори, изјави за „Дневник“ висок функционер на ДУИ.
За ДУИ, најболна била загубата на Тетово и не и' сфатливо како можело да и' се случи кандидатот на ДПА, Сади Беџети, да го победи Хазби Лика со речиси илјада гласови. И додека во партијата врие, а членството бара одговори од врвот, челниците се сигурни само дека македонските, а не албанските гласови биле пресудни за исходот од локалните избори во Тетово.За фијаското во најважните градови за Албанците, ДУИ ќе расправа и на Централно претседателство, на кое не ја исклучуваат можноста да се бара и партиска одговорност.
- Поразот во Гостивар беше очекуван уште по првиот круг. Реално, таму никој не можеше да му парира на Руфи Османи, кој е идол кај Албанците. Но, во Тетово очекувавме победа. По детаљните анализи на секое гласачко место во Тетово, ќе биде појасно што се случи таму. Задоволни сме од одѕивот и гласањето на Албанците во Тетово. Потврдивме дека не играме двојна игра. Прашање е колку ВМРО-ДПМНЕ си стоеше на зборот - вели функционер на ДУИ.
Во ДУИ велат дека ВМРО-ДПМНЕ не ќе може да се „вади“ дека нивните членови и симпатизери гласале за Лика, а Беџети победил со помош на поддржувачите на Љубе Бошкоски, бидејќи не веруваат оти „брат Љубе е помоќен од Груевски“. Според ДУИ, иако меѓу двата круга имало дил меѓу Мендух Тачи и Бошкоски за поддршка на Беџети, тие се убедени дека за победата на кандидатот на ДПА придонело и дел од гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ. И нагласуваат дека ако тоа го потврдат нивните анализи, тогаш Ахмети и Груевски ќе треба да расчистат зошто ВМРО-ДПМНЕ не го почитувала договорот. Во партијата на Ахмети се револтирани оти тие го исполниле својот дел, односно со нивна помош ВМРО-ДПМНЕ добило градоначалници на Велес, Крушево, Ресен, Петровец, Сопиште и во Чашка.
Во ДУИ никој не сака официјално да зборува за поразот во Тетово и во Арачиново, но нервозата во партијата расте, особено по информациите дека ќе се бара одговорност и во сопствените редови. Два дена прашуваме што се случи во Тетово, но ни велат да ја почекаме анализата. Одговорноста треба да се бара на највисоко ниво, кај тие што склучуваат договори и што ги влечат конците во партијата. Членството созрева и нема да се задоволи ако за Тетово, Гостивар и Арачиново се бара жртва во пониските структури - велат во ДУИ.Наспроти ова, висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ завчера ни изјави дека се задоволни што со ДУИ ја продлабочиле соработката и на локално ниво. Дека во македонскиот дел ДУИ добила голема поддршка и во Тетово и во Гостивар.
Извор: ДНЕВНИК