Нељубезност во продавниците

Член од
31 декември 2007
Мислења
145
Поени од реакции
1
Влегувате во бутик,и ви затребува број..викате една од вработените,и ти се понаша и ти врти очи..дали после тоа би го купиле тоа што сте го барале?

или

(од денеска случка)
Бев на шопинг со другарки..
И другарка ми имаше евра во неа...и таа на каса што беше,и се испонаша демек оди смени ги парите...ама како ме изнервира,ме изваде од патики.
А после тоа сакав да платам јас и ја имав картичката од татко ми(малолетна сум) и ми вика:"Твоја е?" и и викам на татко ми...и ми вика оди истај си пари..и ја гледам оваа со полни очи..ми идаше да ја убијам страшно...сфаќам дека сум мала за тоа,ама ниакде до сега не ми направиле проблем кога купувам сама со картичка...

Дали сте имале вакви случки?
Како постапивте?
Фактички опишете ни што се деси..:pipi:

:helou:
 
Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Ќеми пукне еден ден на таа од Впецијал ќе ја отерам кај што не треба.
На голем одмор идам со еден другар да купиме таму и таа почна колкави сте.И ја и викам што мислиш колкави сме и тропнав нешо.И таа е да бе а глупа и ме загледа лошо сум и тука некако ми идеше да ивлетам таму да и сменам личен опис.Ај да беше еднаш што ме има накурчено и втор пат идам пак таму и купувам таму и давам пари и ја глеам и ми вика.Што ме глеаш бе ти и пак ме гледа така ко да сум и згрешил нешо.Такви ароганти говеда ептен мрзам.Исто и таа од Гиро Беко ме има накурчено неколку пати.Се воздржувам колку што можам не враќам ама еден ден..
 
Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
И другарка ми имаше евра во неа...и таа на каса што беше,и се испонаша демек оди смени ги парите...ама како ме изнервира,ме изваде од патики.
Според закон, за наплата, касиерката не смее да прима ниту една друга валута, освем Денарот.

А после тоа сакав да платам јас и ја имав картичката од татко ми(малолетна сум) и ми вика:"Твоја е?" и и викам на татко ми...и ми вика оди истај си пари..
Не сум сигурен баш колку е легално да користиш туѓа кредитна картичка, макар и на родител. Затоа постојат допунски картички, ополномоштувања и слични работи.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
леле како ме нервираат така ...
еднаш се ипокарав со една ... нејкеше да стани да ми дај друго бројче ...
не му сме ние криви тие шо работат в бутик ... селанки
а има и многу машки такви ... ми се крева сафрата така :tapp:
 
devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
ау најмногу нешто што мразам е вообразени продавачки. Колку и да ми се свиѓа тоа што сакам да го купам не им го купувам за инает зошто така се однесуваат, а и плус го замразувам и самиот бутик заради нив. Секако дека ми се имаат случено такви случки да не сака да ми даде број или воопшто да не ме услужи или да иде секаде по менее како мисли дека сакам нешто да и украдеш. абе глупости, исфрустрирани особи кои си ги лечат комплексите со муштериите, а не ги има малку по бутициве
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
И јас стално се воздржувам, ама не треба, треба еднаш да им кажам два збора.
Последно што ми беше вака непријатно беше во Бруно дог шоп. И одам јас таму, една помала од мене може е, (нели беше забрането со закон малолетници да работат), и ја прашувам за оррлица, ми покажува една две, а таму има едно 20. И гледам девојчево нешто не е заинтересирано и почнав да си шетам по продавница, а оваа со поглед ме брка. Ја ја прашувам за цени, оваа со полуотворена уста што да ви кажам.

Одам денес пак со моите и таму ете ти ја Мелита. И да ви кажам е милион пати пофина од таа малолетната, не знам зошто воопшто вработуваат такви.
 
Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Аууу од такт ме вадат така ама најчесто и јас почнувам некои фацки да правам и да дофрлувам нешто иронично и одма си излегувам од продавница.
Нервира ептен така некој што изгледа како да е пишман што се родил да треба да те услужи ама исто така ме нервираат и вработените во EUROASIA што постојано се влечат по мене и не ме оставаат на раат да си прошетам и да разгледам нешто асално ко човек.Па и премногу љубезност не ми чини :toe: .
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
За такви арогантни фаци ама ИЧ не преќутувам,ако не ми чини одма ќе дофрлам нешто,едноставно не можам да преќутам.А најмногу ме нервира некој кога ме убедува за нешто дека убаво ми стои дека ми е прекрасно дека сум бил екстра во тоа што го пробувам а уствари се гледам дека во тоа што сум го облекол сум ГРОБ.

Толку.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
Влегувате во бутик,и ви затребува број..викате една од вработените,и ти се понаша и ти врти очи..дали после тоа би го купиле тоа што сте го барале?

или

(од денеска случка)
Бев на шопинг со другарки..
И другарка ми имаше евра во неа...и таа на каса што беше,и се испонаша демек оди смени ги парите...ама како ме изнервира,ме изваде од патики.
А после тоа сакав да платам јас и ја имав картичката од татко ми(малолетна сум) и ми вика:"Твоја е?" и и викам на татко ми...и ми вика оди истај си пари..и ја гледам оваа со полни очи..ми идаше да ја убијам страшно...сфаќам дека сум мала за тоа,ама ниакде до сега не ми направиле проблем кога купувам сама со картичка...

Дали сте имале вакви случки?
Како постапивте?
Фактички опишете ни што се деси..:pipi:

:helou:
Убаво ти кажала, кај нас платежно средство е денарот а не еврото (сеуште). А платежна картичка на неполни 18 верувам (секој би проверувал)! :vozbud:
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Во Охрид ми се има случено неколку пати, абе влегувам во продавница,нив ги мрзи да работат како да немаат желба за живот. Ти идаат со една намуртена фаца и од сила едно тегнато : Повелете... и ти ќе им речиш : Да разгледаме, таа си седнува и си прави муабет на телефон или со некој таму шо им е пријател.. одиш ја прашуваш : Шо број има од овие фармерки?, таа ти вика : Види тука ќе најш,можда има поголем.
:nenene:Ова не е нељубезност, ова преминува во (не)култура
 
Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
Абе што толку се жалите на продавачите па вие сте отишле да купите некој артикал во продавница или да го гледате продавачот дали ке ви се насмее??!!
 
Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Абе што толку се жалите на продавачите па вие сте отишле да купите некој артикал во продавница или да го гледате продавачот дали ке ви се насмее??!!
Тоа е кодекс на однесување.
Работа си е работа,ако на некоја не и е погоден денот не треба на муштериите да се “истресува“.Сите проблеми дома треба да остануваат,а на работно место се знае бе -насмеана од уво до уво и ќе се умилкува ако треба.Муштериите се секогаш во право end oF story :wink: .
 
Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
Оооо тии.. сум работел јас и во продавница и затоа кажувам. Немојте да ги напаѓате безвезе луѓето, не се сите исти. Како би ви било вам да имате дневно по стотина идиоти кои влегуваат во дуќан како изгубени германци. На секому се нешто му фали, некој имал евра како што рече една на почетокот, некому му било скапо, некој го тепала жената дома....некој бара некој артикал кој го нема....не се излегува на крај со луѓе. А и ке ти кажам нешто...муштериите имаат лоша култура бе сестро..сите сакаат први да купат..сите се брзаат. На сето тоа ако се додаде дека кај нас продавачте земаат мизерни плати........доста е и таа култура што ја имаат.
 
ние не му сме криви тие шо работат во продавница или бутик :toe:
не му се бендисва работата - нека си одат!
и неможи кој било да работи со луѓе...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.274
А дали некој (ако е вработен) се запрашал колку е љубезен со муштериите, корисниците или колегите. Секако не се сите нељубезни, само дали се запрашал како истиот тој се однесува кога ќе му се 5-те лоши минути.
Ја сум бил во тие минути, па нормално е и за продавачите, луѓе се. Толку при срце не би требало, а првиот пример е во корист на продавачот заради причините претходно споменати (туѓа картичка и странска валута).

И точно, доста тешка е работата со луѓе, посебно ако е човек нефлексибилен и непрофесионален, без разлика на платата што ја добива.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom