Владата ја убива економијата

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Сите влади до сега само кокодакаат за ЕУ.
Ниту еден услов од потребните (а тоа се економските) немаме исполнето.
Кандидатскиот статус беше само морковче за стапот што го обравме...
Во белата книга за прием на нови членки јасно стојат критериумите кои треба да бидат исполнети за некоја земја да се надева :))) за прием.
Ние немаме ништо.
И да ни дадат преговори...ќе траат повеќе од турските...не не сакаат бе таму...
Циган коа ќе ти дојде пред врата....или му даваш МАЛКУ лебче, или го бркаш....не го прибираш да ти седи дома...
Жалосно е што чувашите заминаа светлосни години пред нас...
He, he...kakvi bre kriteriumi kakvi bakraci, takvo nesto postoi samo za da mozat raznorazni EU-ropski birokrati da si go vadat lebot...
..priem ili ne priem e POLITICKA ODLUKA :) posebno na banani...:)
..uslovite koi treba da gi ispolnime se mnogu ednostavni...TREBA DA SE SAMOUTEPAME...dali toa ke go napravime....zavisi vo momentov od gazdite na Gwujo.....
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
He, he...kakvi bre kriteriumi kakvi bakraci, takvo nesto postoi samo za da mozat raznorazni EU-ropski birokrati da si go vadat lebot...
..priem ili ne priem e POLITICKA ODLUKA :) posebno na banani...:)
..uslovite koi treba da gi ispolnime se mnogu ednostavni...TREBA DA SE SAMOUTEPAME...dali toa ke go napravime....zavisi vo momentov od gazdite na Gwujo.....
И тоа е така де...:)
И постојано се прашувам....ЧАРЕ!!!??????????
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
И тоа е така де...:)
И постојано се прашувам....ЧАРЕ!!!??????????
НЕМА ДРУГО..!!! ќе мораме малку подолго, одколку што во прво време мислевме, да седиме на брегот на реката и да чекаме додека таа не ги однесе лешевите на нашите непријатели...ЕУ-ропски :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
НЕМА ДРУГО..!!! ќе мораме малку подолго, одколку што во прво време мислевме, да седиме на брегот на реката и да чекаме додека таа не ги однесе лешевите на нашите непријатели...ЕУ-ропски :)
Да не не однесе само нас реката надоле:)
 
Член од
7 март 2009
Мислења
247
Поени од реакции
32
Од толку реченици,толку глупости немам исчитано досега:)Ајде ќе почнам да цртам сега,бидејќи ми продаваш демагогии
Чувствувам доза на острина во постов.:) Добро тоа е природна реакција на одбрана.:wink:

Она што ти е болдирано„ребаланс на буџет“ го разгледа за оваа година?Има таму мерка замрзнување на плати и стоп за вработувања.Има раст од 1% на економијата,НБРМ излезе со предвидувања од - 0,4%.Не ми е муабетот дали да се прави или не ребаланс,туку како ќе го направиш.И овој ќе треба да го ребалансираат:)Ги знам дефинициите,те молам не ми бладај на секое,после срч гугл.
Нормално дека го разгледав ребалансот за оваа година. Ја мислев дека ти не си го разгледала и затоа ти го презентирав.:smir: И нормално е да направат уште еден ребаланс подоцна во текот на годината!! Како што ти реков да правиш ребаланс во буџетот е редовна практика насекаде, вклучително и во Македонија. А за превидувањата еве пред некој ден и Германија направи ребаланс на своите проекции. Наместо предвидениот пад од 1% на нивниот БДП, сега предвидуваат пад од 5.1%.
http://fistfulofeuros.net/afoe/economics-and-demography/german-2009-gdp-forecasts-getting-revised-down/

Истото се случува насекаде во Европа. И што сега. Ке почнеме да тврдиме дека никој во Европа не знае што прави?



Значи според тебе ние драстично се задолжуваме. Ајде да видиме дали е така.
http://www.finance.gov.mk/files/u4/stock_of_public_debt_28_02_2009.pdf

Некако податоциве не се поклопуваат со твоево тврдење!!:kesa:

Вкупен долг до март 2009 е 1 838 000 000 евра или 25.4% од БДП. Во 2007 долгот бил 1 868 000 000 евра( или 28.2% од тогашниот БДП). Во 2005 долгот бил 2 191 600 000 или големи 46% од БДП.

Леандра ако си економист, научи да ги вадиш фактите од бројките. А не од муабети.

Те советувам да го избегнуваш сајтот на министерство за финансии,лошо делува.
Не бегам од податоци како ѓавол од крст.



А знаеш ли дека се тоа спаѓа во макроекономија или не?Знаеш ли што е дефицит на тековна сметка?
Не се грижи, не користам термини со кои што не сум запознаен.

Треба да сфатиш дека немаме од каде да ги покриеме тие записи,дека немаме средства,пари,како сакаш да ти објаснам.Дека немаме нафта,злато,курви по улица.Појасна ли сум?
Земи ја твојата плата како пример.Давај цело време бончиња,а за тоа плаќај камата.До кога ќе издржиш?Нема да влезеш во минус некоја плата?Што ќе добиеш?
Полека Леандра полека. Нели ти објаснив дека со записите не се задолжуваме повеке од 10 милиони евра? Сега ти сакаш да ни кажеш дека тие 10 милиони и прават проблеми на нашата економија?
И после зошто викам дека е смешно тоа што го збориш.:baeh:



Човече кои каматни стапки си ги гледал?Еве сам спореди си ги,господе боже:

• 15.90% годишно Стопанска Банка (потрошувачки кредит)
- 14% Комерцијална Банка
- 18,9% годишна камата Тутунска

Кај помалите се поголеми!
Леандра бе чедо. Не извртувај работи. Не зборувавме ние за каматните стапки на банките, туку за каматните стапки на државните записи.
Ако си заборавила да те потсетам. Еве што рече,
Напишано од leandra
Од каде еднаш издадоа записи со високи каматни стапки едномесечни,се полакомија и уште еднаш издадоа.
Така да ја кога ти одговарав тоа беше за каматните стапки на записите. А дека не зборувам без покритие еве самата провери.
Спореди си ги каматните стапки од 2004 па се до 2009.
Еве ти некои од 2004. Каматната стапка се движи околу 9%
http://www.finance.gov.mk/files/dz_2021-98_3m..pdf
http://www.finance.gov.mk/files/dz_20_98_3m..pdf
http://www.finance.gov.mk/files/izvestuvanje_dz_06_91.pdf
http://www.finance.gov.mk/files/dz_19_91.pdf

Еве од 2005. Каматната стапка е околу 10%.
http://www.finance.gov.mk/files/8_04_2005_DZ2005_03a_30.pdf
http://www.finance.gov.mk/files/10_05_2005_dz2005_09_91.pdf
http://www.finance.gov.mk/files/22_02_2005_dz_91.pdf

Значи во врене во кое немало криза каматните стапки биле 9,10 до 11%, а ти сакаш сега на врв на криза да бидат помали?

Еве ти извештај за 2005 од НБРМ,дали знаеш воопшто како беше економијта тогаш или напамет зборуваш?Читај добро!:

Во првото полугодие од 2005 година монетарната политика на НБРМ се спроведуваше во амбиент на зголемена економска активност, дисциплинирана буџетска потрошувачка и поволни движења во екстерниот сектор. Остварен е реален пораст на БДП од 3,7% и намалување на дефицитот на тековната сметка од платниот биланс за 58,8% во однос на истиот период од претходната година. Народна банка на Република Македонија ја одржа ценовната стабилност, бидејќи при поволни движења на девизниот пазар и стабилен номинален девизен курс на денарот во однос на еврото остварена е просечна стапка на инфлација од 0,2%. Во првата половина од 2005 година регистриран е пораст на вкупниот депозитен потенцијал на банките од 29,4% на годишна основа, што претставува индикатор за натамошно јакнење на довербата во банкарскиот систем. Воедно, регистриран е и висок годишен пораст на вкупните пласмани на банките од 23,2%, што упатува на натамошно јакнење на финансиската интермедијација на банкарскиот сектор.

Бруто девизните резерви на крајот на јуни 2005 година изнесуваа 778 милиони евра и во однос на 31.12.2004 година се повисоки за 61 милион евра, главно како резултат на високиот нето откуп на девизи на девизниот пазар од страна на НБРМ, при едновремено навремено извршување на обврските на Република Македонија кон странство. Девизните резерви се пласирани во финансиски институции со висок кредитен рејтинг, странски централни банки и меѓународни финансиски организации, во соодветни финансиски инструменти. При ракувањето со девизните резерви Народна банка се раководи од принципите на сигурност, ликвидност и рентабилност.
Викам ја дека скокаш од тема на тема. Од цената на записите во 2005 скокнавме на економијата во 2005. Чудно ми е што за тебе раст на БДП од 3.7% и ненамалување на невработеноста( која во таа година беше 37%) во Македонија е добар показател, а во исто време во другите земји на Балканот растот беше околу 6%.:toe:


Ај да се повторам од друга тема.Со невработеност од 30% и низок стандард и камати кои одат нагоре,знаеш кој ќе ги врати кредитите?Денес еден нема да врати,утре друг,каматите нагоре,банките надоле.така се создава должничка криза.Банките ќе ги активираат хипотеките,граѓаните на улица.Тие хипотеки кој ќе им ги купи?И се така ланчано се нарекува должничко-хипотекарна криза.
И според тебе така настанала америчката хипотекарна криза? Ај сеа оди на гугл и пиши securitization mortgage crisis и разбери како вистински настанала кризата. За ја да ти го објаснам ке треба доста време и напор. Само ке ти кажам дека тоа што се случи во Америка е токму спротивното на она ти што го напиша. Имено тамо се даваа кредити на високоризични лица и подоцна тие кредити преку процесот на секјутеризација банките ги препродаваа на трети лица. Прилично комплицирано и долго е објаснувањето( затоа ти викам прочитај си) , меѓутоа она што е важно е дека не настана како резултат на зголемување на каматните стапки на Централната Банка во Америка. Обратно нивната Централна Банка се обиде преку намалување на каматните стапки да влијае на состојбата.

ПС:Ова што го пишуваш хипотетички е точно, меѓутоа да се случи во Македонија, со така стабилно и традиционално банкарство кое не дава кредити од ракав- малце потешко. Ама како викаат``живи били па видели``.

Знаеш ли што зборуваш или онака пишуваш во економија?
Оние што не се разбираат во економија никогаш нема да дознаат. Гледам Concrete е еден од тие луѓе.:vozbud:


Сум го погледнала и анализирала.Оди прочитај ја анализата низ темиве во економија.Или бујрум ти направи анализа:)
Што имам јас да анализирам? Не бев јас тој кој што го критикуваше буџетот без да образложам конкретно што е тоа што ми пречи !!



:pos2:
Сакаш да пребараш што значи терминот консолидиран буџет или?
Види види. И ај сега објасни ми како се донесува тој консолидиран буџет? Или уште поконкретно објасни ми како може Влада да и наложи на општината како да ги троши парите кои според закон и припаѓаат на општината? Ми се чини дека слабо ги познаваш одредбите на децентрализацијата.
Буџетот се денесува од страна на советот на општината.
http://ohrid.gov.mk/index.asp?novostiID=9

Уште еднаш те советувам да почнеш да зборуваш со факти. Исто така пред да напишеш нешто провери си го дали е така, а не сама да напишеш колку да се рече...

Ќе се трудам да објаснувам вака по цел ден,може некој ќе ме сфати:)
А не беше на протестот по повод први мај-ден на работникот?:pos2:

а бе по втор пут овде ти викам ...читај што пишува девојчево..и не булазни, читај да научиш нешто , да не викаат види го смешен ко преродбенички икономист...:)
:salut:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Чувствувам доза на острина во постов.:) Добро тоа е природна реакција на одбрана.:wink:
Тоа значи дека ми дојде сабајле:smir:

Monti Pajton напиша:
Нормално дека го разгледав ребалансот за оваа година. Ја мислев дека ти не си го разгледала и затоа ти го презентирав.:smir: И нормално е да направат уште еден ребаланс подоцна во текот на годината!! Како што ти реков да правиш ребаланс во буџетот е редовна практика насекаде, вклучително и во Македонија. А за превидувањата еве пред некој ден и Германија направи ребаланс на своите проекции. Наместо предвидениот пад од 1% на нивниот БДП, сега предвидуваат пад од 5.1%.
http://fistfulofeuros.net/afoe/economics-and-demography/german-2009-gdp-forecasts-getting-revised-down/

Истото се случува насекаде во Европа. И што сега. Ке почнеме да тврдиме дека никој во Европа не знае што прави?
Повторно повторувам:Нормално е да се направи ребаланс на буџет,не е нормално да се планира најгломазниот буџет во услови на криза.Буџетот е планиран 2008 кога и веќе имаше криза.Можеа да предвидат помали расходи,бидејќи се знаеше дека ќе опаднат приходите.
Кога веќе го донесоа ребалансот нека го почитуваат,а тоа значи навистина да ги намалат расходите,а не да вработуваат во малата администрација партиски членови.Отвори на агенција за државни службеници,каде јадат буџетски пари и пријави се на некој оглас:smir:


Monti Pajton напиша:
Значи според тебе ние драстично се задолжуваме. Ајде да видиме дали е така.
http://www.finance.gov.mk/files/u4/stock_of_public_debt_28_02_2009.pdf

Некако податоциве не се поклопуваат со твоево тврдење!!:kesa:

Вкупен долг до март 2009 е 1 838 000 000 евра или 25.4% од БДП. Во 2007 долгот бил 1 868 000 000 евра( или 28.2% од тогашниот БДП). Во 2005 долгот бил 2 191 600 000 или големи 46% од БДП.

Леандра ако си економист, научи да ги вадиш фактите од бројките. А не од муабети.
Стварно си срцка:)
Ајде сега убаво види што зборуваш.За колкав ќе биде долгот годинава ќе збориме во февруари 2010,дотогаш ќе ја молиме владата да намали.Погледни ги податоците,вкупен долго до март 2009 а?
Јас сакам како таргет да ја земам 2007 година,бидејќи во 2001 имавме војна,потоа дојде исплатата на парискиот клуб со првата еврообврзница,за да ги добиеме овој 28,2%.Долгот во 2009 ќе заврши со над 50%.
Треба да се подобруваме,од година во година а не да се споредуваме со 93 година.Муабетот ми е,ако 2007 беше „успешна“ сме свртиле едно тркало напред.Оваа криза ги погодува големите економии,со рестриктивна фискална политика,ќе ја надминеме без да закачаме други показатели.


Monti Pajton напиша:
Не бегам од податоци како ѓавол од крст.
Ниту јас.Бегам од владини податоци:smir:



Monti Pajton напиша:
Не се грижи, не користам термини со кои што не сум запознаен.
Како да не се грижам кога само што рече дека невработеноста и инвестициите не се хронични проблеми кои се финансираат од буџетот.Ајде разгледај колку милиони евра одат за овие програми преку министерството за економија.Морам да се грижам,зошто сакаш да делуваш моќно,а кажуваш дека буквата А не е дел од азбуката.Но не грижи се,нема многу што ќе се насмеат:smir:

Monti Pajton напиша:
Полека Леандра полека. Нели ти објаснив дека со записите не се задолжуваме повеке од 10 милиони евра? Сега ти сакаш да ни кажеш дека тие 10 милиони и прават проблеми на нашата економија?
И после зошто викам дека е смешно тоа што го збориш.:baeh:
Миличок да беа само десет милиони задолжувања годинава,навистина ќе бев смешна.Колку милиони собра Славески од почетокот на годинава?



Monti Pajton напиша:
Леандра бе чедо. Не извртувај работи. Не зборувавме ние за каматните стапки на банките, туку за каматните стапки на државните записи.
Ако си заборавила да те потсетам. Еве што рече,


Така да ја кога ти одговарав тоа беше за каматните стапки на записите. А дека не зборувам без покритие еве самата провери.
Спореди си ги каматните стапки од 2004 па се до 2009.
Еве ти некои од 2004. Каматната стапка се движи околу 9%
http://www.finance.gov.mk/files/dz_2021-98_3m..pdf
http://www.finance.gov.mk/files/dz_20_98_3m..pdf
http://www.finance.gov.mk/files/izvestuvanje_dz_06_91.pdf
http://www.finance.gov.mk/files/dz_19_91.pdf

Еве од 2005. Каматната стапка е околу 10%.
http://www.finance.gov.mk/files/8_04_2005_DZ2005_03a_30.pdf
http://www.finance.gov.mk/files/10_05_2005_dz2005_09_91.pdf
http://www.finance.gov.mk/files/22_02_2005_dz_91.pdf

Значи во врене во кое немало криза каматните стапки биле 9,10 до 11%, а ти сакаш сега на врв на криза да бидат помали?
Прости,овде дошло до недоразбирање.:smir:
Јас ти прикажав како овие каматни стапки на државните записи влијаат врз каматните стапки на банките.
Во 2004 и 2005 не беа овие макроекономски случувања.Значи збориме за денес,како овие каматни стапки влијаат.Знаеш економски е да гледаш окружување и фактори,а не како слеп за стап да се фаќаш за бројки.Денес тие каматни стапки,во услови кога се топат државните резерви доведоа до зголемување на каматни степки за граѓаните.Да не беше експанзивната фискална,немаше да дојде до тоа,разумеш што ми е поентата или пак ќе се објаснуваме за влијанието на записите?

Monti Pajton напиша:
Викам ја дека скокаш од тема на тема. Од цената на записите во 2005 скокнавме на економијата во 2005. Чудно ми е што за тебе раст на БДП од 3.7% и ненамалување на невработеноста( која во таа година беше 37%) во Македонија е добар показател, а во исто време во другите земји на Балканот растот беше околу 6%.:toe:
И мене ми е чудно кога од раст од 0% ќе дојдеме до 3,7 и некој ќе рече зошто го сметаш за позтивен:toe:
[FONT=&quot]Dvi`ewe na realnata stapka na BDP 1997 - 2007[/FONT]
[FONT=&quot]1997[/FONT]
[FONT=&quot]1,5 %[/FONT]​
[FONT=&quot]1998[/FONT]
[FONT=&quot]3,5 %[/FONT]​
[FONT=&quot]1999[/FONT]
[FONT=&quot]2,7 %[/FONT]​
[FONT=&quot]2000[/FONT]
[FONT=&quot]4,5 %[/FONT]​
[FONT=&quot]2001[/FONT]
[FONT=&quot]0,4 %[/FONT]​
[FONT=&quot]2002[/FONT]
[FONT=&quot]0,7 %[/FONT]​
[FONT=&quot]2003[/FONT]
[FONT=&quot]3,2 %[/FONT]​
[FONT=&quot]2004[/FONT]
[FONT=&quot]2,9 %[/FONT]​
[FONT=&quot]2005[/FONT]
[FONT=&quot]4 %[/FONT]​
[FONT=&quot]2006[/FONT]
[FONT=&quot]3,1 %[/FONT]​
[FONT=&quot]2007[/FONT]
[FONT=&quot]5,1 %[/FONT]​
[FONT=&quot]2008[/FONT]
[FONT=&quot]5,2 %[/FONT]​

Уште е почудно што со толку проекти невработеноста никако да падне под 30%.е ова е навистина за чудење,можеби не се ефкасни проектите што викаш?:)


Monti Pajton напиша:
И според тебе така настанала америчката хипотекарна криза? Ај сеа оди на гугл и пиши securitization mortgage crisis и разбери како вистински настанала кризата. За ја да ти го објаснам ке треба доста време и напор. Само ке ти кажам дека тоа што се случи во Америка е токму спротивното на она ти што го напиша. Имено тамо се даваа кредити на високоризични лица и подоцна тие кредити преку процесот на секјутеризација банките ги препродаваа на трети лица. Прилично комплицирано и долго е објаснувањето( затоа ти викам прочитај си) , меѓутоа она што е важно е дека не настана како резултат на зголемување на каматните стапки на Централната Банка во Америка. Обратно нивната Централна Банка се обиде преку намалување на каматните стапки да влијае на состојбата.

ПС:Ова што го пишуваш хипотетички е точно, меѓутоа да се случи во Македонија, со така стабилно и традиционално банкарство кое не дава кредити од ракав- малце потешко. Ама како викаат``живи били па видели``.
Кај јас ја спомна америка?Ако зборам за должничко - хипотекарна криза не значи дека америка и македонија се исти па истата приказна овде.Знам зошто дојде во Америка,но Македонија како прво и основно нема ни секундарен пазар за да се случи тоа,камо ли секјутеризација.Без развиени финансики пазар,неможеш да збориш за таков тип на криза.Но пак добивам впечаток дека површно гледаш на работите.Зборам за Македонија и само Македонија.

Monti Pajton напиша:
Оние што не се разбираат во економија никогаш нема да дознаат. Гледам Concrete е еден од тие луѓе.:vozbud:
Немам право,инаку би сакала да ти оставам еден линк во кој горе споменатиот зборува на економски форум.Но очигледно не си го читал и се залета со гол г.з:vozbud:



Monti Pajton напиша:
Што имам јас да анализирам? Не бев јас тој кој што го критикуваше без да образложам конкретно што е тоа што ми пречи !!
Јас образложив,анализирав,дебатирав,се уморив со тебе.Површно гледаш на работите и до утре да се објаснувам нема да се разбереме.
Барем за крај сфати ми ја поентата:Не треба да одиме назад,туку напред.



Monti Pajton напиша:
Види види. И ај сега објасни ми како се донесува тој консолидиран буџет? Или уште поконкретно објасни ми како може Влада да и наложи на општината како да ги троши парите кои според закон и припаѓаат на општината? Ми се чини дека слабо ги познаваш одредбите на децентрализацијата.
Буџетот се денесува од страна на советот на општината.
http://ohrid.gov.mk/index.asp?novostiID=9

Уште еднаш те советувам да почнеш да зборуваш со факти. Исто така пред да напишеш нешто провери си го дали е така, а не сама да напишеш колку да се рече...
Која мајка те роди толку паметен,па од се се разбираш:pos2:Сметководство и ревизија ти оди или?
Те молам,ајде уште еднаш повтори што е консолидиран буџет?




Monti Pajton напиша:
А не беше на протестот по повод први мај-ден на работникот?:pos2:
Не,не бев,читав за консолидиран буџет,немав време да испаднам:pos2:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Ја ебавме утката!:

Агенцијата за утврдување рејтинг во „Стандард и Пурс“ во четвртокот соопшти дека го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Македонија на странска и домашна валута од „ББ+“ на „ББ“ и од „БББ-“ на „ББ+“. „Стандард и Пурс“, исто така, наведе дека ја потврди оцената „Б“ за краткорочниот кредитен рејтинг на Македонија за странска валута и го намали краткорочниот кредитен рејтинг за локална валута од „А-3“ на „Б“. Перспективите се негативни.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=863804C93C37E548B357EC0C131A0603
 
R

RAYTHEON23

Гостин
И тоа е така де...:)
И постојано се прашувам....ЧАРЕ!!!??????????
да си направиме дома ЕУ да си го кренеме стандардот....слично ко словенија.

адолф хитлер мајн кампф....никола груевски кон излезот:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ја ебавме утката!:

Агенцијата за утврдување рејтинг во „Стандард и Пурс“ во четвртокот соопшти дека го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Македонија на странска и домашна валута од „ББ+“ на „ББ“ и од „БББ-“ на „ББ+“. „Стандард и Пурс“, исто така, наведе дека ја потврди оцената „Б“ за краткорочниот кредитен рејтинг на Македонија за странска валута и го намали краткорочниот кредитен рејтинг за локална валута од „А-3“ на „Б“. Перспективите се негативни.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=863804C93C37E548B357EC0C131A0603
:)

Ај да видиме што и зошто ова ни го направиле лошите чичковци,сигурно Грците ги платиле:
1.„Стандард и Пурс“ е агенција која врши рејтинг на компании,држави,општини.Нејзините истражувања се користат при одлуката за инвестирање,позајмување или создавање слика за земјата.Ги категоризира земјите со букви и нашата земја си ја има буквата Б (варијанта е БББ-) што во превод значи „бегајте“:)

Како ги категоризираат:
-Политички критериуми (Економски очекувана во однос на реалноста,неуспеси од економско планирање,политичко раководство,надворешни судири,корупција во владините сектори,учество на војската во политиката,организирана религија во политиката,право и традиции,расни и национални тензии,политички тероризам,граќанска војна,развој на политички партии,квалитет на администрација)

-Финансиски (ненаплата на заеми или неповолно преструктуирање на заеми,одложено плаќање на кредити,неизвршување на владини договори,загуба на контрола на размена на курсот,експропорција на приватни инвестиции)

-Економски (долгот на извозот на стоки и услуги,меѓународна стапка на ликвидност,надворешно-трговско искуство,биланс на валутна сметка,индикатор на девизен курс)

За сите овие критериуми,има поени.Вкупните поени се собираат и се создава рејтинг поенот на државатаОвие критериуми понатаму се делат на уште мал милион под точки,кои ако продолжам да ги пишувам,нема да станам од столов до 2010:)Важно е и да напоменам,дека кои критериуми ги избира агенцијата е нивно право,но тие меѓусебно се разликуваат во минимални под точки.

2.Зошто ни го намалија рејтингот:

- Платен биланс е сликата на земјата во економските трансакции со странство за една.Платниот биланс е составен од :

-тековна сметка (извоз - увоз) и тековни трансфери (официјални и приватни) или во превод парите што ги праќаат нашите роднини од странство
-капитална сметка во кои влегуваат странски директни инвестиции,кредити,заеми.
-и можни грешки во пресметка,тако звани пропусти (кои се минимални и незначителни)

Тековна сметка на Македонија 2009:

-Извоз (во милиони долари)

-Јануари 917,5
-Февруари 1 149,7
-Март 1 066,7

Таргет година 2007
-3 349,7

-Увоз

-Јануари 1 472,9
-Февруари 1 869,7
-Март 1 754,6

-Извоз - Увоз

Јануари -555,4
февруари -720,0
Март -687,9

2007 завршила со -1 629,7.За 2009 ќе почекаме па ќе собереме на крајот на годината.

Бруто надворешен долг (во милиони долари)

Јануари 4 515,5
февруари 4 192,4
Март 4 744,2

Официјални податоци НБРМ

http://www.nbrm.gov.mk/WBStorage/Files/os_ek_data_mak_30_01_2009.pdf

Домашен долг (аукции на државните записи)

Не ми излезе табелата прегледна ќе мора од сајтот да гледате.

Официјален дилер на министерството за финансии е НБРМ,извор:
http://www.nbrm.gov.mk/default-mk.asp?pmenu=dz2

Соберете ги сумите и претворете ги во евра,мене ми е незгодоно:)

Странски директни инвестиции во првите месеци,поретко.Приватни трансфери исто така (цитат од НБРМ,линк http://www.nbrm.gov.mk/default-MK.asp?ItemID=3C4A10D192A9CE4797DDBF0D0D8CF7B7)

„во 2008 година, во надворешниот сектор остваривме досега највисок дефицит во тековната сметка од 12,7% од БДП,
што е значајно проширување (за 5,5 процентни поени), во споредба со претходната година, и во голем дел се објаснува со влошувањето на трговскиот дефицит и намалените нето-приливи од приватни трансфери.“
Прво, во доменот на надворешната трговија, во првите два месеца на годината извозот и увозот забележаа значително годишно намалување од 36,8% и 16,6%, соодветно. Намалувањето на притисокот врз трговскиот дефицит со намалувањето на цените на нафтата е неутрализирано преку падот на надворешната побарувачка, со што иако засега дефицитот е во рамки на очекувањата, сепак ризикот е во насока на повисок трговски дефицит од оценетиот. Второ, последните податоци покажуваат дека нето приватните трансфери се пониски од проектираното ниво, во услови на раст на побарувачката за девизи на менувачкиот пазар и промените во валутната структура на депозитниот потенцијал. Трето, одредени индикативни категории (берзанските податоци за активноста на странските инвеститори, движењата на нето девизната актива на банките) укажуваат на голема веројатност за остварување помали капитални приливи од очекуваното, што е во согласност со s¢ поголемите глобални ограничувања на надворешното финансирање. “

Прочитајте ја статијата,инзворедна е,да не ја парафризирам,ќе рече некој дека лажам како стоиме моментално.

3.Што ни кажува намалувањето на рејтингот:


Рејтингот ни е намален за домашна валута.Тоа укажува на поголема недоверба кон денарот и очекувана девалвација.Дефицитот во тековната сметка и драстичното намалување на девизните резерви кои дојдоа до 1 милијарда и четиристотни,доведуваат до зголемувања на очекувањата за девалвација и негативни економски случувања.Очекувањата за девалвација носат платно-билансна криза која се одликува со нагло опаѓање на девизните резерви и пораст на каматната стапка над светските.Што во случајот кај нас се потврдува.
Што носи трајна фискална политика или во превод подолго расфрлање на буџетски пари?
- Зголемен притисок врз денарот,а краен резултат врз аутпутот,односно врз економијата нула (овие ефекти најубаво се пренесуваат преку графици,но овде неможам да ви ги доловам,оние што знаат нека ја земат кривата АА и ДД)

Што позитивно би донела девалвацијата за замачкување очи на јавноста:
-Дефицитот на тековната сметка привидно ќе се намали.Нашите стоки ќе станат ефтини (за една чрвена) и ќе се зголеми извозот (во случај кога би немало криза надвор). Проблемот е што увезуваме репроматеријали и суровини,кои ќе ги купиме поскапо во случајот.Проблемот е што светската побарувачка е намалена.Проблемот е што девалвацијата во Македонија емпириски е докажано дека ќе ни донесе полошо одколку подобро време (д-р.Горан Петревски трудови).


Мој заклучок:Не е страшно да ни намалат рејтинг,на една Русија и го намалија,страшно е што го намалија за локална валута.Сега добивме официјална потврда за очекувана девалвација.Нека ни е со среќа.
Извинете што ве замарав:smir:
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
:)

.......

Мој заклучок:Не е страшно да ни намалат рејтинг,на една Русија и го намалија,страшно е што го намалија за локална валута.Сега добивме официјална потврда за очекувана девалвација.Нека ни е со среќа.
Извинете што ве замарав:smir:



1 евро = 75 денари
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
1 евро = 75 денари
preku stotka sigurno....Gwujo ke napecati VEDNAGA dovolno toalet hartija za da gi isplati veke ZGOLEMENITE plati, penzii i vnatresni dolgovi...Gosev demonstrativno ke si dade ostavka , a site nie ke odime u P...M.....!
Toa sto posle Gwujo i nekoi zamasteni ministri ke begaat udzum ili ke visat...am ic ne me prai radosen......
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
1 евро = 75 денари
Ќе видиме точно колку ќе испадне,најверојатни ми се оние прогнози кои говорат од 80-87 денари.Гошев ќе објави тргување со домашната валута без ограничувања.Девизниот курс на почеток ќе натфрли повеќе одколку што треба (тоа значи дека може да дојде и над 100/120 денари),бидејќи ќе се очекува негово намалување на долг рок.Потоа силите на економијата ќе го смират на рамнотежно ниво,кое ќе биде тоа,живи били па видели:)
Гошев прв ќе замине,пред девалвацијата.Кој ќе објави ќе видиме.Се плашам што сме подобри прогнозери од оние финансиерите на кои им даваме плата.Тоа е лошо,многу лошо.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ќе видиме точно колку ќе испадне,најверојатни ми се оние прогнози кои говорат од 80-87 денари.Гошев ќе објави тргување со домашната валута без ограничувања.Девизниот курс на почеток ќе натфрли повеќе одколку што треба (тоа значи дека може да дојде и над 100/120 денари),бидејќи ќе се очекува негово намалување на долг рок.Потоа силите на економијата ќе го смират на рамнотежно ниво,кое ќе биде тоа,живи били па видели:)
Гошев прв ќе замине,пред девалвацијата.Кој ќе објави ќе видиме.Се плашам што сме подобри прогнозери од оние финансиерите на кои им даваме плата.Тоа е лошо,многу лошо.
Многу бројки многу податоци, за мене нејасни. Девалвација, девалвација тешка сепарација :).
Леандра кога мислиш дека ќе има девалвација? Јас мислам дека нема да има воопшто, иако сум тапа во тоа поле. Да се кладиме јас и ти во 1000 денари (или во денешниот девизен курс во евра тие пари) дека до крајов на годинава нема да има девалвација. Прифаќаш?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom