Насилство и повредени на протестот во Скопје

Статус
Затворена за нови мислења.

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.417
а ти не мора сите страни да ги прочиташ..
Види кој потикнува на контра протест.. Па не е ова утакмица бе!?
Не играме со некој од странство.. Не доагаат странски навивачи..
Што не ти е јасно !??:helou:
Беј бе нетсфан, што кур знаеш ти за нетс, ќе имаш збор коа ќе ми кажеш во која година последен пат играше финале и против кого, и кој умре во 7-миот натрпевар. До тогаш трк у штаб по најнови информации. Пошто очигледно не си у тек со настаните.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Дали е тоа битно?

Дали тоа менува нешто во мојот психофизикус? Нешто да промени, есенцијално во мојот однос према светот, народите и форумот, кој е сепак инструментот на спојка и сплотување.

Никот ми е Пикасо, а не Пикасон.

Менува, бидејќи си безгласен.

Тука те штити анонимноста, достапноста, неможноста да те прочитаат барем 10.000 албанци и да имаш муда да им пркосиш на албанските политички партии преку своите критики во јавен медиум.

Тогаш ќе можевме да споредиме, каков е навистина твојот однос кон Светот и дали имаш карактер со изграден психофизикус..да се бориш и застапуваш за она во кое веруваш или па ќе се згрчиш и ќе исчезнеш.

Еве, организирај протести на младите Албанци против градењето на некоја Џамија бидејќи ги иритира Христијаните или да се тргне споменикот на Скендербег бидејќи бил масовен убијца и диктатор.

:helou:

Кога ќе доживеам да чујам нешто вакво од албанец... жими патката.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.417
Е, таму ќе паѓаат глави! :pos2::pos2:
Ќе паѓаат Македонски глави за туѓи интереси. Баграта не бира ни место, ни време, ни жртви. Али ако, кога тогаш, КОГА ТОГАШ, ќе им се наплати сеирот. Патем нема да ја заборавиме затезната камата.....
 
кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
Мирка Велиновска била во право!!! Ова е тоа што го предупредуваше цело време, се активира машинеријата на Бране. Луѓе, Бране доаѓа, не се чудете...
 
N

n/a

Гостин

Мирка Велиновска is a pimp.
As well as Миленко.

Others are the main players.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.417
Мирка Велиновска била во право!!! Ова е тоа што го предупредуваше цело време, се активира машинеријата на Бране. Луѓе, Бране доаѓа, не се чудете...
Дај бе па ти не пати од форумски комплекс, намали тоа буквите, кој те чита чита кој не не. Немора сите да не малтретираш.
 
Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Доста паметно напишано писмо за денешното издание на Нова Македонија:

Не силувајте го Скопје

Во саботата напладне на градскиот плоштад во Скопје мала група на студенти од Архитектонскиот факултет во Скопје со транспаренти од хартија во рака се обиде јавно да побара мислење од своите професори и од македонската јавност во однос на најновите прекројувања на отворениот простор во центарот на градот. Студентите не протестираа против некаква црква, против Исус (?), уште помалку протестираа против политичка опција или против кого било. Студентите се собраа да искажат свој став. Точка. Ама било една недела пред избори, па што? Што треба да се прави една недела пред избори, да седиме сите дома и да јадеме пуканки гледајќи ТВ-дуели? Ако е ова слободна и демократска држава, таква треба да биде во секое време, во време на дожд и снег, во време на финалето од Лигата на шампионите, па и во време на избори. До толку повеќе, мислам дека тајмингот на протестот беше намерно избран единствено поради желбата да се привлече поголемо медиумско внимание, што и се потврди. Инаку, кој во оваа држава би се загрижил што мислат студентите по архитектура во „неизборен период“. Тоа што во последен момент на собирот се прилепија, го поддржаа или се оградија од него разноразни интересни групи, меѓу кои и политички, тоа е сериозен проблем на нашето општество. Во фамозниот изборен период во Скопје куче да уринира на плоштадот „Македонија“ за 10 минути на прес-конференција ќе се појават портпаролите на главните политички партии заемно обвинувајќи се за политички инструирана физиологија. Веројатно илузија е да се повикува оваа практика да престане, оваа држава е од вчера и тоа се веројатно детски болести на секоја млада демократија, болести што едноставно треба да се прележат. Сепак тажно е дека оваа колективна хистерија на поделби пополека станува колективно слепило во кое целото општество жестоко се втурнува. Патем, чисто заради информација на „знатижелните“, од тие што успеав јас да ги видам на протестот на студентите по архитектура, во нивните редови имаше деца и на истакнати вмровци, и на истакнати сдсмовци, и деца на архитекти, лекари, новинари, стечајци, деца на менаџери, бранители, деца на Албанци, Турци, Срби. И нема што повеќе да се разговара за тоа, каква политика, какви глупости. На мирен начин да се изнесуваат ставови за теми поврзани со урбаниот живот се најдобредојденото право во едно демократско општество. Дури и во времето помеѓу два изборни круга! Тоа е право што отвора дијалози и дебати за светот што треба сите заедно да го создаваме, право кое треба јасно да се стимулира почнувајќи од врвот на политичката, културната и социјалната елита, па надолу.

Добро е градот да се гради, тоа е навистина добро. Лично се радувам што во Скопје по многу години почнаа да се отвораат градилишта на кои нема да се градат станови. ОК е да се гради и црква, тоа веројатно не е само човечка, но е и божја промисла едновремено. ОК е да има и скулптури ако има кој да им се радува. Сепак ценам дека треба малку поширок дијалог пред да решиме да замениме некој отворен градски простор со изграден. За мене исто така не е спорно што секој од „владетелите“ сака да се вгради во ткивото на градот, да остави свој траг, паметник. Ќе повторам, и тоа е ОК. Така било отсекогаш, така и ќе биде, на примерот на Фиренца, Берлин, Париз, на примерот на речиси секој град. Критично е само колку долго треба да се мисли пред да почне нешто да се прави. Знаете, градењето градови е исто како кроењето, двапати мери - еднаш сечи! Знаете зошто, затоа што цената е многу висока! Ако погрешиш, нема каде да се купи резервна ткаенина. Цената на непромисленоста ќе ја платат сите што живеат во градот, и „ние“, и „вие“, и децата на политичарите заедно со сите нас. Во Македонија во градењето на градовите отсуствува суштинското мислење, формалното го има колку ни душа сака. Институции, институти, заводи, доктори на науки, експерти, закони, подзакони, стручни мислења, сè и сешто. А што на крајот? Цврц! Па токму центарот на Скопје е најсоодветниот пример за ова што ви го зборувам. Сè е по план, сè е по закон, сè е одобрено, потпишано, верификувано, потврдено, нема ништо спорно. И што добиваме на крајот, простор што личи на празна ледина на која почнува да се инсталира циркусот „Медрано“. Денес сме сведоци дека преку манипулативно читање на историјата и нејзините архитектонски стилови, на Скопје почнува да му се навлекува стилска наметка, која е базирана на негирање на постојното. Плоштадот во Скопје го формираат згради од пред неколку децении, тоа е тоа, тоа е така. Па што сега ако тоа некому не му се допаѓа? Ние не сме ниту Париз, ниту Лондон, ниту Атина. И тоа е повторно ОК, заради тоа што ние не сме ниту Французи, ниту Британци, ниту Грци. Ние сме тоа што сме и имаме град таков каков што сме создавале. И тоа е тоа. И тоа е вредност. На кого повеќе му се допаѓа плоштадот во Прага нека токми план за преселба, ете до крајот на годинава нели и визно ќе нè либерализираат. Се прашувам само ќе успее ли некој и културно да нè либерализира нас, нели, што ќе останеме овде да живееме? Па погледнете само што ни се продава како автентичен македонски архитектонски производ? Не зборувам за проектот за црквата, добро знаете за што ви зборувам. Треба ли нечии материјализирани кошмари да почнам да ги сметам за свои? Кој ги врти Грците или ЕУ или не знам кого, баш ми е гајле за нивното мислење, поважно е што мислиме ние што сме одбрале да живееме овде. Нам ни останува просторот на овој град. Ќе успее ли конечно некој да препознае дека во Скопје, спротивно на приказните што тежнеат да создадат (нов) демек јасен идентитет на градот, паралелно постојат силни културни флуиди составени од образовани луѓе што не мислат така. Патем, тие се студенти по архитектура. Тие се луѓето што ќе ја градат оваа држава! Зошто сакате да ги тепате бе море „граѓани“? Тие луѓе се иднината на оваа држава и не се ни обидувајте да го релативизирате нивното мислење! Не обидувајте се ни да ги етикетирате! Соросоиди, геј, анархисти, Албанци, што уште не! Наместо да тресете глупости, треба да соберете храброст да признаете дека тие млади луѓе се борат да го направат нашиот заеднички свет подобар. Не мора да се во право, но барем се обидуваат да направат нешто што вие очигледно не можете, или не знаете. Но тоа не е ништо страшно! Ако не можеш да помогнеш, не одмагај. Тргни се настрана, јади сендвич и остави ги луѓето да дишат кога имаат дробови за тоа!

За верниците-туристи во Скопје, со ланч-пакет, дневница и икони во рацете, не сакам ни да зборувам. Како православен верник срцето ми се расплакуваше кога гледав на каков начин се злоупотребуваше божјото име. Господ ним нека им е на помош!

Јован Ивановски, архитект асистент на Архитектонскиот факултет во Скопје
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Впрочем слично вака почнувале голем број “кристални ноќи“ ама и денови.Крстот бил малку подзакривен на краците во една прилика,ама организаторите секогаш биле исти.:pos2:
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.417
Доста паметно напишано писмо за денешното издание на Нова Македонија:

Не силувајте го Скопје
Ај бе и ти доста, не им го земај лебот на новиниве, остај некој нека купи, нека си прочита сам.

Туку кога веќе сме кај фудбалот, кога играме со Холандија ?

А ти одлучи се, или го подржуваш Хитлер или Мојсеј 2, нема друга алтернатива во случајот :)

Или има, новата интернационала ???
 
N

n/a

Гостин
Ај бе и ти доста, не им го земај лебот на новиниве, остај некој нека купи, нека си прочита сам.

Туку кога веќе сме кај фудбалот, кога играме со Холандија ?
Ние...
не играме од иста екипа... џонтра.
:toe:
Ни денес, ни вчера, ни утре.
Не после последниот изблив на фашизам кој што остана несанкциониран.
Us and them- Pink Floyd :wink:
 
Седи бе Јоване,не е ова 68ма ебаго па да те стават за декан,само се чудам каде беше “стариот“ Јотов да помогне малку окулу протестите?:smir:
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.417
Ние...
не играме од иста екипа... џонтра.
:toe:
Ни денес, ни вчера, ни утре.
Не после последниот изблив на фашизам кој што остана несанкциониран.
Us and them- Pink Floyd :wink:
Да да, А можеби поради слепилото, што не гледате дека е тоа целта.
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Беј бе нетсфан, што кур знаеш ти за нетс, ќе имаш збор коа ќе ми кажеш во која година последен пат играше финале и против кого, и кој умре во 7-миот натрпевар. До тогаш трк у штаб по најнови информации. Пошто очигледно не си у тек со настаните.
Ти нормален ли си што тоа и каде го пишуваш?
Има модератор тука?
 
Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Менува, бидејќи си безгласен.

Тука те штити анонимноста, достапноста, неможноста да те прочитаат барем 10.000 албанци и да имаш муда да им пркосиш на албанските политички партии преку своите критики во јавен медиум.

Тогаш ќе можевме да споредиме, каков е навистина твојот однос кон Светот и дали имаш карактер со изграден психофизикус..да се бориш и застапуваш за она во кое веруваш или па ќе се згрчиш и ќе исчезнеш.

Еве, организирај протести на младите Албанци против градењето на некоја Џамија бидејќи ги иритира Христијаните или да се тргне споменикот на Скендербег бидејќи бил масовен убијца и диктатор.

:helou:

Кога ќе доживеам да чујам нешто вакво од албанец... жими патката.
Види сега колку глуп пост пишуваш и праиш споредба ала дете 10 години, слични на другари ти АБЦ прилепчанецот.

Абе не ме маде боли, мене за тоа што ти мислиш. Мене скокнаа да ме тепаат албанци за 100 години албанска азбука затоа што јас бев оној ребелот во тој случај и не се согласував со нешто што се согласуваше мнозинството. Има и клип на јутуб со тоа, ама јебига не е битно дали веруваш или не веруваш па и не си некој кур фактор да мора да се инфилтрираат преку тебе моите експресивни и импресивни податоци.

Проблемот се задлабочува повеќе неразбирањето и немањето плуќа да се доживее, емпирискиот скок на суштинските потоци кој се влеваат и го креираат морето во човекот, кај тебе се пресушени, или имаш куцнато брана на нив, па не може да течат, да проодат, да уживаат и на крај се слеат.

Незнаењето да се направи споребда, со тоа како Албанците се во оваа држава малцинство во секој случај и во никој случај не биле инволвирани во решавање на клучни прашања, освен еднаш, и тоа отворени прашања од нив самите.

Не сум за туркање на Скендербег, не сум за туркање на веќе изграден постамент а и споменик на Филип Втори во Битола, но барам да се стопира веќе, со сељаштијава, со која се храни народот, кој априори е сељак(затоа ти немој да бидеш таков, надрасни сељачки препреки). Пријателот ти твој АБЦ, вика дека ќе бил ректор по делење памет и логикување и на веќе изградена џамија од 15 век, ќе ја рушеле до темели и ќе граделе нова црква налик на некоја стара (јеби му матер хипотетски) која била постара дури и од Св.Софија во Истанбул. Налет тоа, имало 77 цркви во Прилеп, кој биле турнати од Турчинот, и требало да се изградат, и на постителите, американци и германци да им се пофалиме дека еве имаме цркви постари од црната раса и тие ќе не наградувале нас.

-Само да не го лутиме Турчинот викам јас од една страна-

Еве со каква логика вие се служите пријателу мој! Во земја која имплицира народ страшно лош, сељачки, националистички, пази ова националистички само за македонците а првите две за сите што живеат овде; радикално националистички народ, мислам дека тоа чуство е како топче пинг понг кое оди и се враќа и се пренесува метастаза, па еве и нас сте не заразиле...

И јас сум националист, во тие референтни рамки, само што за разлика од оние што се палат на јадење од статуи од Скендербег, јас се палам на нешто повозвишено, да не кажам сум поумерен.

Јас коа ќе чујам Македонец да оди на протест против Грција и менување на име и да не пее "Нека разберат клетите Албанци македонско име нема да загине", тогаш јас ќе си го изрендам курот како ордевер на маса ќе го стаам.
Ова мое барање е помало од твоето, со помала тежина.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom