Насилство и повредени на протестот во Скопје

Статус
Затворена за нови мислења.
F

FilipMacedon

Гостин
Во сите бои ќе ти го пишам, додека не сфатиш: НИКОЈ не е против изградба на црква. Локацијата е спорна.


Не...не бидувај запрепастена. Полицијата (мислам, сите 10 џандари) не сочуваа од комплетен линч. Фала им. Можеби требаше да викнат засилување, особено откако им побаравме, од стравот за можен инцидент, но нејсе.



Затоа што сме деца. Студенти. Ја осознаваме реалноста тековно. Затоа што секогаш ваквите битки би требало да ги водат поголеми стручњаци. Ама во земјава е се ебано исполитизирано (ко сатори звучам, еј :)) шо професорите се кријат по кабинети и еден на друг се плашат замерка да дадат, а се перат врз нас критикувајќи ги другите. И нашите мозочиња примаат, примаат, примаат.... Сето тоа еден ден ќе те извади надвор. Знаеш, пошо си бил.

А за алтернатива, прв сум. За ДИСКУСИЈА бе бате имаме проблем...
Гледаш ли како изникнуваат нови темели, секој ден? Уставен суд е таков проблем. Од нигде никаде.

Контра пак, СЕВЕРНА ТРИБИНА, ФИЛХАРМОНИЈА, ДРАМСКИ - спуштам капа! На место, од секој аспект.

Ама, дај слушни ме бар...па не учам џабе, да го ебам...
Е, нема слушање, беше пораката од денес. Него, ќотек.



Ако ти кажам дека ова беше прва иницијатива, со план да се опфати СЕ во Скопје кое е ирегуларно, дали мислиш дека спонтаниот народ ќе дојде со нас, да не подджри нареден пат?

Или, да бидеме реални,
како ќе каже големиот брат, така ќе праи народот?


Незнам чии се, не ме интересира. Конечниот производ им е за во најмала рака подлежување под опсежна стручна конверзација.
Серпи друже,не ти требаат вакви работи,бар не сега кога се изборите.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Море да имам власт,има сите да ве присилам дома во дворот да си изградите цркви и џамии,па да не мора вака да се тепате на плоштади,особено пред вториот круг за избор на председател.Како не ви е срам експерти едни архитектонски и урбанистички,со “крстот на чело“.:vozbud:
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Ќе дојде ако изградите репутација и ако ги увиде народот вашите чесни намери, ама прв протест во сред избори па и уште за црква?? Епа извини ама тешко може да се поверува дека некој му мисли добро на Скопје и на Македонија со вакви селективни протести. Немој да ме сфатиш погрешно и мене не ми се свиѓа баш најмногу идејата за изградба на црква на плоштад, ама знам кој и е непријател на Македонија и зашто ги прави ваквите работи, а ти за жал овој пат си на погрешната страна. Штета...
Јас влегов на фронт со колегите кои на младоста и неискуството, улетаа во овој временски термин.

Мојот план беше следен - активности после избори, започнување со Уставен и ред други објекти...црквата сосема на крај.

Сепак, убеден сум дека реакцијата ќе беше иста, без оглед на редот. Било кој објект на онаа локација и во овој габарит, ќе е несреќен за Скопје денес, и Скопје од иднината. Ако некој сака црква, нека ја направи велелепна... А не нашибана.

Но, гледаш како брзо фрчат лопати по телевизии...и тоа е дел од алармот кој се запали и го „одреди“ денот.

Штета, велам и јас.Ама, поголема отоколку можев да замислам. А и ти, верувам.


Гледај го конечниот епилог...свињата која урлаше: СНИМАЈТЕ, СНИМАЈТЕ, откако ме здрви по тиква и ми го скина плакатот, не сакам да знам каква помија јадела синоќа и кој ја ранел...пошо, одма азил ќе барам.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Серпи друже,не ти требаат вакви работи,бар не сега кога се изборите.
Додека секојдневното место за живеење ни се ограничува,нема место кола кај да се паркира, ги уништија маалата со непланското и непрописно градење,
а се иницираат протести против од една страна партиска идеја за изградба на црква и тоа е првиот протест од кој се поаѓа и во тајмнингот меѓу 2 изборни циклуса.


Погрешна стратегија или наивност, а може и двете.

Во секој случај,мене ме интересира кој ги организирал тепачите, иако сум свесен дека ќе остане на шпекулации па освен воден од лична логика, другачије немам намера да ги толкувам овие случувања.

П.С. Мене не ми се верува дека ти не си го предвидел сето ова и не си го земал во обѕир кога сте организирале.
Ти кажав дека го имав во предвид. И се обидов да го одложам ова, но не сум само јас тој кој треба да се чуе. Крајно, јас бев уверен во моите аргументи од искуство, останатите абер немаа за собири и политичка конотација, освен желбата и револтот.

А со оглед на ставовите ти, ако не се уништи младата архитектонска мисла и идеја после ова денес, и ако некаква организација продолжи да функционира = сметам на тебе во иднина, како граѓанин поддржувач.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Ќе дојде ако изградите репутација и ако ги увиде народот вашите чесни намери, ама прв протест во сред избори па и уште за црква?? Епа извини ама тешко може да се поверува дека некој му мисли добро на Скопје и на Македонија со вакви селективни протести. Немој да ме сфатиш погрешно и мене не ми се свиѓа баш најмногу идејата за изградба на црква на плоштад, ама знам кој и е непријател на Македонија и зашто ги прави ваквите работи, а ти за жал овој пат си на погрешната страна. Штета...
Одлично.

Серпико, немој да се посомневаш во ниеден момент дека јас ти приговарам или ја ставам под знак прашалник твојата искрена определба.
Ти си Човек, во вистинската смисла на зборот, така да немој за лошо да ми ги земаш советите, какви и да се.

Сепак, ако сакавте поддршка, тоа многу поумешно требаше да биде направено.
Како прво да се почнеше со оние работи кои штрчат, не оние кои не се изградени, а особено не верски објект.
Зарем до толку не контате што значи да оспоруваш градба на црква?
Тоа е нешто најбош, медиумско, политичко, лично, секакво самоубиство.
Ко да сте сакале да бидете саботирани.
Ако имате поинаква идеа, спроведете ја.
Почнете со градски ѕид на пример. Пред да го има, велат дека посвежо било во Скопје.
Плус се се тоа станови на комунисти, па детонирајте ги.
МНТ.. толку гадно нешто зошто да биде на тоа место.

Исто и трговски. Како што спомнав претходно, типо, трговски, есм нека се остранат, нека има тука парк во продолжение со жена парк. Како централ парк нека е.
Со една голема црква на средина.

Мене не ми даваат да дигнам уште еден кат на куќата, требало да е под 1.40 третиот кат, како поткровје.
Не одговарало со околината.
Покрај мене има полу зграда на 5 ката. Никој нив не им промрчел зошто се толкави.
Можеби ќе спечелите симпатии и приврзаници, ако ги решавате полека локалните проблеми.
Но, не, вие одма голем залак, црква неизградена ќе рушите.
Не ја бива таа батка. (не дека сакате да ја спречите изградбата, ама така излегува, колку и да се вадите на маркици, позиција и слично).
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Им ја олеснивте работата на МПЦ,сега барем кога ќе ги осветуваат темелите нема да имаат потреба од “курбан“,оти веќе падна крв за изградба на црквата.Инаку ќе требаше да бараат јагниња,овци,или нешто слично,па колење,па разни други адети,вака им завршивте “лавовски“ дел од работата.:pos2:
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.699
Поени од реакции
288
Собрале 5 6 копиљаци, демек студенти на архитектура,во штаб на сдс. Ги кеширале по 200 денара(токлу и вредат овие малодушни луѓе) им дале знамиња на туѓа држава и дечкиве излегле надвор.

Надвор си добиле ќутек што треба сите да го поздравиме.Нема демократија со предавници.
Ако се копиљаци автоматски се деца, а не луѓе.

Ако ќотекот е демократско средство, и неговата употреба треба да се поздрави, доволно си кажа.

И грешиш за уште една работа - Нема нацизам со предавници. "Предавниците" во демократија се нарекуваат луѓе со различно мислење од твоето - опозиционери на пр.


ПОРАКА ДО БРАНКО ДЕКА ГРУЕВСКИ НЕ МУ СЕ ПЛАШИ И ДЕКА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА Е СО ВМРО И СО ГРУЕВСКИ.БРАНКО ВО ОТПАД ПОСЛЕ 5 АПРИЛ:toe:
Како си го погодил постов, таман е за темава.


има група на фејзбук од оваа архи бригада,сите коментари се СДС муабети“демократијата е мртва ова е тоталитаризам’’ кои прашање на време кога и официјално ќе почнат да се шлепаат и на ова. :)
Дека демократијата е мртва немора никој од внатре да ни каже. Прочитај ја забелешката на Извештајот на Советот на Европа за медиумите и ќе ти стане јасно дека и од надвор се гледа тоа.


ВЛАЈКО, РАМСТОР, КАТНА ГАРАЖА НЛБ ТУТНСКА, НА КАМЧЕВ ЗГРАДАТА, БАНКАТА КАРШИ...


КАДЕ БЕВТЕ ТОГАШ ДА ПРОТЕСТИРАТЕ..
Овие градби на плоштад се?


Аман, чисто од искуството од сдс хушкачите кои беа ангажирани за сведмилк, па после приведени, требаше некоја поука да биде извлечена.
Овој период треба да биде мирен, секој кој се обидува да спечели поени ќе наебе.
Читај во дневник за каква баналност е приведен новиот газда на сведмилк, што не иде гвујо сеа да го крене на нозе сведмилк, или само знае да сече ц`вени ленти и лопата политика да спроведува?


Ќе дојде крајот на овој тоталиратизам, не се секирајте.
 
K

KomitaMKD

Гостин
Им ја олеснивте работата на МПЦ,сега барем кога ќе ги осветуваат темелите нема да имаат потреба од “курбан“,оти веќе падна крв за изградба на црквата.Инаку ќе требаше да бараат јагниња,овци,или нешто слично,па колење,па разни други адети,вака им завршивте “лавовски“ дел од работата.:pos2:
Тие немаат врска од вера бе. Курбани даваат а не знаат дека тоа не е христијански.Потикнуваат насилство ко српските и грчките попови полека стануваат.Срамота за МПЦ уште една голема дамка
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Тие немаат врска од вера бе. Курбани даваат а не знаат дека тоа не е христијански.Потикнуваат насилство ко српските и грчките попови полека стануваат.Срамота за МПЦ уште една голема дамка
Дамка,па целата е во дамки бе,како големи сипаници да има.:smir:
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Дека демократијата е мртва немора никој од внатре да ни каже. Прочитај ја забелешката на Извештајот на Советот на Европа за медиумите и ќе ти стане јасно дека и од надвор се гледа тоа.
Знаеме, демократијата е мртва секогаш кога СДСБЈРМ не е на власт.
Кога СДСБЈРМ не се на власт, се случуваат земјотреси, изолации, поплави, недемократија, цунами итн.



Читај во дневник за каква баналност е приведен новиот газда на сведмилк, што не иде гвујо сеа да го крене на нозе сведмилк, или само знае да сече ц`вени ленти и лопата политика да спроведува?
Дечко, дај биди сериозен.
Зошто би ги читал весниците на Сорос?
Дневник, Кутрински, а1, глобус, шпиц, нивните газди си го имаат на ти го дај ми го.

Кажи ми еден медиум освен Сител што не заговара за промена на името?
Што не носи т.н. експерти како Муљчин и Мерсуљ Буљали?

Треба да се направи демократија, а првиот чекор е да се исчистат соросоидите од медиумите за да можеме да дишеме.
Ќе дојде крајот на овој тоталиратизам, не се секирајте.
Ќе дојде, не се секирај, тогаш ке нема антимакедонски проститутоиди.
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Тукушто завршив со часовите на постдипломски и побрзав да ги видам вестите за денешниот протест. Според интернет вестите на Ал-Сат М, „Христијаните“ победиле, односно го спречиле протестот на студентите на Архитектонскиот факултет и оние кои не се сложуваат со урбанистичката политика на оваа влада, која најмногу е видлива на централното градско подрачје. Бидејќи, и гламџиите и овде, на блогерајот, беа побројни, погласни, вулгарни... не знам зошто ама не ме изненадува текот на настаните. Овие наши „модерни крстоносци“ веќе јавно кажаа дека се спремни на линч на сите оние кои не мислат како нив. Во име на Божјата љубов се спремни и да тепаат (Мартин се закануваше со гајби јајца, а очигледно другите сериозно си ја сфатиле работата). Какви „богољупци“ се овие кои се користат со насилни средства против ненасилна опозиција? Верувам дека вистинските верници се срамат од „Христијаните“, кои ја злоупотребија верата за политички причини, од наводен страв дека „другиве“ настапуваат политички.
Браво, „мажишта“! Им покажавте на оние 30-тина протестанти што е христијански џихад!

Od blogot na Biljana Vakovska.

Se slozuvam so profesorkata, isto gi poddrzuvam Serpiko i prijatelite.
Za razlika od nego, jas mislam deka preterano gi ima i Crkvi i Dzamii, i nema potreba od neshto takvo. Filharmonija moze, isto i vo Bitola, ama eve nesho bilo sporno i tamu so IVZ.
Problematicna demokratija
 
K

KomitaMKD

Гостин
Знаеме, демократијата е мртва секогаш кога СДСБЈРМ не е на власт.
Кога СДСБЈРМ не се на власт, се случуваат земјотреси, изолации, поплави, недемократија, цунами итн.





Дечко, дај биди сериозен.
Зошто би ги читал весниците на Сорос?
Дневник, Кутрински, а1, глобус, шпиц, нивните газди си го имаат на ти го дај ми го.

Кажи ми еден медиум освен Сител што не заговара за промена на името?
Што не носи т.н. експерти како Муљчин и Мерсуљ Буљали?

Треба да се направи демократија, а првиот чекор е да се исчистат соросоидите од медиумите за да можеме да дишеме.


Ќе дојде, не се секирај, тогаш ке нема антимакедонски проститутоиди.
Што си направил ти нешто позитивно за Македонија освен серење по форуми и лепење плаката и за некоја партија?Немојте да ги гледате работите еднострано, секоја работа има добра и лоша страна.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Протестантите тврдат дека биле нападнати од групата контрапротестанти.
Груевски со кој беше на ќотек со протестантите или антипротестантите???
мамата негова .........ако е боксер не значи дека треба луге на плоштад да тепа:vozbud:
Груевски се шеташе во луна парк денес... Сум против градењето на било каков објект на дадената локација а уште помалку верски. Малку цркви ли имаме, уште една ни фали. А инаку, за овие што се тепаа, мислам дека се животињи кои не можат да се разберат на нормален начин и да ја изразат својата протестна иницијатива на мирен нормален и демократски начин. Зошто мислите дека ако се млатите, нешто ќе се промени?:tapp:
 
Член од
2 април 2007
Мислења
394
Поени од реакции
13
Знаеме, демократијата е мртва секогаш кога СДСБЈРМ не е на власт.
Кога СДСБЈРМ не се на власт, се случуваат земјотреси, изолации, поплави, недемократија, цунами итн.





Дечко, дај биди сериозен.
Зошто би ги читал весниците на Сорос?
Дневник, Кутрински, а1, глобус, шпиц, нивните газди си го имаат на ти го дај ми го.

Кажи ми еден медиум освен Сител што не заговара за промена на името?
Што не носи т.н. експерти како Муљчин и Мерсуљ Буљали?

Треба да се направи демократија, а првиот чекор е да се исчистат соросоидите од медиумите за да можеме да дишеме.


Ќе дојде, не се секирај, тогаш ке нема антимакедонски проститутоиди.
Дали ова значи дека се залагаш за граѓансак војна?
Поделбата застапувна од Грујо на Македонци и не-Македонци е опсана.
Ќе плачат мајки од двете страни.
По ова денес се е можно.
Со таквите ко тебе и Јанко се знае што ќе се случи - порано или подоцна во ќумез ќе одите.
Помеѓу попови и студенти - секогаш за студенти.
Поповите се лопови кој освен пари да ти земат ништо добро не направиле.

Досега бев неопределен - но на 5-ти гласам за Фрчко!
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.699
Поени од реакции
288
Ќе дојде, не се секирај, тогаш ке нема антимакедонски проститутоиди.
Со ова признаваш дека сега има тоталитаризам. Фала ти. End of discussion.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom