На 23 јули ќе се одржи трибина против изградбата на црква на плоштадот, па мислам дека многу луѓе од форумов би биле заинтересирани и "во живо" да го кажат својот став...ова е соопштението што го добив:
Прогресивниот млад синдикат на 23 јули 2008 год. во 12 ч. во просториите на Културниот Центар Точка, организира јавна трибина на тема: "Парцела Б5 - популизмот во служба на кичот".
На трибината ќе учествуваат г. Трифун Костовски - градоначалник на Скопје, г. Никола Гелевски - уредник на списанието Маргина,
г. Гордан Георгиев – извршен директор на ФОРУМ-ЦСИД и г. Огнен Марина - асистент на Архитектонскиот факултет.
Трибината има за цел токму во екот на летната летаргија и преокупираноста со други нешта, да го пренасочи фокусот на јавноста кон една од темите кои се од витално значење за секој граѓанин на Скопје, а тоа е намерата на Владата на Р.М. да изгради црква на плоштадот Македонија.
Оваа трибина е продолжение на активностите на ПМС на истоимената тема, а кои што вклучуваа јавни петиции, радио емисии, интернет/блог кампањи и др. По летните одмори планирани се и други активности кои што имаат за цел да ја предупредат македонската јавност за опасностите од популистичките и непромислени потези на Владата на Република Македонија.
Однапред ви благодариме на внимаманието и просторот.
Прогресивен млад синдикат
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=171&PN=16
и овде има нешто
http://www.utrinskivesnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=0961F15F6EDDB24F9140F29B0483B112
прогуглав со Прогресивен млад синдикат
на секој весник денеска они се посочуваат како коорганизатори со вас.
да не ги постирам сите денешни весници ѕирнете.
а она првоно шо го извадив е предходна трибина која ПМС ја имале.
дали ве искористиле вас како фронтмени - (студенти од архитектонски)? и ги задскриле нивните намери? после толку нивни трибини радиа и незнам шо не добија никакво внимание, дали ве искористија да се задскријат зад вас и сето ова да биде ете студентите ги тепаа... дали ова е првично нивна или ваша идеја ?
хм... има нешто у целава ситуација.
мислам дека ПМС ве искористиле у овој момент ... и сигурен сум дека се они кои форсирале се да се деси баш вчера .. патем нели ти рече некои исфорсираа и избрзаа ...
сепак ве искористиле ... за нивни цели ...