Насилство и повредени на протестот во Скопје

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Најпосле на некој му се отворија очите и го направи она за кое младичов тупеше:
И тој некој, беше каменуван на плоштад... Сите кои ќе се препознаете во барем една реченица, ќе ве молам да се засрамите пред вашите колеги од Архитектонски факултет.
 
Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Резиме!!! Целта е постигната! Јавноста е дефокусирна, никој веќе не збори за избори, изборни програми, кандидати за претседател или градоначалници, а во недела се гласа. Значи успеа машинеријата на Бране да ја покрие слабоста и мизеријата на своите кандидати за претседател или градоначалници и да генерира нови поделби од кои очекува да профитира во недела. Верувам дека МАКЕДОНЕЦОТ уште еднаш успешно го прочита овој ефтин уличарски трик и ќе го казни уште по жестоко оној кој од лични себични интереси не и мисли добро на МАКЕДОНИЈА... МАКЕДОНИЈА ЗАСЕКОГАШ!!!
Не мора да пишиш болдирано, читаме и вака...
Кога веќе пишуваш со болдирани букви дај да ти зацрвенам еден дел кој е доста смешен и интересен. :tv:
 
Член од
22 јули 2008
Мислења
819
Поени од реакции
26
Alal da mu e na tipcevo si gi rece site maki i site vistini vo govorot.

Odamna ne sum cul nekoj taka iskreno da zboruva za realnata situacija vo koja ovaa drzava i opstestvo se naogaat.

Treba povekje vakvi tribini i mnogu povekje vakvi tipovi koi ke ja sirat vistinata za situacijata vo drzavata i ke deluvaat na mladite da se trgnat od letargijata vo koja se zapadnati.

Kako e trgnalo onoj del so revolucijata nema da bide samo borba za prava so um tuku bas naprotiv ke mora i oruzje da se zima vo race za da se ispravat site nepravdini koi mu se naneseni na Makedonskiot narod.

Daj boze da ima mnogu povekje vakvi mladi lugje koi nema da se plasat od nikogo , a posebno od partiite i ke se borat za vistinskata demokratija vo Makedonija i za dostoinstven zivot na site.
 
NafuraN

Infinity is my Limit!!!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
286
Поени од реакции
24
Види сега колку глуп пост пишуваш и праиш споредба ала дете 10 години, слични на другари ти АБЦ прилепчанецот.

Абе не ме маде боли, мене за тоа што ти мислиш. Мене скокнаа да ме тепаат албанци за 100 години албанска азбука затоа што јас бев оној ребелот во тој случај и не се согласував со нешто што се согласуваше мнозинството. Има и клип на јутуб со тоа, ама јебига не е битно дали веруваш или не веруваш па и не си некој кур фактор да мора да се инфилтрираат преку тебе моите експресивни и импресивни податоци.

Проблемот се задлабочува повеќе неразбирањето и немањето плуќа да се доживее, емпирискиот скок на суштинските потоци кој се влеваат и го креираат морето во човекот, кај тебе се пресушени, или имаш куцнато брана на нив, па не може да течат, да проодат, да уживаат и на крај се слеат.

Незнаењето да се направи споребда, со тоа како Албанците се во оваа држава малцинство во секој случај и во никој случај не биле инволвирани во решавање на клучни прашања, освен еднаш, и тоа отворени прашања од нив самите.

Не сум за туркање на Скендербег, не сум за туркање на веќе изграден постамент а и споменик на Филип Втори во Битола, но барам да се стопира веќе, со сељаштијава, со која се храни народот, кој априори е сељак(затоа ти немој да бидеш таков, надрасни сељачки препреки). Пријателот ти твој АБЦ, вика дека ќе бил ректор по делење памет и логикување и на веќе изградена џамија од 15 век, ќе ја рушеле до темели и ќе граделе нова црква налик на некоја стара (јеби му матер хипотетски) која била постара дури и од Св.Софија во Истанбул. Налет тоа, имало 77 цркви во Прилеп, кој биле турнати од Турчинот, и требало да се изградат, и на постителите, американци и германци да им се пофалиме дека еве имаме цркви постари од црната раса и тие ќе не наградувале нас.

-Само да не го лутиме Турчинот викам јас од една страна-

Еве со каква логика вие се служите пријателу мој! Во земја која имплицира народ страшно лош, сељачки, националистички, пази ова националистички само за македонците а првите две за сите што живеат овде; радикално националистички народ, мислам дека тоа чуство е како топче пинг понг кое оди и се враќа и се пренесува метастаза, па еве и нас сте не заразиле...

И јас сум националист, во тие референтни рамки, само што за разлика од оние што се палат на јадење од статуи од Скендербег, јас се палам на нешто повозвишено, да не кажам сум поумерен.

Јас коа ќе чујам Македонец да оди на протест против Грција и менување на име и да не пее "Нека разберат клетите Албанци македонско име нема да загине", тогаш јас ќе си го изрендам курот како ордевер на маса ќе го стаам.
Ова мое барање е помало од твоето, со помала тежина.
Од вакви прагматични итри албанчиња, племето македонско си ни јеба мајката....-апсолутно сами си сме криви. Овај протест е доказ за тоа.

Не мора да пишиш болдирано, читаме и вака...
Кога веќе пишуваш со болдирани букви дај да ти зацрвенам еден дел кој е доста смешен и интересен. :tv:
Знајш шо е смешно,ВМРО- 25 општини СДС- 4, прогласивте победа, а ги зедовте само дебарца,струмица куманово и струмица и куманово.
АКУ АКУ УБО Е , ВМРО СЛАВИТ, ВИЕ СЛАВИТЕ, ДУИ И ДПА СЛАВАТ, ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА СЛАВИ...- ова ти се успешни избори
 
кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
Не мора да пишиш болдирано, читаме и вака...
Кога веќе пишуваш со болдирани букви дај да ти зацрвенам еден дел кој е доста смешен и интересен. :tv:
:vozbud::vozbud::vozbud: Болдираното е за слепци како тебе...

Коментари и Дебати

Каде бевте студенти!

Автор: Александар Дамовски

Архитектурата е уметност на обликување на просторот. Ликовна уметност со практична намена. Архитектурата е и наука и уметност на планирањето и изградбата на објекти. Луѓето што се занимаваат со архитектура се викаат архитекти. Младите што студираат архитектура се викаат студенти по архитектура. Архитектура не е исто што и градежништво. Има градежни објекти, но има и архитектонски велемајсторства. Има и студенти по архитектура и архитекти и урбанисти. Има и зградари, нова категорија градежници чија задача е само градење згради.

Сето ова го има во Скопје. Има и архитекти, и професори, и градежни инженери, и архитектура и градежништво и зградарство и зградари.

Навистина би бил среќен кога дел од овие категории луѓе што велат дека се занимаваат или навистина се занимаваат со обликување на просторот во кој живееме би биле многу поприсутни во јавноста од оној несреќен саботен протест за и против црквата.

Да се разбереме. И јас, со моето скромно познавање на архитектурата и чувство за урбанизам, мислам дека на плоштадот на главниот град на Македонија, Скопје, му нема место за објект. За каков било објект. Било тоа да е црква, трговски центар, деловен објект или, ако сакате, дури и катна гаража. Едноставно нема место, нема простор, воздух, ќе нема движење, ќе нема комуникација, плоштадот ќе се задуши...

Ама на истиот тој плоштад мислам дека немаше место и за трговскиот центар „Лумикс“. Во почетокот на изградбата на тој објект, освен станарите од соседната зграда, не видов ниту еден студент како протестира.

По градов немаше многу простор и за разни други градби, ама се изградија. И на поставувањето на камен-темелникот на тие грдосии од градба не протестираше никој друг освен комшиите и засегнатите помали групи на граѓани на кои овие објекти им ги узурпираа зеленилото, светлината, детското игралиште... Не видовме ниту една група студенти, група архитекти, урбанисти, здружение на архитекти да го кренат гласот против тоа. Молчеа или, пак, негодуваа само во своите затворени кругови, озборувајќи ги колегите што го добиле проектот за таа градба.

А токму тие категории на луѓе, професионалци, еснафи, се најповиканите што требаше и треба да ги отворат сите тие прашања. Тие се тие што треба(ше) да го кренат гласот против превласта на зградарите над архитектите и урбанистите. За жал, сите тие молчеа и така молчешкум го дочекаа овој хаос од објекти, овој хаос од урбанизам, ова вистинско силување на Скопје, кое се направи во последниве години. Па Скопје не е силувано еднаш, не е силувано двапати. Скопје почнаа да го силуваат уште од 1970-тите, а меракот тоа да се прави особено зачестено почна во почетокот на 1990-тите.

Треба ли примери? Еве само неколку. Каде беа студентите по архитектура кога почна, кога беше во тек и кога речиси се заврши онаа грдосија од градба покрај стадионот во градскиот парк. И со овој објект, кој не е верски, граѓаните на Скопје и навивачите на Вардар имаат сериозен проблем со движењето, со комуникацијата, со просторното осмислување...

Каде беа архитектите и студентите по архитектура кога скопската населба Дебар Маало се претвори во вистинска грдосија од населба со згради, згради и само згради, населба без паркинзи, населба без зеленило, без детски игралишта, населба без дворови, населба во која балконите од две згради се на оддалеченост од нецели два метра, населба на станови без поглед и светлина. Му треба ли уште на некој скопјанец доказ, фотографија, за балконите надвиснати над колите што под нив чекаат на зелено светло на семафорите од улицата под нив во населбата Кисела Вода.

Зградарите и нивните го претворија Скопје во вистинска архитектонска џунгла, урбано безредие, калакурница. И сето тоа се направи според словото на законот и на секој таков документ е потпишан и понекој архитект, понекој урбанист, понекој професор. Сè е законски. Нè убедуваат сите градоначалници во еден глас, правејќи нè слепи на очи за она што го гледаме пред нас и за она што и најнеписмениот го гледа и го чувствува.

Вака студентите по архитектура од саботниот протест сами го оставија просторот за лепење етикети за нивната политичка инструментализација и манипулација.

За ум, за утре, кога заедно ќе треба да излеземе и да протестираме против бизнис-интересите и корупцијата, а за убаво урбано Скопје!
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Сакам на својот плоштад да гледам:

-цркви
-официрски дом
-фонтани
-кипови
-гулаби

се што не е бизнис
 
spaso

Search Pretty Girls from your city for night
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
I spomenik na Aleksandar Makedonski
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Знајш шо е смешно,ВМРО- 25 општини СДС- 4, прогласивте победа, а ги зедовте само дебарца,струмица куманово и струмица и куманово.
АКУ АКУ УБО Е , ВМРО СЛАВИТ, ВИЕ СЛАВИТЕ, ДУИ И ДПА СЛАВАТ, ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА СЛАВИ...- ова ти се успешни избори

Абе не е овој муабет за тука.

Него убаво и Груевски им рече: Ако ова за нив е успех, нека продолжат така.

:pos2:

Проблемот е што сите овие работи кои ги прават ќе им се удрат во глава, оваа форсирана радикализација ќе им се рефлектира и народот нема против власта да се организира туку нив како зајци ќе ги гони, да немаат мир надвор од куќи.
 
Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
Абе не е овој муабет за тука.
Не е за тука, ама дур пишував јас ти веќе си одговорил. Ај да не иде во неповрат.

Едните слават оти на другите им паѓал, ама па на тие едните сеуште не им се дига доволно.

А и Љубе и Имер и вмро народна слават оти се наметнале како сериозен фактор на сцената т.е. како трета опција. Сите среќни.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Aбе голема работа од еден дебатист ќе направите Македонски Че Гевара ебаго.Јас ви велам дека сега е моментот светската јавност своето внимание да го пренасочи кон Грците каде се случуваат вакви или слични протести секојдневно,итоа многу порадикални,па не излегуваат Фуере и компанија да се произнесат како биле фрапирани.Им давате аргументи ебаго,сите вие им давате аргументи,а тие ги користат против Македонија,против вас,против мене,против сите нас.Ова важи и за Грујовиси и за Бранковисти и за Џунеристи,за “верници“ и неверници,важи за архитекти и градежници,за студенти и питачи,за сите нас важи,се “раскокодакале“ по медиуми како да е “смак света“ оти ќе граделе црква на плоштад во Скопје,па кај најдоа сега камен темелник да ставаат,другиве пак рипаат како “напалени мајмуни“ ќе го бранеле од силовање плоштадот кој веќе одамна поминал “колективна опаљотка“.:toe:
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
:vozbud::vozbud::vozbud: Болдираното е за слепци како тебе...

Коментари и Дебати

Каде бевте студенти!

Автор: Александар Дамовски

Архитектурата е уметност на обликување на просторот. Ликовна уметност со практична намена. Архитектурата е и наука и уметност на планирањето и изградбата на објекти. Луѓето што се занимаваат со архитектура се викаат архитекти. Младите што студираат архитектура се викаат студенти по архитектура. Архитектура не е исто што и градежништво. Има градежни објекти, но има и архитектонски велемајсторства. Има и студенти по архитектура и архитекти и урбанисти. Има и зградари, нова категорија градежници чија задача е само градење згради.

Сето ова го има во Скопје. Има и архитекти, и професори, и градежни инженери, и архитектура и градежништво и зградарство и зградари.

Навистина би бил среќен кога дел од овие категории луѓе што велат дека се занимаваат или навистина се занимаваат со обликување на просторот во кој живееме би биле многу поприсутни во јавноста од оној несреќен саботен протест за и против црквата.

Да се разбереме. И јас, со моето скромно познавање на архитектурата и чувство за урбанизам, мислам дека на плоштадот на главниот град на Македонија, Скопје, му нема место за објект. За каков било објект. Било тоа да е црква, трговски центар, деловен објект или, ако сакате, дури и катна гаража. Едноставно нема место, нема простор, воздух, ќе нема движење, ќе нема комуникација, плоштадот ќе се задуши...

Ама на истиот тој плоштад мислам дека немаше место и за трговскиот центар „Лумикс“. Во почетокот на изградбата на тој објект, освен станарите од соседната зграда, не видов ниту еден студент како протестира.

По градов немаше многу простор и за разни други градби, ама се изградија. И на поставувањето на камен-темелникот на тие грдосии од градба не протестираше никој друг освен комшиите и засегнатите помали групи на граѓани на кои овие објекти им ги узурпираа зеленилото, светлината, детското игралиште... Не видовме ниту една група студенти, група архитекти, урбанисти, здружение на архитекти да го кренат гласот против тоа. Молчеа или, пак, негодуваа само во своите затворени кругови, озборувајќи ги колегите што го добиле проектот за таа градба.

А токму тие категории на луѓе, професионалци, еснафи, се најповиканите што требаше и треба да ги отворат сите тие прашања. Тие се тие што треба(ше) да го кренат гласот против превласта на зградарите над архитектите и урбанистите. За жал, сите тие молчеа и така молчешкум го дочекаа овој хаос од објекти, овој хаос од урбанизам, ова вистинско силување на Скопје, кое се направи во последниве години. Па Скопје не е силувано еднаш, не е силувано двапати. Скопје почнаа да го силуваат уште од 1970-тите, а меракот тоа да се прави особено зачестено почна во почетокот на 1990-тите.

Треба ли примери? Еве само неколку. Каде беа студентите по архитектура кога почна, кога беше во тек и кога речиси се заврши онаа грдосија од градба покрај стадионот во градскиот парк. И со овој објект, кој не е верски, граѓаните на Скопје и навивачите на Вардар имаат сериозен проблем со движењето, со комуникацијата, со просторното осмислување...

Каде беа архитектите и студентите по архитектура кога скопската населба Дебар Маало се претвори во вистинска грдосија од населба со згради, згради и само згради, населба без паркинзи, населба без зеленило, без детски игралишта, населба без дворови, населба во која балконите од две згради се на оддалеченост од нецели два метра, населба на станови без поглед и светлина. Му треба ли уште на некој скопјанец доказ, фотографија, за балконите надвиснати над колите што под нив чекаат на зелено светло на семафорите од улицата под нив во населбата Кисела Вода.

Зградарите и нивните го претворија Скопје во вистинска архитектонска џунгла, урбано безредие, калакурница. И сето тоа се направи според словото на законот и на секој таков документ е потпишан и понекој архитект, понекој урбанист, понекој професор. Сè е законски. Нè убедуваат сите градоначалници во еден глас, правејќи нè слепи на очи за она што го гледаме пред нас и за она што и најнеписмениот го гледа и го чувствува.

Вака студентите по архитектура од саботниот протест сами го оставија просторот за лепење етикети за нивната политичка инструментализација и манипулација.

За ум, за утре, кога заедно ќе треба да излеземе и да протестираме против бизнис-интересите и корупцијата, а за убаво урбано Скопје!
Сакам да искажам огромна благодарност до Дамовски што успеа Нова Македонија од обична политичко брошурче на Ерол Ризаов да ја врати на старите патеки каде слободната мисла може слободно да циркулира во весникот.
Во овој наплив на нарачани текстови во весници како што е Дневник, подржани од Вест и Утрински а сите заедно членови на ВАЦ, Нова Македонија е вистинско освежување.
Браво за Нова Македонија, добивте верен читател.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708

da ne ispusti nesto ..kazi i na Sitel deka dobi redoven slusatel i gledac :vozbud:
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Aбе голема работа од еден дебатист ќе направите Македонски Че Гевара ебаго.Јас ви велам дека сега е моментот светската јавност своето внимание да го пренасочи кон Грците каде се случуваат вакви или слични протести секојдневно,итоа многу порадикални,па не излегуваат Фуере и компанија да се произнесат како биле фрапирани.Им давате аргументи ебаго,сите вие им давате аргументи,а тие ги користат против Македонија,против вас,против мене,против сите нас.Ова важи и за Грујовиси и за Бранковисти и за Џунеристи,за “верници“ и неверници,важи за архитекти и градежници,за студенти и питачи,за сите нас важи,се “раскокодакале“ по медиуми како да е “смак света“ оти ќе граделе црква на плоштад во Скопје,па кај најдоа сега камен темелник да ставаат,другиве пак рипаат како “напалени мајмуни“ ќе го бранеле од силовање плоштадот кој веќе одамна поминал “колективна опаљотка“.:toe:
Стварно не видов таму големите амбасадори како што тоа вчера го направија амбасадорите на ЕУ на САД и на ОБСЕ, истото и во Грција да го прават, дека Грција е под будното око на овие големи “демократски“ земји.
Таму насилството веќе се случува секојдневно 6 месеци а етничкото чистење 200 години.
И продолжува.
Да ти се плукнам во таквите двојни аршини и шиканирања на мојот народ кои за најмал инцидент го пеналат и му ги смкнуваат гаќите за казна.

da ne ispusti nesto ..kazi i na Sitel deka dobi redoven slusatel i gledac :vozbud:
Да гледам и Сител, А1, МТВ, Канал 5.
Дневник од вчера го тргнав од мојот список за дневен весник заедно со Вест, а Утрински ми е на вечен бан пошто во душа ги знам комуњарите новинари на чело со Ерол Ризаов.
Нова Македонија го зазема почесното место да ме информира за дневните настани.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Стварно не видов таму големите амбасадори како што тоа вчера го направија амбасадорите на ЕУ на САД и на ОБСЕ, истото и во Грција да го прават, дека Грција е под будното око на овие големи “демократски“ земји.
Таму насилството веќе се случува секојдневно 6 месеци а етничкото чистење 200 години.
И продолжува.
Да ти се плукнам во таквите двојни аршини и шиканирања на мојот народ кои за најмал инцидент го пеналат и му ги смкнуваат гаќите за казна.
Па им давате повод бе,едни со камен темелници во незгодно време и на несоодветна локација,други со протест кој касни веќе 18 години и тој избран токму кога најмалку има потреба.ЕУ убаво ви вели мирни и достоинствени избори,ние како за инает ќе измислиме проблем за кој инаку никогаш немало да ни текне.:toe:
 
Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
шо убо си зборевме за фрле и ѓоре, сега ни се наметнаа муабети за фашизам, верски фундаментализам итн.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom