Владата ја убива економијата

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
кој тоа??? , вечните опозиционери, политиката на владата, глупите овци....вмровски, сдсмовцки и останати...внатрешните или надворешните непријатели...:)
Вајда мисли на партиските војничиња со испран мозок. Едните си го имаат Глујо и секој ден на еден црвен екран гледаат

Глујое наш, ние сме на глујо, глујо ќе не спаси, без глујо не постоиме, глујо е најдобар, ние сме на глујо така да и ние сме најдобри, кој е против нас е сдс, кој е против нас мора да е антимакедонец, кој е против нас мора да е славомакедонец.

Овие пак од СДС на плав екран со жути букви гледаат

Бранко се враќа навистина се враќа, чудо од сила сила од чоек, шо допрал злато, само он може само он знае. Со него се без него ништо. Он ке ја сотрецрната груја која сака да не пороби.

Ах чекај уствари ова може да е мое мислење за нив. Он изгледа мислел нешто друго.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Попаметно е да стават клуч на министерството за финансии во моментов,одколку тоа да продолжи да работи.
Ако се вратиме наназад, дали може да кажеме дека ова министерство е виновно за сите промашувања низ овие транзициони години. Кај нас дрмаат банкарите, тие се алфа и омега во Македонија. Од приватизацијата која знаеме како почна и заврши и во која банките го одиграат најдобриот дел, задолжување и уништување на фирмите кои не беа за стечај-ако се сеќавате по огромни камати. Наваму се некако зависеше од тие банки. Значи имаат голема моќ. Дури и во случај на затворање на банки низ светот, овде тие покажуваат профит-пропаѓаат само по директива (македонска...љубљанска, земјоделска-на времето)... Додуше и тие банки пропаднати низ светот дали и зошто се пропаднати-и тоа е под прашалник. Значи излегува дека кој владее со банките во Македонија (па нешто слично на светот, не сме имуни на тоа), тој ја води (ја вози, како сакате) оваа Македонија. Е сега кој има монозински пакети, целосна контрола и слично, не знам, ваљда една група луѓе.
И НБРМ секако.
Нема врска ова со партиски војници и партии, кај нив не важи тоа-пари се пари и моќ е моќ, важи Хари Костов анд компани и слични на нив. Едноставно си играат со нас и со фирмите.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
247
Поени од реакции
32
Прво мало извинување за доцниот одговор. Не дека немав време, едноставно ме мрзеше да одговорам. Тоа што не си способна да ги признаеш грешките иако ти се истакнати пред очи допринесе да немам желба да продолжам со дебатирање. Ама еве некако сега се здобив со желба.:vozbud:

Тоа значи дека ми дојде сабајле:smir:
Епа избегавај да даваш одговори по сабајле тогаш.:smir:


Повторно повторувам:Нормално е да се направи ребаланс на буџет,не е нормално да се планира најгломазниот буџет во услови на криза.
Се некако ми личи дека имаш навика да даваш констатации од ракав. ``Гломазен Буџет``? Ај те молам објасни што значи тоа?

Буџетот е планиран 2008 кога и веќе имаше криза.Можеа да предвидат помали расходи,бидејќи се знаеше дека ќе опаднат приходите.
Пред малку напиша дека е нормално да се прави ребаланс на буџетот( а тој се прави затоа што се утнати проекциите за приходите и расходите) а сега викаш дека требало подобро да ги предвидат приходите и расходите. Очигледно не знаеш дека една од најтешките работи е да се предвидат приходите и расходите во време на КРИЗА. Затоа што никој не може со сигурност да знае колку ке трае кризата, колку ке ја погоди нашата економија итн. Така да ако е нормално во мирни времиња да се прави ребаланс на буџетот, во време на криза тоа е уште понормално. Провери што се случува во другите земји и ке разбереш. Јас ти го дадов примерот со Германија.


Кога веќе го донесоа ребалансот нека го почитуваат,а тоа значи навистина да ги намалат расходите,а не да вработуваат во малата администрација партиски членови.Отвори на агенција за државни службеници,каде јадат буџетски пари и пријави се на некој оглас:smir:
Свесна си дека расходите ке се намалат ако се НАМАЛАТ( а не да престанат) новите вработувања во администрацијата? Понатаму свесна си дека вработувањата се само една мала ставка од вкупните расходите? Како што самата рече почекај да видиме што ке се случи, а потоа зборувај. Јас ти објаснив на кој принцип работат таканаречените експерти кои постојано критикуваат и за тоа што треба и за тоа што не треба. Ако не се сеќаваш погледни.:smir:
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2456086&postcount=83



Стварно си срцка:)
Ајде сега убаво види што зборуваш.За колкав ќе биде долгот годинава ќе збориме во февруари 2010,дотогаш ќе ја молиме владата да намали.Погледни ги податоците,вкупен долго до март 2009 а?
Јас сакам како таргет да ја земам 2007 година,бидејќи во 2001 имавме војна,потоа дојде исплатата на парискиот клуб со првата еврообврзница,за да ги добиеме овој 28,2%.Долгот во 2009 ќе заврши со над 50%.
Погледни како сама си противрекуваш во самиот пост. Прво велиш да почекаме да видиме колкав ке биде долгот во 2009 па потоа да зборуваме, а 2 реченици под тоа велиш дека долгот ке бил повеке од 50%.:pipi:.

А за тоа која година сакаш да ја земеш како таргет тоа е твоја работа. Само кажи ми потоа до каков заклучок дојде.:vozbud:
http://www.finance.gov.mk/files/u4/stock_of_public_debt_28_02_2009.pdf


Треба да се подобруваме,од година во година а не да се споредуваме со 93 година.Муабетот ми е,ако 2007 беше „успешна“ сме свртиле едно тркало напред.Оваа криза ги погодува големите економии,со рестриктивна фискална политика,ќе ја надминеме без да закачаме други показатели.
Така е бе златна. А ако ти тоа сакаш да го примениш во твојот случај тогаш научи да ги прифаќаш грешките. Така многу повеке ке те почитувааат( барем оние што вредат како луѓе). Со вакви смешни евазии верувај ми не постигнуваш ништо.

Ниту јас.Бегам од владини податоци:smir:
Значи подобро е воопшто да нема податоци тогаш? Да си вадиме констатации онака поушално, од ракав. Или можеби ти имаш некој други извори на податоци? Сакаш од завод за статистика? Или и тоа се владини податоци? Ако не да одиме на Бихачка да побараме податоци?:vozbud:


Како да не се грижам кога само што рече дека невработеноста и инвестициите не се хронични проблеми кои се финансираат од буџетот.
Леандра јас имам одлично помнење и знам дека такво нешто никогаш не сум кажал.
Меѓутоа го кажав ова.
Напишано од Monti Pajton

Хронични проблеми во Македонија се високата невработеност, дефицитот на тековната сметка, малиот број на инвестиции итн. Со 10 милиони евра колку што зема владата од издавање на записите не можат ни да влијаат на тие проблеми, а камо ли да се решат
И еве во кој пост го напишав тоа.
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2486012&postcount=117


Значи да разјасниме, затоа што изгледа не ти беше јасно. Хроничните проблеми( невработеноста, надворешниот дефицит) не се финансираат со издавање на записи затоа што средствата од записите се премногу мали за да влијаат на хроничните проблеми. Ти го тврдеше спротивното. Ако не ми веруваш побарај си во твоите постови и ке најдеш:kesa:

Ајде разгледај колку милиони евра одат за овие програми преку министерството за економија.Морам да се грижам,зошто сакаш да делуваш моќно,а кажуваш дека буквата А не е дел од азбуката.Но не грижи се,нема многу што ќе се насмеат:smir:
Леандра лесно ги забораваш работите. Знаеш дека цело ова време зборуваме за државни записи и нивното користење?? Те прашувам затоа што чувствувам дека постојано скокаш од тема на тема со надеж дека ке ги проголтам твоите лапсузи што ги направи во врска со државните записи. Значи коментирав во врска со твојот став за записите и имам намера да завршиме со записите, а не да почнеме да дебатираме за тоа кој број кондури носи Трајко Славевски.

Миличок да беа само десет милиони задолжувања годинава,навистина ќе бев смешна.Колку милиони собра Славески од почетокот на годинава?
Уф неам изброено, но знам дека вкупните задолжувања преку записи( задолжувања од сите претходни години за записи со рок од 1,3,6 месеци како и обврзници од 2 и повеке години) се 100 милиони евра. Се разбира во однос на претходната година вкупното задолжување бележи намалување. Тоа нормално не очекувам да го знаеш.:pipi:


Прости,овде дошло до недоразбирање.:smir:
Јас ти прикажав како овие каматни стапки на државните записи влијаат врз каматните стапки на банките.
Во 2004 и 2005 не беа овие макроекономски случувања.Значи збориме за денес,како овие каматни стапки влијаат.Знаеш економски е да гледаш окружување и фактори,а не како слеп за стап да се фаќаш за бројки.Денес тие каматни стапки,во услови кога се топат државните резерви доведоа до зголемување на каматни степки за граѓаните.Да не беше експанзивната фискална,немаше да дојде до тоа,разумеш што ми е поентата или пак ќе се објаснуваме за влијанието на записите?
Така е. И замисли јас тоа го кажав во сите мои претходни поста. Немам јас намера да терам контра за се што ке кажеш. Ако мислам дека некои работи што ги кажуваш се точни тогаш ке ги подржам, без разлика што за некои други работи што ги кажуваш мислам дека се смешни. Значи, да мислам дека записите мегу другото( има многу други фактори) влијаат на каматните стапки што банките ги одобруваат. И затоа сметам дека е подобро да има задолжување преку кредити од странство. А експанзивната фискална политика на Владата потполно ја подржувам затоа што во време на криза кога потрошувачка се намалува и придонесува да се намалува и производството, одговорност е на Владата да ја држи таа потрошувачка под контрола, а тоа го прави преку експанзивната фискалнба потрошувачка.


И мене ми е чудно кога од раст од 0% ќе дојдеме до 3,7 и некој ќе рече зошто го сметаш за позтивен:toe:

[FONT=&quot]Dvi`ewe na realnata stapka na BDP 1997 - 2007[/FONT]


[FONT=&quot]1997[/FONT]

[FONT=&quot]1,5 %[/FONT]​


[FONT=&quot]1998[/FONT]

[FONT=&quot]3,5 %[/FONT]​


[FONT=&quot]1999[/FONT]

[FONT=&quot]2,7 %[/FONT]​


[FONT=&quot]2000[/FONT]

[FONT=&quot]4,5 %[/FONT]​


[FONT=&quot]2001[/FONT]

[FONT=&quot]0,4 %[/FONT]​


[FONT=&quot]2002[/FONT]

[FONT=&quot]0,7 %[/FONT]​


[FONT=&quot]2003[/FONT]

[FONT=&quot]3,2 %[/FONT]​


[FONT=&quot]2004[/FONT]

[FONT=&quot]2,9 %[/FONT]​


[FONT=&quot]2005[/FONT]

[FONT=&quot]4 %[/FONT]​


[FONT=&quot]2006[/FONT]

[FONT=&quot]3,1 %[/FONT]​


[FONT=&quot]2007[/FONT]

[FONT=&quot]5,1 %[/FONT]​


[FONT=&quot]2008 5,2%[/FONT]

Од каде ги извади овие податоци? Не ти се точни.:smir:
Еве ги реалните.
http://www.finance.gov.mk/files/u9/Web_Makroekonomski_indikatori_15_04_2009_f.pdf
http://www.stat.gov.mk/pdf/2008/3.1.8.10.pdf

Значи во 2001 за време на војната имавме негативен раст од
-4.5%. Очигледно не знаеш мегутоа откако ке падне БДП-то како резултат на војна или природна непогода, тогаш БДП-то расте со поголем интензитет во наредните години. Тоа е економската логика потврдена безброј пати преку примери( Втората Светска Војна, Земјотресот во Скопје итн). Мегутоа ние за жал не ја следевме таа економска логика и бележевме премали стапки на раст во периодот по 2001.:toe: Треба да се запрашаме во што беше проблемот!!


Уште е почудно што со толку проекти невработеноста никако да падне под 30%.е ова е навистина за чудење,можеби не се ефкасни проектите што викаш?:)
Добро ти може очекуваш невработеноста да се намали за 2-3 години работа.:tapp:
Меѓутоа секој кој има малку знаење може повторно да ги погледне податоците за невработеноста по години и да види во чие време таа растела а во чие се намалувала. Убавината кај бројките е тоа што зборуваат самите за себе, нема потреба од демагогии.


Кај јас ја спомна америка?Ако зборам за должничко - хипотекарна криза не значи дека америка и македонија се исти па истата приказна овде.
Ах извини моја грешка. Не си била ти таа што збореше за Америчката хипотекарна криза.:smir:

Немам право,инаку би сакала да ти оставам еден линк во кој горе споменатиот зборува на економски форум.Но очигледно не си го читал и се залета со гол г.з:vozbud:
Можно е, можно е. Ако е така тогаш признавам дека сум згрешил. Доблесно е да признаеш грешка, поим со кој не си запознаена.


Јас образложив,анализирав,дебатирав,се уморив со тебе.Површно гледаш на работите и до утре да се објаснувам нема да се разбереме.
Барем за крај сфати ми ја поентата:Не треба да одиме назад,туку напред.
Не ли беше ова слоганот на СДСМ на изборите во 2006??:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

Да да тоа е слоганот.:vozbud::vozbud:
http://star.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=28601



Која мајка те роди толку паметен,па од се се разбираш:pos2:Сметководство и ревизија ти оди или?
Е што имаше ова врска со тоа кој ги донесува буџетите на општините? Ја ти реков дека за буџетите на општините е одговорна општината и Владата нема никакво влијание тука.
http://ohrid.gov.mk/index.asp?novostiID=9

Повторно ми покажуваш дека немаш доблест да признаеш грешка. цццц


Те молам,ајде уште еднаш повтори што е консолидиран буџет?
Консолидиран буџет е статистички показател за збирот на буџетите на централно и локално ниво.


Не,не бев,читав за консолидиран буџет,немав време да испаднам:pos2:
Ок ама немој после да се жалиш дека работничките права ти се нарушени.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Се некако ми личи дека имаш навика да даваш констатации од ракав. ``Гломазен Буџет``? Ај те молам објасни што значи тоа?



Пред малку напиша дека е нормално да се прави ребаланс на буџетот( а тој се прави затоа што се утнати проекциите за приходите и расходите) а сега викаш дека требало подобро да ги предвидат приходите и расходите. Очигледно не знаеш дека една од најтешките работи е да се предвидат приходите и расходите во време на КРИЗА. Затоа што никој не може со сигурност да знае колку ке трае кризата, колку ке ја погоди нашата економија итн. Така да ако е нормално во мирни времиња да се прави ребаланс на буџетот, во време на криза тоа е уште понормално. Провери што се случува во другите земји и ке разбереш. Јас ти го дадов примерот со Германија.




Свесна си дека расходите ке се намалат ако се НАМАЛАТ( а не да престанат) новите вработувања во администрацијата? Понатаму свесна си дека вработувањата се само една мала ставка од вкупните расходите? Како што самата рече почекај да видиме што ке се случи, а потоа зборувај. Јас ти објаснив на кој принцип работат таканаречените експерти кои постојано критикуваат и за тоа што треба и за тоа што не треба. Ако не се сеќаваш погледни.:smir:
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2456086&postcount=83





Погледни како сама си противрекуваш во самиот пост. Прво велиш да почекаме да видиме колкав ке биде долгот во 2009 па потоа да зборуваме, а 2 реченици под тоа велиш дека долгот ке бил повеке од 50%.:pipi:.

А за тоа која година сакаш да ја земеш како таргет тоа е твоја работа. Само кажи ми потоа до каков заклучок дојде.:vozbud:
http://www.finance.gov.mk/files/u4/stock_of_public_debt_28_02_2009.pdf




Така е бе златна. А ако ти тоа сакаш да го примениш во твојот случај тогаш научи да ги прифаќаш грешките. Така многу повеке ке те почитувааат( барем оние што вредат како луѓе). Со вакви смешни евазии верувај ми не постигнуваш ништо.



Значи подобро е воопшто да нема податоци тогаш? Да си вадиме констатации онака поушално, од ракав. Или можеби ти имаш некој други извори на податоци? Сакаш од завод за статистика? Или и тоа се владини податоци? Ако не да одиме на Бихачка да побараме податоци?:vozbud:




Леандра јас имам одлично помнење и знам дека такво нешто никогаш не сум кажал.
Меѓутоа го кажав ова.


И еве во кој пост го напишав тоа.
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2486012&postcount=117


Значи да разјасниме, затоа што изгледа не ти беше јасно. Хроничните проблеми( невработеноста, надворешниот дефицит) не се финансираат со издавање на записи затоа што средствата од записите се премногу мали за да влијаат на хроничните проблеми. Ти го тврдеше спротивното. Ако не ми веруваш побарај си во твоите постови и ке најдеш:kesa:



Леандра лесно ги забораваш работите. Знаеш дека цело ова време зборуваме за државни записи и нивното користење?? Те прашувам затоа што чувствувам дека постојано скокаш од тема на тема со надеж дека ке ги проголтам твоите лапсузи што ги направи во врска со државните записи. Значи коментирав во врска со твојот став за записите и имам намера да завршиме со записите, а не да почнеме да дебатираме за тоа кој број кондури носи Трајко Славевски.



Уф неам изброено, но знам дека вкупните задолжувања преку записи( задолжувања од сите претходни години за записи со рок од 1,3,6 месеци како и обврзници од 2 и повеке години) се 100 милиони евра. Се разбира во однос на претходната година вкупното задолжување бележи намалување. Тоа нормално не очекувам да го знаеш.:pipi:




Така е. И замисли јас тоа го кажав во сите мои претходни поста. Немам јас намера да терам контра за се што ке кажеш. Ако мислам дека некои работи што ги кажуваш се точни тогаш ке ги подржам, без разлика што за некои други работи што ги кажуваш мислам дека се смешни. Значи, да мислам дека записите мегу другото( има многу други фактори) влијаат на каматните стапки што банките ги одобруваат. И затоа сметам дека е подобро да има задолжување преку кредити од странство. А експанзивната фискална политика на Владата потполно ја подржувам затоа што во време на криза кога потрошувачка се намалува и придонесува да се намалува и производството, одговорност е на Владата да ја држи таа потрошувачка под контрола, а тоа го прави преку експанзивната фискалнба потрошувачка.




Од каде ги извади овие податоци? Не ти се точни.:smir:
Еве ги реалните.
http://www.finance.gov.mk/files/u9/Web_Makroekonomski_indikatori_15_04_2009_f.pdf
http://www.stat.gov.mk/pdf/2008/3.1.8.10.pdf

Значи во 2001 за време на војната имавме негативен раст од
-4.5%. Очигледно не знаеш мегутоа откако ке падне БДП-то како резултат на војна или природна непогода, тогаш БДП-то расте со поголем интензитет во наредните години. Тоа е економската логика потврдена безброј пати преку примери( Втората Светска Војна, Земјотресот во Скопје итн). Мегутоа ние за жал не ја следевме таа економска логика и бележевме премали стапки на раст во периодот по 2001.:toe: Треба да се запрашаме во што беше проблемот!!




Добро ти може очекуваш невработеноста да се намали за 2-3 години работа.:tapp:
Меѓутоа секој кој има малку знаење може повторно да ги погледне податоците за невработеноста по години и да види во чие време таа растела а во чие се намалувала. Убавината кај бројките е тоа што зборуваат самите за себе, нема потреба од демагогии.




Ах извини моја грешка. Не си била ти таа што збореше за Америчката хипотекарна криза.:smir:



Можно е, можно е. Ако е така тогаш признавам дека сум згрешил. Доблесно е да признаеш грешка, поим со кој не си запознаена.




Не ли беше ова слоганот на СДСМ на изборите во 2006??:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

Да да тоа е слоганот.:vozbud::vozbud:
http://star.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=28601





Е што имаше ова врска со тоа кој ги донесува буџетите на општините? Ја ти реков дека за буџетите на општините е одговорна општината и Владата нема никакво влијание тука.
http://ohrid.gov.mk/index.asp?novostiID=9

Повторно ми покажуваш дека немаш доблест да признаеш грешка. цццц




Консолидиран буџет е статистички показател за збирот на буџетите на централно и локално ниво.




Ок ама немој после да се жалиш дека работничките права ти се нарушени.
Бидејќи со цитирање не се разбираме очигледно,ќе продолжам на друг начин:smir:(Точките се според редоследот на болдот.)

1.Дали буџетот во 2009 е најголем буџет во историјата на Македонија досега?
2.Дали може во услови на светска криза нашава земја која е увозно зависна да биде изоставена?Проекциите врз база на што се прават?Што се проекциите?Зошто ги прават?
3.хахахахаххахахах Свесна сум дека вработувањата во државна администрација се најмалата ставка во буџетот и ставка која ни носи огромна предност во однос на другите земји,еве и така си ја споменал Германија.Дечко освести се што зборуваш:)Со ребалансот се предвидува замрзнувања на вработувања а не намалување!Или и тие поими ги измислив?
4.Мој извор на податоци,и најрелевантен извор е НБРМ.Сите истражувања во земјава се прават според овој извор или не знаеше:)
5.Хроничните проблеми се дел од програмите на владата,која ги финансира со буџетот.Записите се издаваат за дупка во буџетот.Каде одат парите од записите?Квиско прашање?
6.Задолжувањата на земјава (на 9тата страна ти оставив линк,во една анализа).Не се акај од земја молим те:smir:
7.На кој начин експанзивната фискална помага во македонсково стопанство моментално?Знаеш ли кога се користи експанзивна фискална и со какви намени?
8 „Добро ти може очекуваш невработеноста да се намали за 2-3 години работа.:tapp:
Меѓутоа секој кој има малку знаење може повторно да ги погледне податоците за невработеноста по години и да види во чие време таа растела а во чие се намалувала. Убавината кај бројките е тоа што зборуваат самите за себе, нема потреба од демагогии. “ -
не си нормален жими мајка,ме оставаш без коментар:pipi:
9.Од кај им се парите на општините?
10. Од каде ја зема дефиницијата за консолидарен буџет?:pos2:А ние за каков буџет сега зборуваме?

Може полесно ти е да ми ги натовариш сдсм на грб,така полесно ќе заспиеш:)Секој на нешто се радува (немој не ме радуј:pos2:),не ти се мешам.Се вртиме во круг,ме изморуваш,трескаш,ме тераш да се смеам,и мислам дека нема ефект дебатава.Овие прашања нека ти бидат за домашна задача,да не седиш така една недела:smir:
До останатите извинете за напнувањето,се надевам барем некој разбра една страна,ако не двете:)
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
.............хммм....неверојатно...:)
 
M

marsovka

Гостин
Вајда мисли на партиските војничиња со испран мозок. Едните си го имаат Глујо и секој ден на еден црвен екран гледаат

Глујое наш, ние сме на глујо, глујо ќе не спаси, без глујо не постоиме, глујо е најдобар, ние сме на глујо така да и ние сме најдобри, кој е против нас е сдс, кој е против нас мора да е антимакедонец, кој е против нас мора да е славомакедонец.

Овие пак од СДС на плав екран со жути букви гледаат

Бранко се враќа навистина се враќа, чудо од сила сила од чоек, шо допрал злато, само он може само он знае. Со него се без него ништо. Он ке ја сотрецрната груја која сака да не пороби.

Ах чекај уствари ова може да е мое мислење за нив. Он изгледа мислел нешто друго.
заборави да кажеш дека секој ден се крстат у бране или гвујо во зависност каков жиг носат на тоа гзот (во споственост на ....)
 
Член од
7 март 2009
Мислења
247
Поени од реакции
32
Бидејќи со цитирање не се разбираме очигледно,ќе продолжам на друг начин:smir:(Точките се според редоследот на болдот.)
Јас потполно те разбирам се што си напишала. Да не разбирав немаше да ти кажувам дека е грешно.:smir: Мислам дека ти не ме разбираш и во обид да си ги покриеш грешките запаѓаш во уште поголеми. Менување на теми, недоследности, превртување на моите зборови се само дел од тие обиди.

1.Дали буџетот во 2009 е најголем буџет во историјата на Македонија досега?
да

2.Дали може во услови на светска криза нашава земја која е увозно зависна да биде изоставена?
Никоја земја не може да биде изоставена. Може само да биде повеке или помалку погодена од кризата.

Проекциите врз база на што се прават?Што се проекциите?Зошто ги прават?
Проекциите се прават врз база на предвидувања. Како што објаснив предвидувањата во услови на криза се екстремно тешки. Така да ако во време на криза во Македонија се утнуле предвидувањата( а се утнаа низ цел свет- ти го објаснив случајот со Германија) тогаш ние како објективни луѓе треба да имаме разбирање за тоа, а не да критикуваме се и сешто.:tapp:


3.хахахахаххахахах Свесна сум дека вработувањата во државна администрација се најмалата ставка во буџетот и ставка која ни носи огромна предност во однос на другите земји,еве и така си ја споменал Германија.Дечко освести се што зборуваш:)
Еххх почнуваш да ме заморуваш. Така е кога си имам работа со некој кој очигледно никогаш ги нема погледнато буџетите во РМ. Ама џабе и да ти покажам дека ставките за НОВИ вработувања се минимални во однос на вкупниот буџет. Ти очигледно не си од тој тип на луѓе што ке го прифатат тој факт. Полесно ке ти биде на тебе повторно да ја смениш темата.

ПС:Германија во друг контекст ја споменав, златна!! Погледни си повторно

Со ребалансот се предвидува замрзнувања на вработувања а не намалување!Или и тие поими ги измислив?
Незнам бе златна, ти тоа го тврдиш.:smir: Така да за да не викам дека даваш информации од ракав можеби ке ми покажеш каде во ребалансот е напишано дека се замрзнуваат сите вработувања и потоа ке ми покажеш доказ дека тоа е прекршено. Некако имам претчувство дека ке извадиш некоја полу-вистина. Ако не си запознаена со поимот тогаш...
http://en.wikipedia.org/wiki/Half-truths

Поголемиот дел од твоево излагање можам да го сместам во оваа категорија.


4.Мој извор на податоци,и најрелевантен извор е НБРМ.Сите истражувања во земјава се прават според овој извор или не знаеше:)
Да а? НРБМ? Е ај сеа погледни ги податоците на НРБМ и оние на Министерството за финанисии и кажи ми колку се разликуваат?
А инаку страницата на НРБМ е дефицитарна со податоци!! Затоа повеке ги користам другите страници.


5.Хроничните проблеми се дел од програмите на владата,која ги финансира со буџетот.Записите се издаваат за дупка во буџетот.
Одамна не сум се возел на рингишпил. Ама со твоиве навракања дефинитивно така се осеќам- како на рингишпил.
Ај уште еднаш прочитај го моето објаснување што претходно го напишав. Зашто на економист не би требало да му е тешко да разбере.

Каде одат парите од записите?Квиско прашање?
За пополнување на расходната и приходната страна на буџетот која на моменти во годината е неусогласена.

6.Задолжувањата на земјава (на 9тата страна ти оставив линк,во една анализа).Не се акај од земја молим те:smir:
Па покажи го линкот. Ја на гравче не гледам за да знам за кој линк зборуваш!!

7.На кој начин експанзивната фискална помага во македонсково стопанство моментално?Знаеш ли кога се користи експанзивна фискална и со какви намени?
Скратено - Ја одржува вкупната потрошувачка на повисоко ниво. Ако се намали вкупната потрошувачко, логичко нешто е да се намали и производството, а со тоа и да се зголеми невработеноста. Едноставна ланчана реакција. За подетално објаснување прочитај го Кејнз и Кензијанската економија.

не си нормален жими мајка,ме оставаш без коментар:pipi:
:smir:

9.Од кај им се парите на општините?
Дел од даноците се префрлаат директно на сметка на општините.:helou:

10. Од каде ја зема дефиницијата за консолидарен буџет?:pos2:
Од нигде!! Зашто? Ти подразбираш нешто друго под консолидиран буџет?:nesvest:

А ние за каков буџет сега зборуваме?
Буџет на Централната Власт. Нели владата е таа која постојано треба да се критикува

Може полесно ти е да ми ги натовариш сдсм на грб,така полесно ќе заспиеш:)
Епа што да правам кога твојата поента е всушност слоганот на СДСМ од 2006.:vozbud:
http://star.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=28601

Се вртиме во круг,ме изморуваш,трескаш,ме тераш да се смеам,и мислам дека нема ефект дебатава.
Уф извини. Ама добро, бар те терам да се смееш.:vozbud:

До останатите извинете за напнувањето,се надевам барем некој разбра една страна,ако не двете:)
Тоа ти е проблемот. Очигледно се чувствуваш како да имаш некоја титула на форумов и ти е страв да не ја загубиш.:vozbud: Постојано ти е грижа што останатите ке помислат. А пред некое време утврдивме дека освен оние што знаат економија, другите се табула раза. Ама нели тогаш е најлесно да си експерт.:pos2:
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Проекциите се прават врз база на предвидувања. Како што објаснив предвидувањата во услови на криза се екстремно тешки. Така да ако во време на криза во Македонија се утнуле предвидувањата( а се утнаа низ цел свет- ти го објаснив случајот со Германија) тогаш ние како објективни луѓе треба да имаме разбирање за тоа, а не да критикуваме се и сешто.:tapp:
Да утневме само предвидувања лесно ќе беше. Ама ние утнавме цела светска криза. Па до пред неколку месеци се тврдеше дека кај нас нема светска криза. Цело време се викаше дека нема да ја почуствуваме. И не само тоа туку и ни се ветија 8 милијарди долари за 5 години. Од тоа околу 1.5 милијарди наше финансирање или по 300 милиони долари годишно. Сега истото министерство и истите луѓе не само што ми викаат дека нема да се исполни тоа туку и ми најавуваат 200 милиони годинава зголемување на надворешен долг. Утка од 500 милиони само оваа година или1/4 од нашиот целосен буџет. А да не ги ставаме на исто место и странските инвестиции кои треба да дојдат годинава и кој според сегашните проекции ќе бидат некаде околу
1$
.
И да се утнуваа работи во целиот свет ама се знае за што се утнува. Не се утнува дали ќе не фати светска економска криза. Еве ти еден прашалник како за мали деца што ако го пополнеа нашиве владини експерти ќе знаеја дали ќе не погоди или не кризата:
1. Дали извезувате во Европска Унија, и дали е тоа во значаен процент?
2. Дали сте зависни од странски инвестиции?
Да ги видеа овие две работи и да ја видеа криазта во европа ќе сврзеа два со два. А да не зборам да го пуштија телевизорот кога сите експерти им велеа ќе има криза, ама тие тогаш беа од СДС и само го плашеа народот.

Ј
Епа што да правам кога твојата поента е всушност слоганот на СДСМ од 2006.:vozbud:
http://star.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=28601
Има и еден друг политичар кој постојаного користи истиот слоган. Исто и он е од СДС се вика
Барек Обама :uvo:
. Ако не ми веруваш гуглај малку
going froward not backward
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Да утневме само предвидувања лесно ќе беше. Ама ние утнавме цела светска криза. Па до пред неколку месеци се тврдеше дека кај нас нема светска криза. Цело време се викаше дека нема да ја почуствуваме.
Така си е. Па слушајќи го министерот, на човек му се чини живееме во Норвешка или Данска. Како збори, мед од уста му тече, со ГДП мислиш Луксембург ќе го стигнеме, а оно у стварност е... терсене работа.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
he,he...da ima vladata Makedonska eden rulet na masa, samo so dve boi i so nego da donesuva odluki ,ke naprai vo najlos slucaj...eve 55-60% pogresen izbor.......90 i kusur % veke e NAMERA:) kakva???? pa procenete....
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Monti Pajton слободен си.Доволно одговори :helou:

Заборавив да напоменам колку добро личи постот кој е цитиран,прашањата и одговорите заедно.:smir:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Некаде денеска прочитав дека Славески си правел пат до позицијата гувернер.Иако е моментална шпкулација,ме стегна срцето,замислете :vozbud:

Една изјава,позитивна или негативна од страна на лице одговорно во финансискиот сектор или влада,може да ги придвижи очекувањата нагоре или надоле.Погледнете ја како пример берзата како реагира на изјави,тоа се очекувњата за иднина.Очекувањата се вкалкулирани во цените.Моменталните очекувања кај нас се негативни.Во светски рамки провејуваат изјави за допирање на дното од кризата и линија нагоре.Затоа е важно што се пласира во јавност.
Ја пребарував изјавата од крајот на 2008 година,од типот кризата ќе не одмине,но во пишана верзија не успеав да ја најдам.Па го замолувам Воне,кој ги пласира почесто изјавите,да ми помогне да ја најдеме,за да биде сликата комплетна:smir:







10.09.2008


http://www.finance.gov.mk/node/196„Дали годинава ќе го има истиот тренд на економски пораст?

- Нашите проекции на среден рок од три-четири години се од шест до осум проценти пораст на БДП. Годинава порастот може да биде повисок од 5,5 и очекуваме тој да стигне до шест проценти.

Минатата година трговскиот биланс покажа негативни трендови, а салдото на тековната сметка е зголемено.
Може ли тоа да го влоши платниот биланс на земјата?

- Има многу неразбирања во овие прашања за трговскиот дефицит и платниот биланс. Економиката на платниот биланс е врвот на економијата. На прсти во светот може да се избројат експертите што ги разбираат прашањата за меѓународна трговија и платниот биланс. На студентите им кажувам дека платниот биланс може да го разберат оние што имаат најмоќен ум, кои имаат аналитички способности и што ќе се потрудат да го разберат тоа. За жал, домашните аналитичари што даваат свои мислења не спаѓаат во таа група. Често се носат неаргументирани заклучоци и прогнози. Билансот на тековните трансакции е поширока категорија од трговскиот биланс. И тоа е она што треба да се следи. Трговскиот биланс на Македонија е влошен.“


4 Февруари 2009
http://www.vlada.mk/?q=node/2269
Министерот за финансии Славески кажа дека Македонија во повеќе домени има заштитни механизми за негативните последици од кризата. - Република Македонија спроведе успешни даночни реформи во последните две години со што значително ја подобри издржливоста на економијата, а доправа ќе се видат и ефектите од намалувањето на стапките на придонесите...Втор фактор што дава надеж е цврстината на банкарскиот систем во Македонија и фактот што нашите банки во 2008 година работеа со профит со што барем малку влијаат на подобрувањето на билансите на своите матични банки, рече Славески.

Тој истакна дека во Владата се залагаат од проектите кои треба да се реализираат годинава предност да добиваат оние кои имаат домашна компонента, а да бидат поригорозни кон оние со увозна компонента.“

Кој го лие споменикот на Аце?Дали е во Италија?Колку чини?Дали е тоа домашна фирма?


01.04.2009


Македонија не води никакви тајни преговори со ММФ, изјави денеска во Охрид министерот Трајко Славески, коментирајќи го таквото тврдење на Даниел Дончев објавено во денешен „Утрински весник“.

- Го прочитав тоа и не можев да верувам дека читам таква шпекулација, но потоа разбрав дека е објавена на 1-ви април, па ја сфатив како првоаприлска шега.

Преговори со ММФ се водат или во Вашингтон или во Скопје. Ниту Владата патувала за Вашингтон во овој период ниту некој од Вашингтон дошол во Македонија, рече Славески, одговорајќи на новинарски прашања.

За најавите за можно покачување на каматите на банкарските кредити, Славески истакна дека тоа е деловна политика на банките, но според него, ако сакаат да ги задржат досегашните профитите треба добро да размислат дали ќе ги зголемуваат цените на своите производи.“


07.04.2009

- Прибрани се бараните износи од страна на Минситерството за финансии по прифатливи каматни стапки. На аукцијата за едномесечни записи каде баравме милијарда денари постигнатата каматна стапка е под девет отсто, односно 8,90. Кај тримесечните во износ од 600 милиони денари каматата е околу девет, а кај шестмесечните во вредност од 403 милиони и 970 илјади денари каматната стапка е 9,10 отсто, изјави министерот Славески.

Тој додаде дека е применет стандарден тип на аукција, односно не се применети фиксни каматни стапки, туку ги одреди пазарот, кои, пак, како што истакна, не се повисоки од оние на благајничките записи.“




- Светот и меѓународната заедница има потреба од меѓународни финансиски институции. Не може во услови на промена на глобалните услови да згаснува, а да востановува други финансиски институции, односно доаѓа до еволуција на институциите. Ова што е денес ММФ е сосема различно од она што беше ММФ минатата година . Само името е исто. Се покажа дека на светот му треба една институција која настанува на основите на ММФ, но она што е тој денес е сосема друга институција што беше пред една година. Не се препознава воопшто, истакна министерот за финансии Трајко Славески.“
http://www.finance.gov.mk/node/768



12.04.2009


„Прашан за коментар за зголемувањето на каматните стапки на банките, министерот за финансии рече дека се уште не ги знае сите детали за да коментира, но нагласи дека порастот на каматните стапки не е добар сигнал.
- Порастот на каматните стапки не е добар сигнал за економијата, а Владата за нивно намалување може да придонесе со престојниот ребаланс на Буџетот, односно да не врши значителен притисок за позајмување средства за финансирање на буџетскиот дефицит на домашниот пазар, рече Славески.“
http://www.finance.gov.mk/node/773


24.04.2009


„Македонската економија не е во рецесија“



-Македонската економија за разлика од повеќето Европски економии, е далеку од тоа што го спомнавте, од пропаст, таа не влегува во рецесија, остварува се уште позитивни стапки на раст. Ова е придонес на Владата на Република Македонија, со мерките и со скусувањето на буџетот, кон одржлив економски раст, во година во којашто треба да обезбедиме барем минимален раст, да ги зачуваме работните места и стандардот на граѓаните.“


http://www.finance.gov.mk/node/821


Од Министерството за финансии посочуваат дека зголемувањето на каматните стапки на државните записи кои достигнаа близу девет проценти, не е причина за зголемување на каматните стапки за кредитите од банките на физичките и правните лица.“
http://www.finance.gov.mk/node/838



Ребалансот и замрзнување на вработувањата
http://www.finance.gov.mk/node/843


И за крај ова е круната на признанието.Неможам да правам копи бидејќи има дел каде странците ни викаат дека сме имале мала администрација и треба да ја зголемиме!!!И плус признание за потценување на кризата.
http://www.finance.gov.mk/node/856

05.05.2009

„За домашна употреба е тоа дека владата троши за нерационални проекти, се истакнуваат некакви минорни трошења од областа на културата коишто РМ никогаш не треба да ги запреме, нашите предци и во добри и во лоши времиња инвестирале во културни објекти. Грото од инвестициите и оваа година од над 200 милиони се наменети за капитални проекти во инфраструктурата и енергетиката“, изјави Славевски.Министерот за финансии во Брисел пред своите европски колеги и пред Европската комисија потврди дека засега Македонија нема намера да склучи аранжман со ММФ.
Претпристапната економска програма која Владата редовно ја подготвува и презентира пред европските институции, наиде на сериозни критики од страна на ЕК оваа година.
Трајко Славевски порача дека овие критики биле упатени кога Брисел не знаел за владини антикризни мерки.“
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=108081

04.05.2009
Владата ќе склучи аранжман со Меѓународниот монетарен фонд доколку економијата се соочи со опасност од девалвација на денарот.Ова денеска го изјави министерот за финансии Славевски, посочувајќи „Владата и натаму ќе ја штити макроекономската стабилност, доколку ситуацијата се влоши ќе преминеме и на други мерки, како што е и поддршка од ММФ.“
Според Славевски, ситуацијата во земјава е стабилна. Девалвацијата сепак останува како последен потег на фискалната власт, но во моментов, причина за такво нешто нема, велат од Министерството за финансии. Девизните резерви се во добра кондиција и можат да го бранат курсот на денарот.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=108043

11.05.2009
„Славевски кажа дека Владата намалила дел од непродуктивните трошења.„Давање на приоритет на сите оние проекти, што значи ангажирање на градежниот сектор и домашните компании.“
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=108370

04.05.2009
Александар Македонски ќе никне на скопскиот плоштад следната година. Споменикот чини 4,5 милиони евра, се лее во бронза во леарницата Фердинандо Маринели во Фиренца.
Во тек е изработката на четири лава во истата леарница. Два од нив се долги и високи по пет метри. Другите два се долги шест метри и високи пет метри. Ќе стојат уште годинава од двете страни на мостот Гоце Делчев. Вредни се 2 милиони и 330 илјади евра.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=108044

На ова додатете транспорт на фигура од 22 метри од Италија до Македонија и осигурување на истата.

Изјава на децеинијата:

„Се предвидува дека ММФ би барал отпуштање буџетари кои според некои информации се146.000 луѓе:

- Не ви е точна информацијата 146.000 е преголема бројка.До нас дури стигнаа забелешки од Брисел,преку заменик премиерот за европски интеграции дека имаме релативно мал број во она што се нарекува администрација.
http://www.finance.gov.mk/files/u1/informacii/ervju_minister_Slaveski_nedelnik_Sega_070509.pdf
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Изјава на децеинијата:

„Се предвидува дека ММФ би барал отпуштање буџетари кои според некои информации се146.000 луѓе:

- Не ви е точна информацијата 146.000 е преголема бројка.До нас дури стигнаа забелешки од Брисел,преку заменик премиерот за европски интеграции дека имаме релативно мал број во она што се нарекува администрација.
http://www.finance.gov.mk/files/u1/informacii/ervju_minister_Slaveski_nedelnik_Sega_070509.pdf
Точно во Македонија и нема АДМИНИСТРАЦИЈА, нишачи на врата, партиски зјапачи во бел зид, разговарачи на службен мобилен , припадници на дискриминирани народности со голем одмор од школо и курс по иредентизам... итн. итн. познати како буџетари..... НЕ СЕ АДМИНИСТРАЦИЈА..ПОСЕБНО ДРЖАВНА...:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom