За што преговараме - за името, за референцата или за идентитетот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Братот, за мене најрелевантни се официјалните ставови на ЕУ и САД.

Грчките желби не би ги коментирал, иако е добро да се имаат на увид.

Искрено, ЕУ воопшто не се конкретни во тој поглед. Тие велат дека треба да се градат добрососедските односи, дека треба да се постигне компромис, но тие не нагласуваат за каков компромис мислат.

Само велат компромис, а тоа е богами широк поим.
 
Братот, за мене најрелевантни се официјалните ставови на ЕУ и САД.

Грчките желби не би ги коментирал, иако е добро да се имаат на увид.

како тоа не ти е битно ... па баш поради нивните желби и барања сме на ова дереџе ...
и пази

Да расчистиме. Ова што го велите е ваш личен став?
Веќе не. Тогаш, пред 17 години, беше мој личен став, но сега веќе е официјална политика. Ова што ви го велам е она што го кажа господин Караманлис на самитот на НАТО во Букурешт.

значи тоа им е официјална политика ...
како можеш да ја занемариш ....
тие тоа го наметнуваат ... тоа се нивните барања ...:toe:
 
Добро, тоа се нивните ставови и добро ги знаеме.

Што е со нашите? Што сме подготвени да направиме? Кој е нашиот став? Преговараме, преговараме, активно преговараме, црвената линија е непозната, до пред 4 години велевме дека е добро само да се одлага, а сега некој ни вика, ВЕДНАШ да го смените името? И, ние како добри момчиња почнуваме со квази-дебата во општеството. Па, Северна Македонија не било толку лошо, па што ќе ни фали да се викаме Нова Македонија....

Мое скромно мислење е дека навистина победуваме. Кој аргумент го имаат Грците против нас? Историја? Ај да почнеме да зборуваме за нашата и недај боже за нивната. Човекови права? Повторно на наша страна. Стабилност на Балкан? Повторно на наша страна. Токму затоа кај нас почна да се зборува дека еве готово, губиме на сите фронтови и време да кренеме бело знаме. Бидејќи само сами можеме да го направиме тоа.

П.С. Навистина ме интересира што носат во папките нашите преговарачи во Њујорк.
 
Ајде, тогаш за ставовите на ЕУ и САД. САД викаат разговараме САМО за името, ЕУ е збирштина од нации и навистина не ми е јасно што кажуваат тие.

Сега тоа САМО за името, како би го објаснил?
Гледај Гоч. Факт е дека ние со Грција сакале или нејќеле, мора да направиме компромис, доколку нормално и во иднина приоритет ни бидат НАТО и ЕУ.
Е сега следи прашањето, како од ова ситуација да го извлечеме максимумот.
Да му ебем матер........врти сучи, се се сведува на надежта дека Америка ќе ни помогне во напорите да најдеме некаква формулација или компромис, со кој ќе се гарантира непроменливоста на Македонската нација.
Како би го направиле тоа.....?
Искрено незнам.
Но затоа нели имаме луѓе во ова држава кои се овластени и компетентни да мислат и барат решение.
Што имавме ние во изминатите три години ?
Наместо конечно разрешување на дилемата дали е можен компромис со кој ние ќе си останеме Македонци, натегања во тоа кој е поголем патриот а кој поголем предавник.
Значи наместо барањето предавници, редно е веќе некој да почне да си ја врши работата за која е платен, и доколку е можно, да најде решение за да конечно испаднеме од ова кал.
Во спротивно доколку решение не е можно, истото да го соопшти на пошироката Македонска јавност за да се фокусираме на алтернативно барање чаре.

Ситуацијата статус кво.....најмалку нам ни одговара.
Кралот Марко напиша:
Прво не си ме прашал до сега, а сега со ова ако ме прашуваш ќе ти кажам нема да го поддржам Груевски со било каков разумен компромис освен со името Македонија. Во овој момент сеуште го поддржувам затоа што мислам дека сеуште не покажал дека прави разумен компромис, од оној момент кога ќе почне да забегува, (дај боже да не забега) ќе ја изгуби мојата поддршка, затоа што сите сме минливи па и Гуевски и да не се прповторуваме само Македонија е вечна и верувам во тоа колку и да изгледа некому нелогично.
Фер одговор :smir:
Искрено, ЕУ воопшто не се конкретни во тој поглед. Тие велат дека треба да се градат добро соседските односи, дека треба да се постигне компромис,но тие не нагласуваат за каков компромис мислат.

Само велат компромис, а тоа е богами широк поим.
Тоа е затоа што ние сеуште немаме изградено државен став околу црвените линии на можниот компромис.
 
Гледај Гоч. Факт е дека ние со Грција сакале или нејќеле, мора да направиме компромис, доколку нормално и во иднина приоритет ни бидат НАТО и ЕУ.
Е сега следи прашањето, како од ова ситуација да го извлечеме максимумот.
Да му ебем матер........врти сучи, се се сведува на надежта дека Америка ќе ни помогне во напорите да најдеме некаква формулација или компромис, со кој ќе се гарантира непроменливоста на Македонската нација.
Како би го направиле тоа.....?
Искрено незнам.
Но затоа нели имаме луѓе во ова држава кои се овластени и компетентни да мислат и барат решение.
Што имавме ние во изминатите три години ?
Наместо конечно разрешување на дилемата дали е можен компромис со кој ние ќе си останеме Македонци, натегања во тоа кој е поголем патриот а кој поголем предавник.
Значи наместо барањето предавници, редно е веќе некој да почне да си ја врши работата за која е платен, и доколку е можно, да најде решение за да конечно испаднеме од ова кал.
Во спротивно доколку решение не е можно, истото да го соопшти на пошироката Македонска јавност за да се фокусираме на алтернативно барање чаре.

Ситуацијата статус кво.....најмалку нам ни одговара.

Не се согласувам дека МОРАМЕ да направиме компромис со Грците. Зошто тоа би било така? Зарем Германците и Французите ги имаат решено своите историско-политички прашања и учат иста историја? Зарем Турците и Ерменците стигнаа до компромис? Баскијците со Шпанците? И други такви примери....

Но, еве и да дојде до компромис кои ние и тие ќе го потпишеме. Не верувам дека тука ќе застане, барем колку што ги знам Грците (имам 5 фамилии Македонци роднини таму и знам што и кој е Гркот). Да биде и само името, сигурно после тоа ќе треба да се оди на разјаснување на сите тие ситни точки кои тие ги бараат - неекслузивност на името, нашето "крадење" на историјата (според нив) и слични работи.

Неодамна го слушнав оној Славистот, Амерот, Фридман, и тој даде добра идеја - проширете ги преговорите. Не само за името. Зборувајте и за историјата, и за македонското малцинство таму и за имотите и за секоја ситница. Можеби тогаш ќе им стане јасно на сите дека македонското прашање нема така едноставен одговор како што тие мислат.

Мојот личен став е порадикален - прекин на сите преговори, гласање во ОН за влез под уставно име, барање еден-по-еден од земјите во Европа да се изјаснат...

П.С.
Немој да импутираш дека во последните 3 години се појави проблемот со името. Само предходно нашите медиуми не зборуваа за него...
 
Но, еве и да дојде до компромис кои ние и тие ќе го потпишеме. Не верувам дека тука ќе застане, барем колку што ги знам...

Нели многу слично имавме со рамковниот и не престана... така што те поддржувам во целост.
 
Треба некој да излезе во јавност и да каже дека овој проблем (за името) во никој случај не можеме да го решиме 20, 50, а можеби и повеќе години.

И потоа да видиме дали можеме да се протнеме во НАТО (што Америте силно го посакуваат) и во ЕУ (што ние силно го посакуваме). Самите Грци се имаат обврзано во тој привремен договор да не не блокираат па го прават тоа. Зарем кога ќе влеземе во НАТО или ЕУ со сменето име, ќе престанат да ни ставаат сопки?

Ништо од овој муабет? Ако, може и другпат....
 
Анализирајќи ја моменталната состојба и досегашните преговори помеѓу македонската и грчката влада и изјавите на македонските политичари лесно би заклучиле дека преговорите се за идентитетот, името е само формалност. Тоа што владата на Македонија изјавува дека е спремна за компромис значи дека се согласува со промена на име кое ќе содржи збор Македонија, но идентитетот да биде македонски. Тоа Грција не го сака бидејќи ако името се смени, а идентитетот остане ист, тогаш никаква цел не е постигната.
 
Јасно ко солза. За да се подели политички и територијално оваа држава од македонската грчка територија првенствено е промена на името во географска одредница која нема да претставува име на народ за да се одбегне истоветување со македонците во Грција. Значи се согласуваме, името е само формалност. Останува прашањето како ќе се именува славофоното население во државава и како ќе се именува јазикот на ова население.

Едно е сигурно, ниту за грците,ниту за бугарите не претставува проблем како ќе се именува државата, дури немаат забелешка ако се вика Македонија со некоја додавка или продавка за да се разликува од територијата на Грција. Тоа што се негира е истоветувањето на населението на државава со античните македонци, притоа користејќи го како главен аргумент словенското потекло и јазик на населението на државава кое се нарекува како македонци кои говорат македонски јазик.
Искрено ова е јак аргумент. Можеш до сабјале да викаш и рикаш дека си македонец но се додека вашето потекло се смета како словенско бидејќи говорите словенски јазик не можете да се истоветувате со античните македонци, инаку пред светот станувате смешни.
 
А на кој јазик зборувале "античните" Македонци, пиле?:helou:
 
Со сигурност не говореле словенски јазик.
Другар, ако си толку мудар, тркни до "Историја" читни нешто, и не ја мешај овде. А, ако толку сакаат да направат дистинкција Грците нека си ја прекрстат нивната Македонија. Овој народ се нарекувал себеси Македонски од секогаш, и нема што некој да го преименува, тоа име го одбрал и тоа и ќе си го носи, исто како што ти си одбрал да бидеш Албанец, а твојата држава да се нарекува Албанија.
 
Со сигурност не говореле словенски јазик.

Словенски?

Од кога се вика 'словенски' ?

Ај читни ја темата за Санскрит, на форумот за историја, па врати се тука, важи?:helou:
 
Он си се држи до своето, мислиш не прочитал... не се занимавајте со него.

Нека продолжи да провоцира.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom