Ч Е Н Т О напиша:
Добро бе треба ли да ти се нацрта дека се додека Груевски стои цврсто эад името СДСМ нема да добие ниту едни иэбори, па макар сите албанци и цела меѓународна биле на нивна страна, со се' што следи со тоа..?
Тој е на таа поэиција на која што е и ги добил нашите гласови (во 90% од случаите) токму поради тој факт, а ти тука упорно сакаш да иэигруваш баба Ванѓа и да го порамнуваш со тие што ги поддржуваш, и кои што: прифатија референца, сменија устав, сменија државен симбол, и ред други работи.
Мене (не энам эа другите) тој или било кој што ќе се обиде да ни го смени името ќе ми биде прв непријател, и никогаш нема да добие ништо а камоли глас на иэбори од мене.
ДОВОЛНО ЛИ Е ЈАСНО СЕГА....?!?
Не. Најверојатно тебе ништо не ти е јасно.
Како прво и основно, доколку Груевски 90% од гласовите ги добил врз база на непопустливоста во спорот како што велиш, објасни ми ти Ченто на мене, зошто според сите анкети 95% од народот бара членство во НАТО и ЕУ ?
Однапред ми е познат твојот одговор кој најверојатно ќе се сведе на тоа дека да, народот сака ЕУ и НАТО, ама без никако компромис и со зачувано име за секаква употреба.
Следи прашањето >
дали ти мислиш дека е можно ние да станеме дел од овие два сојуза, без да направиме некаков компромис околу името ?
Одговори ми на ова прашање за да дојдам до поентата, која најверојатно ќе се сведе на тоа дека некој свесно манипулира со чувствата на граѓаните, со тоа што од една страна им нуди подобра иднина (ЕУ НАТО), а од друга го лаже дека сето тоа може да го постигнеме без да направиме било каков компромис со грците.
Ова е директна манипулација со која во заблуда се става Македонскиот дел од популацијата во државава.
Е сеа идеме до втората твоја (ваша) теза, која вели дека нашата влада демек глуми преговори.
Што мислиш, уште колку може да глуми, и дали глумењето ќе донесе подобри позиции, или евентуално членство во Евроатланските структури под уставното име ?
Прва брана на која глумата ќе падне е табу муабетот со Албанскиот фактор во државава, на кој декларативно му се обеќа дека решението на спорот и влегувањето во НАТО ќе биде во првата наредна прилика, а во пракса немаме никакво напредување во таа насока.
Тука ќе го повторам муабетот на Бранко кој пред неколку години изјави дека доколку сакаме Македонија да биде политички стабилна и економски напредна,мора да бидеме чекор пред Албанија и Косово.
Колку и да сакам да ги негирам овие зборови, мора да признам дека сепак, ебено е во право.
Втората брана и опасност од глумењето преговори, е откажувањето на подршката од страна на и оние малку подржувачи што ги имаме во меѓународната политика.
Ако денес сета наша надеж за излез од ова брканица се базира на подршката на САД и по некоја европска држава, врз која основа во иднина ние ќе се потпреме за да политички ги победиме грците ?
Мислиш дека во Германија и Франција ќе преовладее свеста за неправдата која ни се нанесува, па ќе ги стегнат грците за да не пуштат во нивното друштво ?
Мислиш дека ќе ги избркат грците за да влеземе ние ?
Мислиш дека грција ќе се распадне ?
Овде да заокружам.
Глумењето преговори никако...ама никако не оди во наша полза.
Со ова варијанта само повеќе ги комплицираме работите.
Значи за да бидам на чисто, мора од долниве две варијанти една да одбереме.
1. Прекинување на преговорите.
2. Стегање каиш и решение на спорот со најмали можни последици.
За обете опции треба да се има муда, а не гравчиња меѓу нозете.
Сега јасно ти е эошто си и эасекогаш ќе си останеш ПРЕДАВНИК...!!!(пошто нели:
Е мој Методи.
Лесно е на аватар да го ставиш Ченто и да плукаш по секој кој има различни гледишта за иднината на државата од тебе.
Мисиш дека јас тоа неможам да го правам ?
Ете утре на аватар ќе го ставам Гоце или Јане, и на секоја реплика ќе повторувам дека дрн дрн Македонија.....дрн дрн одродници и предавници.
Но знаеш што е тешко ?
Тешко е да понудиш издржано решение или предлог за иднината на твојата држава, и двата милиона народ кои живеат во неа.
Јас моето мислење аргументирано го напишав.
Кое е твоето ?
Кое сложено име бе...?
Имаш ли бе основно чувство на достоинство или эа некаква (било каква), елементарна гордост эа тоа што си..?
Да бе другар....имам. Јас сум Македонец, и сакам во иднина да си останам Македонец.
Доколку оној кој ме води неможе ова да ми го обезбеди, редно е јасно да ми каже....а ти и понатаму може да веруваш во неговите демагогии и приказни за двете лубеници под една мишка.
Што родители ве иэраснаа бе вакви иэроди...
Можеби не си свесен, но ја преминуваш границата на невкусното.
Обиди се следната реплика да ти биде со повеќе аргументи а со помалку навреди.
И на крајот на краиштата твое право (мал милион пати повторено овде и секаде). Сакаш да си бидеш аморфна, флотантна маса (божемен космополит) и не ти е важно ако некој на сила сака да ти смени име, терај си батка. Има исто така мал милион начини како да не си дел од нашава "невоља".
Вечен туриэам, барање аэил, ова-она, има начини... кој те држи?
Ти другар можеш твоите блиски да си ги селиш од Македонија. Јас својата лојалност кон државата досега во многу наврати ја имам на дело (а не по форуми) покажано и докажано.
За возврат само барам да ми обезбеди достојна иднина.
А дали тоа ќе биде со НАТО или без НАТО....за мене е ирелевантно.
Мислам дека ме разбра.
Доколку не...повели и напиши кај ти е недоумицата.