Абе тресалко еден тој мене детуле.. напишал 10.000 постови.. јас незнам кој се те чита овде.. ретко ја отворам темава политика.. досадни сте.. се едни исти муабети.. ама да ми кажеш дека сонцето изгрева на север и заоѓа на југ тогаш ќе ти реплицирам.. инаку ич не ве онадам..
Е сега кога сме кај муабетот..
Викаш партијата не е биро за вработување а?
Па од кога партијата е станата анкета за таа да им се јавува на луѓето по дома? Зарем тоа не е притисок?
Мене ама баш к*р ме боли и за едните и за другите.. ама имам пријатели односно другари и од сдсм и од вмро..
Кога ќе се јават овие од сдсм дома кај членовите им викаат да излезат на гласање или на митинг..
И следи реакција на оние кои не сакаат да излезат си велат.. како не ќе излезам.. и онака не се власт ништо не ми можат..
Но кога ќе се јават овие од вмро знаеш како велат? Дали е дома тој и тој? И ако речат од дома дека е тука, односно не е на митинг за време на митингот ја затвораат слушалката.. онака со цинизам.. и мора да излезат тие бидејќи се плашат за своето работно место..
И сега ќе ми речиш па го добиле местото со помош на вмро.. зошто не излегуваат ова она.. па ако се вработиле за време на вмро треба ли цел живот слуги да им бидат?
Ти бре море да не живееш во некој стаклен свет па да не знаеш каков е тој притисок на власта? И мене не ми беше муабетот само за вмро туку и за овие другиве од сдсм.. а тоа што ти изгледа си имаш дпмне комплекс си е твоја работа..
Целата поента е што ако не ги послушаш овие од сдсм да излезиш на митинг или гласање не ти можат ништо.. ама ако не ги послушаш овие од дпмне ќе ти се заканат со твоето работно место.. а тоа е чичо
ПРИТИСОК !
Е сега ако пак не ти е јасно радо би ти нацртал во Паинт па да разбериш.. оти од очите на партијата не гледаш подалеку.. како што гледам јас..
Анкета вршела партијата..