Дали СДСМ го губи епитетот "најголема опозициона партија"?

  • Креатор на темата Креатор на темата FilipMacedon
  • Време на започнување Време на започнување
Сдс ќе биде затврска партија, нешто ко призн брејк, па црвенко ќе гледа да кидне.
Се` кое има врска од сдс треба да се елиминира.
Не е важно дали има докази, заслужиле со самото тоа кое поддржале таква опција.
 
Абе СДС е голема партија со многу членови.И после ДПМНЕ е најголема.А друга партија со толку членови нема.Туку друго е проблемот.Народот веќе на никој не верува и сега гласаат само партиски определените граѓани.А многу помалце членови има СДС него ДПМНЕ.
 
Сдсм се во голема криза немаат млади и младинска криза.Врз основа на тоа и иднината име доведена во прашање.Проблем е што нема критична маса кое ке го сружи моменталното раководство и ке донесе нова енергија и визија
 
Се` кое има врска од сдс треба да се елиминира.
Не е важно дали има докази, заслужиле со самото тоа кое поддржале таква опција.
А овоа важи за оние кои само еден круг гласале за нив....или за сите :(

Инаку во знак на добра воља (се гребам да не ме елиминира), повели еден искрен музички поздрав од мене:

thefingerzu2tw4.jpg
 
А овоа важи за оние кои само еден круг гласале за нив....или за сите :(

Инаку во знак на добра воља (се гребам да не ме елиминира), повели еден искрен музички поздрав од мене:

IСекоја чест за ова мислење.Да има барем уште 5-мина како тебе форумов ќе блескаше.
 
А овоа важи за оние кои само еден круг гласале за нив....или за сите :(

Инаку во знак на добра воља (се гребам да не ме елиминира), повели еден искрен музички поздрав од мене:

http://img147.imageshack.us/img147/3847/thefingerzu2tw4.jpg[/IСекоја чест за ова мислење.Да има барем уште 5-мина како тебе форумов ќе блескаше.[/quote]


pa dobro be luge na sekoja partija i varira rejtingot i toa NE ZNACI deka e kraj so SDS:toe:
 
Вест, Понеделник 7/12/2004

Нечесно рушење

Како најстар жив основач на партијата на ВМРО-ДПМНЕ упатувам јавен повик за разум до г. .Љубчо Георгиевски, да престанеме со рушењето на партијата што ја создадовме. Непримерно е секојдневно појавување на прес-конференции на поранешни директори и функционери, кои одработувајќи некаков долг, го рушат достоинството на многуилјадното членство и симпатизиери на ВМРО-ДПМНЕ.
Зошто пред една година поднесе неотповиклива оставка, кога си сакал пак да се вратиш на чело на партијата? Во твојот говор на последниот Конгрес си додели историска важност, вбројувајќи се во редот на основоположниците на ВМРО: Христо Татарчев, Даме Груев, Гоце Делчев, Јане Сандански и др. Ова што го покажа како однесување во последниве два месеца, ќе те вброи во еден друг список-предавник.
Во 1992 година помогна во рушењето на владата на академик Кљусев, во 1994 ги напушти изборите, од 1998-2002 година и покрај многубројните успеси на одделни министри, големото јавно трошење пари, скапите патувања по светот, баловите во време-невреме, како и ергенско-шоферските банки, придонесло за губење на изборите во 2002 година.
Затоа немаш морално право да ги критикуваш, а уште помалку да ги рушиш вака нечесно оние кои се мачат да ја поправат сликата за партијата што им ја остави.
Сепак, те повикувам уште еднаш, ако во тебе останало нешто од патриотизмот на младиот студент, да престанеш со делбите и нечесните игри. Партијата ќе го преживее и ова искушение.
Владимир Транталовски


ова му го порача еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ

Г.Владимир со респект према вас,само жално да го убедувате и молите за некои работи што тој треба да ги знае.

Верува те ни оставете ги квази војводите,доста му е на македонецот од такви,

Еднаш квази војвода,цел живот,Еднаш ајдук цел живот.
 
Bez promeni vo SDS taa partija zgasnuva.
(ZALOSNO)za socijaldemokratska opcija,ja vikam daj da im predlagame lugje da ja vodat partijata bidejki tie namesto da vadat novi kadri tie uste so TITO PETKOVSKI,MILCIN,ISMAIL,FRCKO,CRVENKOVSKI,MAKRADULI,GEROVSKI i tn.
Ajde mladi od SDS odete na bihacka i kazete mu ne na ova rakovodstvo i ke imate poddrska od vmro dpmne za dobro da ja vodite partijata a ne vaka anti makedonski,sakam da se borime edni protiv drugi so idei,a ne da si stavame etiketi na anticki i predavnici.(DOSTA E).


KAZETE NE NA CRVENKOVSKI
DOSTA MU E

BEGAJTE OD DRZAVATA KRVNICI PROKLETI,ZBIRAJTE SI PARTALITE I MAGLA U GRCIJA,BUGARIJA i SRBIJA TAMU VI E MESTOTO
 
СДС и ЕПИТЕТ НИКАКО НЕ ОДАТ ВО ИСТА РЕЧЕНИЦА:vozbud:

А да и имаш една печатна грешка.

СДСГ(М) ИЛИ Социјал Демократски Сојуз на Грција во Македонија
 
СДСМ на најниски гранки од постоењето

Локалните избори, особено вториот круг, ја покажаа сегашната моќ на СДСМ или, поточно речено, немоќ да се претстави како сериозна опозиција. Со седум освоени градоначалнички места сигурно нема место за задоволство, ако се има предвид фактот дека од поголемите градови ги освоија само Струмица, Куманово и Охрид, и тоа, пред с&“232;, по заслуга на кандидатите за градоначалници.

Зошто ВМРО-ДПМНЕ успеа да ги освои бастионите на СДСМ во кои немаше претрпено пораз со години? Или зошто владејачката партија не победи во Охрид, Карпош, Струмица?

Ова се само дел од прашањата што се поставуваат во политичките кругови. Во СДСМ како една од главните причини за лошите резултати се наведува фракционерското дејствување по преземањето на партијата од страна на Владо Бучковски. Тогаш дејствуваше струјата на Радмила Шекеринска. Подоцна, по сугестија на Бранко Црвенковски, дел приврзаници на Бучковски се свртеа против него за да ја постават Шекеринска на чело на партијата. Но, според сдсмовците, таа направи погрешна кадровска политика, која уште повеќе ја продлабочи кризата во партијата. За една од поголемите грешки се смета преоѓањето на Демократската партија на Србите, Демократската партија на Турците и некои ромски партии во таборот на Никола Груевски. Се смета дека овие партии за себе врзуваат околу 100 илјади гласа. Перманентното отстранување интелектуалци, како и теренаци од своите редови, се одразува и на креативноста на партијата, но дел од тие личности преминаа и во спротивниот табор. Од друга страна, кога Црвенковски најави дека се враќа во партијата, сите како да кренаа раце чекајќи тој да ги спаси и воздигне. А тоа на Црвенковски му оди во прилог, затоа што колку повеќе тоне партијата толку тој ќе има подобар рејтинг како опозициски лидер. Секое помрднување од сегашниот понижувачки резултат ќе биде претставено како успех.

Како една од причините за постигнатото на социјалдемократите на изборите се споменува и фактот што многу локални лидери речиси заборавија дека дваесетина години се на функции, при што младите кадри се отстрануваа од партијата. Во овој контекст е и фактот што поради последните два пораза на парламентарните избори, многумина бегаа од понудите да бидат кандидати за градоначалници. И можеби најбитниот елемент, психолошкиот, беше клучен за катастрофалниот резултат. Раководните структури на СДСМ шест месеци пред изборите велеа дека не може да се победи Груевски, затоа што фрлал огромни пари по медиумите.

Дали поради ваквиот однос или поради многу подобрата организација на ВМРО-ДПМНЕ или, пак, поради желбата за промена паднаа средини во кои СДСМ владееше од осамостојувањето на Македонија. Тоа се: Кочани, Ресен, Гевгелија, Берово, Велес, Крива Паланка итн. Додека ВМРО-ДПМНЕ не успеа да завладее со Охрид, Струмица, Карпош, Куманово.

Во Ресен велат дека Димитар Бузлевски не победил затоа што 20 години тој доминирал во политиката. Овојпат кандидат за градоначалник требало да биде младиот локален лидер Сашо Пецаревски. Од стотина семејства што гласале за СДСМ, педесетина му биле лути на досегашниот градоначалник. Но и НСДП во вториот круг не му дал целосна поддршка, а и ВМРО-ДПМНЕ, како што велат нашите извори, добро изиграло со ДУИ.

Недостапноста за граѓаните, пробирливиот однос за доделување општинско земјиште на бизнисмени, непочитувањето на градбата на велешкиот театар, неводење сметка за инфраструктурата на приградските населби, неуривањето дивоградба во неговата населба за да се направи улицата и други работи се елементите што му донеле пораз на Аце Коцевски во Велес.

Во Кочани се чекаше промена, затоа што на претходните избори Ратко Димитровски загуби на сомнителен начин, односно претседателот на Општинската изборна комисија толкувајќи го Законот изјави дека тој не победил во првиот изборен круг за 31,5 гласа. Но чувството на бизнисмените дека им се загрозени бизнис-интересите од една структура на СДСМ, застанаа зад Димитровски во очекување дека ќе ги разбере нивните заложби за овозможување услови за развивање на нивните фирми.

Неизградениот ски-центар на Кожув, поради рекет-интереси на поединци, неотворањето граничен премин кон Грција, преместувањето на Царината во Струмица, преместувањето на центарот на Управата за јавни приходи, симнувањето на статусот на УВР-Гевгелија на ниво на полициска станица се дел од причините поради кои гевгеличани гласаа за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Ова го правеле неколку локални моќници на СДСМ, како што коментираат гевгеличани, кои ги гледале само своите интереси на сметка на развојот на општината.

Од друга страна, владејачката партија не успеа да ги добие Охрид, Карпош, Струмица и Куманово, поради моќта и досегашната работа на самите кандидати. Во Охрид ВМРО-ДПМНЕ двапати губи од суета. Наместо со ВМРО-НП да имаат предизборен коалициски настап, тие се појавуваат како ривали. Големото присуство на министри во Охрид како поддршка на кандидатот Кире Трендафилов имаше контраефект кај охриѓани. Александар Петрески во досегашниот мандат изгради добри релации со повеќе вмровци, а некои од нив ги вработи и во локалната самоуправа. Но се смета дека тој подобро играл кај Ромите и кај Албанците.
Стевче Јакимовски оставил добар впечаток на граѓаните на општината Карпош додека беше градоначалник, но се истакнува и дека ВМРО-ДПМНЕ му спротивстави слаб кандидат.

Сепак, кај ВМРО-ДПМНЕ се забележува пад во добиените гласови во однос на предвремените избори во 2008 година. Тогаш партијата освои 481.602 гласа, а сега на локалните за советници доби 308.960, што е пад за 72.642 гласа.




Тројца нови пратеници во Собранието

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Ратко Димитровски и Горан Петров и пратеникот од ДУИ Блерим Беџети се избрани за градоначалници, поради што Собранието ќе добие тројца нови пратеници.

Димитровски веќе и формално ја презеде функцијата градоначалник на Кочани. Петров победи во Велес во вториот изборен круг. Следен од пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ што требаше да седне во собраниските клупи е доскорашниот државен секретар во Министерството за образование Дарко Митевски. Но и тој е избран за градоначалник на Македонска Каменица. Поради тоа, нови пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се Оливер Алексовски, претседател на партиската организација од Крива Паланка, и Марија Рашковска од Берово, член на Извршниот одбор на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. На пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ остануваат уште двајца кандидати, Звонко Шавревски и Зоран Стојанов.

Третиот пратеник што треба да ја преземе градоначалничката функција е Блерим Беџети од ДУИ, кој во неделата победи во општината Сарај. Неговото место во Собранието ќе го заземе Назим Буши, заменик-директор во МРТ.

С.С.


http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&EditionID=362&top=1&ArticleID=22106
 
Најголеми шанси да ги заменат засега имаат Албанските партии epa da se si e mozno zatoa sto makedonceto e prodadena dusa taka da vo nasava drzava se si e mozno makedonecot moze da glasa i za nekoj grcki predendent toa ti e toa za dzabe li vikat deka makedonceto e prodadena dusa za pari se bii napravilo
 
edna partija moze da ima variranje vo rejtinzite megjutoa od poslednive izbori se glea deka sdsm kako samostojna partija bez liberalite i nsdp so sebe zede golem broj na glasovi spored golem broj na eksperti rejtingot na ovaa partija raste i se kreva za razlika od toj na vmro dpmne koj se povekje se spusta
 
edna partija moze da ima variranje vo rejtinzite megjutoa od poslednive izbori se glea deka sdsm kako samostojna partija bez liberalite i nsdp so sebe zede golem broj na glasovi spored golem broj na eksperti rejtingot na ovaa partija raste i se kreva za razlika od toj na vmro dpmne koj se povekje se spusta

raka nasrce SDSM znaeja deka ke izgubat i namerno odea na topkata obvinuvanje za antikvizacija,preimenuvanja pa antiNATO i EU bidejki go znaat rejtingot na NATO i EU pa nivnata cel e bas namaluvanje na rejtingot na VMRO-DPMNE....za potoa da pobedat.
 
во македонија моментов нема опозиција целата власт е концентрирана во една политичка партија
искрено кажано тоа не е мала работа тоа е голема одговорност ако вмро пред овие избори можесе лесно да се справи со општинските проблеми на битола прилеп и дел од ск сега ке треба да се справува со 55 општини плус скопје на грб носи голем товар со отвореното прашанје околу спорот за името
плус дополнитен товар е светската економска криза која е најголема криза во последниве неколку декади
е сега ако вмро успее да се справи со кризава ако им помогне на општините јас мислам дека ке владеее усте долго , но ако не се случи ова казната ке следува на наредните избори
тука ја гледам предноста на сдсм ,ако застанат правите луге во партијата а не апаши од калиброт на бузле бучко фрчко бране рада , во време на криза лугето стварат револт и да не е пак владата крива ке е а после кризата доагја период на развој па единсвена шанса да опстанат во зивот е да победат на наредните парламентарни избори иначе не верувам дека ке постои таа политичка партија
значи ако сдсм не победи за 3 години мое мисленје е дека ке ја снема од политичката сцена е сега по редот на нештата во овој редослед мое мисленје е дека после смрта на сдсм ке се јави една голема група на не задоволни вмровци која и сега е присутна и нон стоп крузи по општинските штабови , е сега каде ке одат сдсмовците е прашанјето или ке станат дел од вмро или ке се раштркаат дел ваму дел таму пошто тие се болни за власт ке му се пикат на грујо и тн
еве вака јас ја гледам политичката иднина на македонија на еден подолг период
 
Ново-стариот лидер подготвува нова стратегија за СДСМ




СДСМ ќе се спасува од кризата во која се наоѓа по поразот и на овие избори со промовирање нови лица и нова стратегија, но и со обединување на сите стари кадри што сега се во сенка или пак надвор од партијата. Тоа го очекува и партиското членство од Бранко Црвенковски, кој официјално ќе се врати на чело на партијата на Конгресот што ќе се одржи кон крајот на мај.

Спротивно од прогнозите на дел од партиските кадри дека враќањето на Црвенковски во СДСМ ќе биде добро само на краток рок, за да го обедини членството, вршителот на должноста лидер на партијата Зоран Заев очекува понуда на нов концепт за СДСМ.

- Проблемот во СДСМ не е во личностите, туку во решенијата на проблемите што партијата досега ги нудеше. Еве, иако ние би требало да бидеме лево ориентирани, досега најмалку се профилиравме како такви. Тука очекувам да се случат промени - коментира Заев.

Една од промените што постојано ги истакнува Заев е потребата од понуда на конкретни проекти.

- Мора да се смени концептот на водење на политика во СДСМ. Не може само да се излезе на телевизија и да се смета дека работата е завршена. Треба да се оди на терен и да се биде со луѓето. Заврши времето на салонската политика - вели Заев.

Откако на изборите партијата освои само шест градоначалнички места наспроти 55 на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседателски кандидат Фрчкоски доживеа убедлив пораз, Заев признава дека и нивните очекувања не биле големи.

- Јас кога дојдов на оваа позиција, обврската беше само да ги истераме овие избори. Според резултатите од парламентарните избори ние не требаше да освоиме ниту една општина - вели Заев.
Тој ги негира и шпекулациите дека постоел раскол во врска со кандидирањето на Фрчкоски. Како неточни ги отфрла и забелешките дека некои од видните членови на СДСМ не можеше да се забележат на предизборните митинзи.

- Во СДСМ внатре нема делби. Сите ми беа на располагање цело време. Не можам да кажам дека некој ми правеше опструкции кога ќе му дадев задача - вели Заев.

Слабата излезност на албанскиот електорат на претседателските избори во меѓувреме се коментираше и како вина на Фрчкоски и Иванов, кои не успеаја да им се доближат на Албанците. Дел аналитичари го поставија и прашањето зошто двајцата кандидати не отидоа во средините во кои живеат Албанци, слично како што тоа го правеше во македонските средини Имер Селмани, кандидатот на Нова демократија. Заев вели дека една од причините е и стравот дека со таквиот пристап ќе изгубат дел од македонските гласачи.

- Ние немавме политичка дискусија за можноста нашиот кандидат да оди и во средините каде што живеат Албанци. И признавам дека тоа е наша голема грешка - вели Заев.

Во меѓувреме, додека сè уште се анализираат грешките од овие избори, веќе се отвора прашањето кој би бил партнерот на СДСМ од албанскиот политички блок. Се коментира дека на опозициската партија ќе и биде тешко да воспостави соработка, бидејќи ДУИ е во коалиција со ВМРО ДПМНЕ, Нова Демократија на Селмани според шпекулациите е блиска до Груевски, а ДПА пак нема голема моќ.

- Сите албански партии му се потенцијален партнер на СДСМ, особено поради лошата политика на Груевски. Еве гледате што се случи со ДУИ, колку падна нивниот рејтинг. Тоа е затоа што Груевски се грижи само за својата партија - вели Заев.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom