Насилство и повредени на протестот во Скопје

Статус
Затворена за нови мислења.

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
“Од хакери е влезено во акаунтот и од таму е оваа грозна измислица и конструкција на опзицијата’’
“Ова не е мојот акаунт еве го мојот вистински(меѓувреме нов се отвара)’’ и слично сеа да не обесувам знаеш дека кога се сака се се може.
За несреќа фејзбук како интернет страна не е релевантен за да се суди по него (пошто ако е јас сум близок пријател и општам полово со Елена Ритеска и Тамара секој ден :))
„Ја поддржувам идејата за изградба на црквата како и повеќето граѓани на Република Македонија. На интернет имаше од повеќе личности што го поддржаа тоа меѓу кои и јас. Па добро, секој оној кој поддржува некоја идеја на интернет ги повикува и останатите да ја поддржат таа идеја“ изјави за Алсат пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Ивица Георгиевски.
изјава за алсат
Некој ја има објавата на Ивица Георгиевски на Фејсбук. Ако ја има нека ја објави да ја видам дали, пратеникот повикува на насилство или на протест за подршка на изградба на црква, кое по мене се две различни работи.Зошто од веста на а1 на која е пренесен пресот на СДС не можам да видам дали повикува на насилство врз противничкиот табор.

Денес во 11 ч. сите МАКЕДОНЦИ на плоштад МАКЕДОНИЈА да ја дадат својата поддршка за изградба на најголемиот храм на МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА. п.с. А ги чекаме останатите во 12 :)

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=884179CBD4B9D0409E6BBBF592ED1B60

Нормални ли се овие бре, кај се установи дека пратеници на ВМРО се можеби вмешани во антипротестот сега и Бранко им е крив. :tapp:
Офф лелеее.

После ова фала им на Вечер што ми дадоа предлог за лек против стрес: да не ги читам воопшто нив!
Уште прееска пишував за нив...
Чисто колку за споредба... денешните весници за саботните случувања...

Дневник - Право на слободно изразување ќотек
едиторијал - Ќотек за ближниот

Вест - Хулиганите помоќни од полицијата
МВР СЕ УШТЕ БЕЗ ПРИЈАВИ ЗА ТЕПАЧИТЕ НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ЦРКВА НА ПЛОШТАД ВО СКОПЈЕ

Нова Македонија - Насилници тепаа луѓе во име на црквата
како и едиторијал со наслов - „Не задушувајте го Скопје“ и осудување на тепачите

Утрински - Тепај го ближниот свој!

Шпиц - Крстоносен удар врз демократијата
острилка - Бог не живее овде

Време сеуште го немаат ставено бројот на нет.

И за крај... најдобриот во друштвово, секогаш први, наааали... со комплетно дефокусирање на приказната и лажно информирање во делот каде се опишува што се случувало во саботата...

провладниниот Вечер - ПОРАДИ ГРАДЕЊЕ ЦРКВА - ТЕПАЧКА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ. ПЛАФОН - ФРЧКОСКИ ОСУДУВА ТЕПАЊЕ ЖЕНИ И ДЕЦА Хаос и немири: Бранко се враќа!
Само се прашувам кој ги чита и кој им верува...
 
Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Би сакал да чујам некој Албанец вака “оупен-мајндед“ во некој алб. медиум како ги критикува албанските партии за поставувањето споменик на диктаторот Скендербег, па и градењето на високи минариња кои ги провоцираат Каурите.
Поразителен факт за тебе:

Да ти кажам право имам против црква, имам против џамија, имам против синагога!
Со мои пари, сакам некој да изгради филхармонија во Битола. Се гради во Скопје, пред 2 круг избори, да се придобие онаа класа на луѓе, високо темпирани и продуховени момци, кој за разлика од масава, не верувам дека тоа ќе влијае баиги на нив, и дека ќе дрзнат да гласаат за недоветен сељак од Берово. Друго имаме друг проблем тука. Што е? Се гради на територија што не е откупена и што сопственикот не сака да го продаде.
Имаме силен проблем, што тоа ќе остане неизградено, парите ќе летнат, темелите се турија пред избори и тоа ќе се заборави.

Сакам културни евенименти, ги нема оти нема каде. Нека изгради сељачанава нешто, некоја барака, куќа, колиба, да може ние, силните да уживбаме во некакви светски културно-уметнички експресии, на врвни луѓе. Доста со Џамии, Цркви и Скендербеговци и Александровци, преку ташаците ми станаа.

Линк: http://forum.kajgana.com/showthread.php?p=2383139#post2383139
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Dobro sto megunarodnata zaednica vide kakva e Makedonija vsusnost.
I dobro sto privrzanicite na edna partija javno povikuvaat na linc na neistomilsenicite.
Toa osobeno mi se dopaga - ke bidat videni od site relevantni faktori vo SAD i EU.
Ti si nedokvakano detiste.
Vrska nemas sto zboris.
Mислиш дека МЗ,НАТО или ЕУ не виделе што се случува истовремено во Гејлада?Или тоа не им е во нивни сфери на интереси?

Точно, фино кажано.

Но и да организирала опозиција, па што. Што треба да работи опозиција? Да корегира грешки на власт. Кој друг да организира? Братучедите на премиерот? На крај краишта секој има право на таков протест, нели? Или ако е опозиција нема право? Мислам малку и самокритички треба.
Утре некој од вас да протестирате мирно па ај нека излезат момци нека ве истепаат. Како ќе се чувствувате? Како во друга земја, немајка Македонија? Тегет изи малку со насилство и самодоволност.
Тоа не е опозицијата бе,која во Македонија како и да не постои особено за вакви работи.Протестите и антипротестите беа всушност организирани од ист центар,како и оние кој се организирани кај нашиот Јужен сосед.Сите треба да се подберат и по 1 година во затвор за ум,оти и најавените мирни протести не беа баш мирни,како и “верниците“ што не беа баш верници.Во Идризово сите ќе можат да размислат кому,како и кога да веруваат.А за црквата треба да се организира референдум одкако ќе се соберат доволен број потписи,а после тоа може слободно да се урне некоја од постоечките згради кој се ругло на Скопје за да се обезбеди доволно простор кој би одговорил на потребите за изградба на најголемиот христијански храм во Македонија.Мислам дека стоковната куќа веќе си го заврши својот животен век и време е да оди “курбан“ пред да згасне некој млад живот што вреди повеќе одколку сите згради на плоштад.:toe:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
687
Поени од реакции
662
„Ја поддржувам идејата за изградба на црквата како и повеќето граѓани на Република Македонија. На интернет имаше од повеќе личности што го поддржаа тоа меѓу кои и јас. Па добро, секој оној кој поддржува некоја идеја на интернет ги повикува и останатите да ја поддржат таа идеја“ изјави за Алсат пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Ивица Георгиевски.
изјава за алсат

Денес во 11 ч. сите МАКЕДОНЦИ на плоштад МАКЕДОНИЈА да ја дадат својата поддршка за изградба на најголемиот храм на МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА. п.с. А ги чекаме останатите во 12 :)

Уште прееска пишував за нив...

Само се прашувам кој ги чита и кој им верува...
Јован фала за постов, ама многу ми е ситно не можам да прочитам, од тоа што видов, тој (Ивица Георгиевски) повикува на протест за подршка на изградба на црква а не на насилство, да не има и друг дел од постот?
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
I? de objasni ni ja vistinta
Како не разбираш сака да каже дека ако не беше типот у зеленото немало ова да се деси..

Човече ова на првооделенци да им кажуваш нема да ти веруваат а не па тука да кажеш такво нешто дека еден тип го напраил сето ова..

До кога вака бе!?
 
asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Како не разбираш сака да каже дека ако не беше типот у зеленото немало ова да се деси..

Човече ова на првооделенци да им кажуваш нема да ти веруваат а не па тука да кажеш такво нешто дека еден тип го напраил сето ова..

До кога вака бе!?
Aha znaci toj e spiunot od Agencijata za razuznavanje
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Пикасон

Штета што немаш и свој весник каде би го публикувал ова на АЛБАНСКИ :wink:

Јбг.. среќа во несреќа, че ти правеа сунет на вратот веројатно.
 
Член од
30 март 2009
Мислења
15
Поени од реакции
0
...koa se deshavaat, vakvi raboti kaj sho ima masovno ucestvo, nema tuka nisho naivno, kulturno, versko i tolerantno...mislite malce sami...site...:smir:
 
Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Јован фала за постов, ама многу ми ситно не можам да прочитам, од тоа што видов, тој (Ивица Георгиевски) повикува на протест за подршка на изградба на црква а не на насилство, да не има и друг дел од постот?
Ти напишав долу...
Еве уште еднаш...

Денес во 11 ч. сите МАКЕДОНЦИ на плоштад МАКЕДОНИЈА да ја дадат својата поддршка за изградба на најголемиот храм на МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА. п.с. А ги чекаме останатите во 12 :)

Запази го зацрвенетиот дел :)

п.с. Утрешната острилка на Героски во Шпиц...

Распупена демократија

Ве убедија дека фашистичката процесија на плоштадот во Скопје била инцидент меѓу „две групи партиски војници“. Одбивте да ги слушнете застрашувачките повици на верска и национална омраза. Премолчавте линч. Сѐ, само за да не ви пропаднат овие смрдени избори и оваа „демократска пролет“.

Е ај, да дадам и јас свој придонес во пупењето на „демократијата“ на Груевски. Отворете ги срцата, слушајте и уживајте: Македоци во лонци! Албанци во комори! Клети Турци! Торбеши лажговци! Власи апаши! Цигани во вагони! Срби на врби! И да не заборавам - Геро предавник да виси на бандера!

Доста е, да не прецветаме…
 
Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Пикасон

Штета што немаш и свој весник каде би го публикувал ова на АЛБАНСКИ :wink:

Јбг.. среќа во несреќа, че ти правеа сунет на вратот веројатно.
Дали е тоа битно?

Дали тоа менува нешто во мојот психофизикус? Нешто да промени, есенцијално во мојот однос према светот, народите и форумот, кој е сепак инструментот на спојка и сплотување.

Никот ми е Пикасо, а не Пикасон.
 
ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Мене едно не ми е јасно. Ако се изгради црква на плоштад, кај ќе се собира народот?

Ова испаѓа со еден удар, два милиона муви :)
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Како не разбираш сака да каже дека ако не беше типот у зеленото немало ова да се деси..

Човече ова на првооделенци да им кажуваш нема да ти веруваат а не па тука да кажеш такво нешто дека еден тип го напраил сето ова..

До кога вака бе!?
Немаше да се деси ако не постоеа некој типови што ја купија локацијата малку погоре од спорната за по 25 евра од квадрат и каде се гради деловен објект.Типовите во зелено или во црно само беа жртви на интересите од другите типови кој продавале или купувале земја по багателна цена на фамозниот Скопски плоштад.:toe:
 
Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Мене едно не ми е јасно. Ако се изгради црква на плоштад, кај ќе се собира народот?

Ова испаѓа со еден удар, два милиона муви :)
На Голи Оток.

И не се два милиони муви, далееееекууууууу се помалку тие кои се осмелуваат да кажат нешто јавно во државава.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.416
Серпико,
Види ја темава, види ги каранициве, види ја поларизацијава. Досега 83 страни. Секој пост го прочитав. ЗАГРИЖУВАЧКИ!!!!!
Уште ли сметаш дека требало да се деси ????
Уште ли сметаш дека не си изманипулиран од Скопската интернационална багра ??
Уште ли им веруваш на слатките зборови на Кочо или на лажниот ентузијазам на Фем, кои не се против локацијата, туку докажани заколнати непријатели на црквата ?????
Или можеби АУ Битолчанката Слаѓана (или како и да се викаше) беше пресудна во сето ова ????
А тој дечкото „јадам ќотек за 300 денари“ у бело, што фунцкија имаше во протестот. Подржувач беше ???? Само дали знае што подржува ???? Дечкото е со посебни потреби, грев е и да помислиш да го ставиш во таква гужва. А тоа го правата, ПАЗИ, декларирани борци за човекови права.
Што е следно ???? АНТИ-НАТО протестот на 4ти ???? :helou:
 
а ти не мора сите страни да ги прочиташ..
Види кој потикнува на контра протест.. Па не е ова утакмица бе!?
Не играме со некој од странство.. Не доагаат странски навивачи..
Што не ти е јасно !??:helou:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom