Насилство и повредени на протестот во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Та нели државата не се меша со изградба на верски објекти.. нели така е во уставот или на кој како му чини а и овие "Верници" алал им вера срамотаа е да во името на верата да посегнеш по насилство:kesa:

Изгледа ти брате живееш во илузија. Како да не гледаш што се случува овде и во цел свет?
 
Пези сме се стремиме за некојси европски вредности ние сме на ниво ко Бангладеж
 
Пези сме се стремиме за некојси европски вредности ние сме на ниво ко Бангладеж
Koj se tie evropski vrednosti ziti tebe, pederi, ne Bozni bolestnici da ni shetat po ulici i da go rasipuvat izgledot na mladinta.
 
Треба да им е срам И на тие што организираат контра-протести во кои преку насилство замолчуваат граѓаните да си го искажат своето основно право на (???свое мислење и став???) .

Колку што разбрав и видов, (???организаторите???) на протестот (???решиле???) да прават мирен протест со кој ќе го свртат вниманието на јавноста и институциите кон (???нивното мислење???) .

А колку што разбрав и видов, организаторите на контра-протестот решиле да им ебат матер.
Е тука ќе се сложам и ја... СТРАМОТА... ГОЛЕМА!

Дефиницијата си ја погодил, ама не е наменета за оваа конкретна ситуација.
 
Дефиницијата си ја погодил, ама не е наменета за оваа конкретна ситуација.
Ај не ми го преправај постот.
Фала.

И дај нешто поконкретно како одговор, не гледаме сите на гравчиња.
 
Koj se tie evropski vrednosti ziti tebe, pederi, ne Bozni bolestnici da ni shetat po ulici i da go rasipuvat izgledot na mladinta.
Чекај мали .. јас сум верник православен христијанин како повекето во нашата држава и што треба да земаме калаши и да побиеме сите кој не се верници или кој не мислаат ко нас,секој си има право како сака да живее макар и педер и било што нивно право се е и ајде да симулираме ситуација се гради црквата океј нека се изгради мислиш дека ке не напраи по блиски до Бога или зошто да не посакаат муслиманите џамија и шо ке стане плоштадо света гора или Мека?
 
Ај не ми го преправај постот.
Фала.

И дај нешто поконкретно како одговор, не гледаме сите на гравчиња.
Не гледај еднострано на работите. Отвори ги видиците :)
 
Не гледај еднострано на работите. Отвори ги видиците :)
Во последно време од толку што ги имам отворено видициве почнаа очи да ме болат...

Само ко шо ми пишува во потписов ми се плаче кога гледам што се случува во државава наша розева...
 
Во последно време од толку што ги имам отворено видициве почнаа очи да ме болат...

Епа боли тоа, кој не е спремен да ја види реалноста, поарно му е да ги држи очите затворени и да го водат други. По нивната страна секако :)
 
А што ќе ми е прво црква на плоштад?????Мислам поселска идеја,гвујета неможеше да даде,ебате уште свадби да се одржуваат.ТЕШКИ СРАЊА!

:kesa:

Ја незнам што да кажам после вакви коментари, како човек да не се изиритира на ваков примитивен коментар.

Горда Влаинка која најверојатно не мрднала од пред село јбт :tapp:
 
Еве еден блог пост со кој горе долу се согласувам.

Плоштад
На светот има секакви плоштади. На едни има фонтани, на други споменици, на трети скулптури. На некои доминира некој музеј, градска куќа, парламент, театар, или нешто сосема трето.На некои има цркви, на некои не.
Но, она што сите плоштади треба да бидат е место на кое секој може да го искаже своето мислење и став, тие треба да бидат симболи на демократијата, бастиони на слободната мисла. Но, неретко во историјата, човештвото било сведок како токму од плоштадите започнуваат моменти на масовна хистерија, тоталитаризам и репресија. За жал, оној нашиот во Скопје, каков и да е архитектонски, стилски и урбанистички, денес стана најмрачната точка во Европа.

tank_china.jpg


Хунта на прости, необразовани, искомплексирани партиски воини, селани вчера симнати од планина, на кои единствен пасош во животот им претставува партиската книшка, бесрамно ги злоупоребија и осквернавија православните верски обележја за партиски цели и без трошка срам удрија по малата група студенти, дојдени да изразат протест против секојдневното архитектонско-урбаниситчко уништување на нашиот главен град. Искрено, жал ми е што денес случајно се најдов на плоштадот, и што бев сведок на сцени какви сеуште не сум видел на тоа место. Највеќе ми е жал, што тоа денес не беше скопскиот плоштад. Тоа беше гостиварски, битолски, делчевски, беровски, струмички, но не и скопски плоштад. Армијата партиски послушници која бесрамно беше донесена од властите да го задуши овој протест само сликовито го означи почетокот на крајот на македонската демократија. И ни навести кој ќе биде главен во новото државно уредување. Во еден краток блесок на фашизам,тоталитаризам и партиско лудило, паднаа во вода сите милиони на власта фрлени во кампањите од калибарот на „Знаењето е сила, знаењето е моќ“.
Нејсе, бидејќи по сите медиуми помалце или повеќе е кажано се во врска со денешниот немил настан, оние прашања кои јас би сакал да се поставам се тотално заборавени во сенката на партиската држава и нашата ниска свест на вистинско демократско расудување:
1. Каде беше денес Министерската за внатрешни работи да излезе со официјално видување и објаснување на она што денес беше повеќе од очигледно, а тоа е дека полицијата не ги заштити легитимните и регуларно најавени демонстранти од дивјачките физички и вербални напади на оние кои наводно спонтано се собрале, со стотина испечатени транспаренти и знамиња?
2. Каде е и каков е ставот на Сојузот на студенти на Универзитетот Свети Кирил и Методиј по повод претепувањето на нивните членови од Архитектонскиот факултет? Зошто владиниот полтрон поставен на позицијата Претседател на ова здружение мудро молчи во ситуација кога најдрско во историјата е удрено по студентското движење?
3. Каде е и каков е ставот и препораката на МПЦ по повод денешните случувања, во кои беа осквернавени православни симболи во корист на една фашистичка политика? Каде се денес овие лажни и корумпирани претставници на Бога? Дали можеби не нашле паркинг за нивните БМВ-а и Мерцедеси?
4. Кој им дава за право на партиските платеници од селата низ Македонија да доаѓаат во Скопје да кажуваат каде да има црква, и да тепаат Скопјани кои протестираат против изградбата на истата?
5. Дали некој од подржувачите на Црквата на плоштадот воопшто ги знае вредностите и принципите за кои се залага православието, и дали некој од нив редовно посетува црква и ги почитува христијанските обичаи? Зошто јас, кога редовно одам во една од многуте цкрви, кои на мое задололство постојат во непосредна близина на плоштадот, никогаш во нив не сум видел некои од ликовите кои денес ги видов во улога на тепачи во името на православниот крст?
5. Дали некој ќе одговара за денешниот пад на демократијата на Република Македонија?

orthodox_cross.jpg


За крај, не сакам да бидам разбран погрешно. Искрено, немам ништо против, дури и сум за изградба на верски објект на плоштадот. Но, изградба каква што му прилега на еден таков објект, а не изградба со народни пари направена со дрзок упад во урбанисичките планови.
Она што беше поентата тотално е вон прашањето на црквата и изградбата на било кој објект во Скопје. А тоа е прашањето на уривањето на правото на говор и на правото на слободно мислење, и промоцијата на репресија и едноумие како начин на размислување на властите. Она што мора да се стремиме сите е тоа побрзо да го доживее својот крај, пред да биде доцна.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom