F
FilipMacedon
Гостин
Серпи друже,не ти требаат вакви работи,бар не сега кога се изборите.Во сите бои ќе ти го пишам, додека не сфатиш: НИКОЈ не е против изградба на црква. Локацијата е спорна.
Не...не бидувај запрепастена. Полицијата (мислам, сите 10 џандари) не сочуваа од комплетен линч. Фала им. Можеби требаше да викнат засилување, особено откако им побаравме, од стравот за можен инцидент, но нејсе.
Затоа што сме деца. Студенти. Ја осознаваме реалноста тековно. Затоа што секогаш ваквите битки би требало да ги водат поголеми стручњаци. Ама во земјава е се ебано исполитизирано (ко сатори звучам, еј ) шо професорите се кријат по кабинети и еден на друг се плашат замерка да дадат, а се перат врз нас критикувајќи ги другите. И нашите мозочиња примаат, примаат, примаат.... Сето тоа еден ден ќе те извади надвор. Знаеш, пошо си бил.
А за алтернатива, прв сум. За ДИСКУСИЈА бе бате имаме проблем...
Гледаш ли како изникнуваат нови темели, секој ден? Уставен суд е таков проблем. Од нигде никаде.
Контра пак, СЕВЕРНА ТРИБИНА, ФИЛХАРМОНИЈА, ДРАМСКИ - спуштам капа! На место, од секој аспект.
Ама, дај слушни ме бар...па не учам џабе, да го ебам...
Е, нема слушање, беше пораката од денес. Него, ќотек.
Ако ти кажам дека ова беше прва иницијатива, со план да се опфати СЕ во Скопје кое е ирегуларно, дали мислиш дека спонтаниот народ ќе дојде со нас, да не подджри нареден пат?
Или, да бидеме реални,
како ќе каже големиот брат, така ќе праи народот?
Незнам чии се, не ме интересира. Конечниот производ им е за во најмала рака подлежување под опсежна стручна конверзација.