Еве еден блог пост со кој горе долу се согласувам.
Плоштад
На светот има секакви
плоштади. На едни има фонтани, на други споменици, на трети скулптури. На некои доминира некој музеј, градска куќа, парламент, театар, или нешто сосема трето.На некои има цркви, на некои не.
Но, она што сите плоштади треба да бидат е место на кое секој може да го искаже своето мислење и став, тие треба да бидат симболи на демократијата, бастиони на слободната мисла. Но, неретко во историјата, човештвото било сведок како токму од плоштадите започнуваат моменти на масовна хистерија, тоталитаризам и репресија. За жал, оној нашиот во Скопје, каков и да е архитектонски, стилски и урбанистички, денес стана најмрачната точка во Европа.
Хунта на прости, необразовани, искомплексирани
партиски воини, селани вчера симнати од планина, на кои единствен пасош во животот им претставува партиската книшка, бесрамно ги злоупоребија и осквернавија православните верски обележја за партиски цели и без трошка срам удрија по малата група
студенти, дојдени да изразат протест против секојдневното архитектонско-урбаниситчко уништување на нашиот главен град. Искрено, жал ми е што денес случајно се најдов на плоштадот, и што бев сведок на сцени какви сеуште не сум видел на тоа место. Највеќе ми е жал, што тоа денес не беше скопскиот плоштад. Тоа беше гостиварски, битолски, делчевски, беровски, струмички, но не и скопски плоштад. Армијата партиски послушници која бесрамно беше донесена од властите да го задуши овој протест само сликовито го означи почетокот на крајот на македонската демократија. И ни навести кој ќе биде главен во новото државно уредување. Во еден краток блесок на фашизам,тоталитаризам и партиско лудило, паднаа во вода сите милиони на власта фрлени во кампањите од калибарот на „Знаењето е сила, знаењето е моќ“.
Нејсе, бидејќи по сите медиуми помалце или повеќе е кажано се во врска со денешниот немил настан, оние
прашања кои јас би сакал да се поставам се тотално заборавени во сенката на партиската држава и нашата ниска свест на вистинско демократско расудување:
1. Каде беше денес
Министерската за внатрешни работи да излезе со официјално видување и објаснување на она што денес беше повеќе од очигледно, а тоа е дека полицијата не ги заштити легитимните и регуларно најавени демонстранти од дивјачките физички и вербални напади на оние кои наводно спонтано се собрале, со стотина испечатени транспаренти и знамиња?
2. Каде е и каков е ставот на
Сојузот на студенти на Универзитетот Свети Кирил и Методиј по повод претепувањето на нивните членови од Архитектонскиот факултет? Зошто владиниот полтрон поставен на позицијата Претседател на ова здружение мудро молчи во ситуација кога најдрско во историјата е удрено по студентското движење?
3. Каде е и каков е ставот и препораката на
МПЦ по повод денешните случувања, во кои беа осквернавени православни симболи во корист на една фашистичка политика? Каде се денес овие лажни и корумпирани претставници на Бога? Дали можеби не нашле паркинг за нивните БМВ-а и Мерцедеси?
4. Кој им дава за право на
партиските платеници од селата низ Македонија да доаѓаат во Скопје да кажуваат каде да има црква, и да тепаат
Скопјани кои протестираат против изградбата на истата?
5. Дали некој од подржувачите на Црквата на плоштадот воопшто ги знае
вредностите и принципите за кои се залага православието, и дали некој од нив редовно посетува црква и ги почитува христијанските обичаи? Зошто јас, кога редовно одам во една од многуте цкрви, кои на мое задололство постојат во непосредна близина на плоштадот, никогаш во нив не сум видел некои од ликовите кои денес ги видов во улога на
тепачи во името на православниот крст?
5. Дали некој ќе одговара за денешниот
пад на демократијата на Република Македонија?
За крај, не сакам да бидам разбран погрешно. Искрено, немам ништо против, дури и сум за изградба на верски објект на плоштадот. Но, изградба каква што му прилега на еден таков објект, а не изградба со народни пари направена со дрзок упад во урбанисичките планови.
Она што беше поентата тотално е вон прашањето на црквата и изградбата на било кој објект во Скопје. А тоа е прашањето на уривањето на правото на говор и на правото на слободно мислење, и промоцијата на репресија и едноумие како начин на размислување на властите. Она што мора да се стремиме сите е тоа побрзо да го доживее својот крај, пред да биде доцна.