Некаде денеска прочитав дека Славески си правел пат до позицијата гувернер.Иако е моментална шпкулација,ме стегна срцето,замислете
Една изјава,позитивна или негативна од страна на лице одговорно во финансискиот сектор или влада,може да ги придвижи очекувањата нагоре или надоле.Погледнете ја како пример берзата како реагира на изјави,тоа се очекувњата за иднина.Очекувањата се вкалкулирани во цените.Моменталните очекувања кај нас се негативни.Во светски рамки провејуваат изјави за допирање на дното од кризата и линија нагоре.Затоа е важно што се пласира во јавност.
Ја пребарував изјавата од крајот на 2008 година,од типот кризата ќе не одмине,но во пишана верзија не успеав да ја најдам.Па го замолувам Воне,кој ги пласира почесто изјавите,да ми помогне да ја најдеме,за да биде сликата комплетна:smir:
10.09.2008
http://www.finance.gov.mk/node/196„Дали годинава ќе го има истиот тренд на економски пораст?
-
Нашите проекции на среден рок од три-четири години се од шест до осум проценти пораст на БДП. Годинава порастот може да биде повисок од 5,5 и очекуваме тој да стигне до шест проценти.
Минатата година трговскиот биланс покажа негативни трендови, а салдото на тековната сметка е зголемено.
Може ли тоа да го влоши платниот биланс на земјата?
- Има многу неразбирања во овие прашања за трговскиот дефицит и платниот биланс. Економиката на платниот биланс е врвот на економијата.
На прсти во светот може да се избројат експертите што ги разбираат прашањата за меѓународна трговија и платниот биланс. На студентите им кажувам дека платниот биланс може да го разберат оние што имаат најмоќен ум, кои имаат аналитички способности и што ќе се потрудат да го разберат тоа. За жал, домашните аналитичари што даваат свои мислења не спаѓаат во таа група. Често се носат неаргументирани заклучоци и прогнози. Билансот на тековните трансакции е поширока категорија од трговскиот биланс. И тоа е она што треба да се следи. Трговскиот биланс на Македонија е влошен.“
4 Февруари 2009
http://www.vlada.mk/?q=node/2269
„
Министерот за финансии Славески кажа дека Македонија во повеќе домени има заштитни механизми за негативните последици од кризата. - Република Македонија спроведе успешни даночни реформи во последните две години со што значително ја подобри издржливоста на економијата, а доправа ќе се видат и ефектите од намалувањето на стапките на придонесите...Втор фактор што дава надеж е цврстината на банкарскиот систем во Македонија и фактот што нашите банки во 2008 година работеа со профит со што барем малку влијаат на подобрувањето на билансите на своите матични банки, рече Славески.
Тој истакна дека во Владата се залагаат од проектите кои треба да се реализираат годинава предност да добиваат оние кои имаат домашна компонента, а да бидат поригорозни кон оние со увозна компонента.“
Кој го лие споменикот на Аце?Дали е во Италија?Колку чини?Дали е тоа домашна фирма?
01.04.2009
„
Македонија не води никакви тајни преговори со ММФ, изјави денеска во Охрид министерот Трајко Славески, коментирајќи го таквото тврдење на Даниел Дончев објавено во денешен „Утрински весник“.
- Го прочитав тоа и не можев да верувам дека читам таква шпекулација, но потоа разбрав дека е објавена на 1-ви април, па ја сфатив како првоаприлска шега.
Преговори со ММФ се водат или во Вашингтон или во Скопје. Ниту Владата патувала за Вашингтон во овој период ниту некој од Вашингтон дошол во Македонија, рече Славески, одговорајќи на новинарски прашања.
За најавите за можно покачување на каматите на банкарските кредити, Славески истакна дека тоа е деловна политика на банките, но според него, ако сакаат да ги задржат досегашните профитите треба добро да размислат дали ќе ги зголемуваат цените на своите производи.“
07.04.2009
„
- Прибрани се бараните износи од страна на Минситерството за финансии по прифатливи каматни стапки. На аукцијата за едномесечни записи каде баравме милијарда денари постигнатата каматна стапка е под девет отсто, односно 8,90. Кај тримесечните во износ од 600 милиони денари каматата е околу девет, а кај шестмесечните во вредност од 403 милиони и 970 илјади денари каматната стапка е 9,10 отсто, изјави министерот Славески.
Тој додаде дека е применет стандарден тип на аукција, односно не се применети фиксни каматни стапки, туку ги одреди пазарот, кои, пак, како што истакна,
не се повисоки од оние на благајничките записи.“
-
Светот и меѓународната заедница има потреба од меѓународни финансиски институции. Не може во услови на промена на глобалните услови да згаснува, а да востановува други финансиски институции, односно доаѓа до еволуција на институциите. Ова што е денес ММФ е сосема различно од она што беше ММФ минатата година . Само името е исто. Се покажа дека на светот му треба една институција која настанува на основите на ММФ, но она што е тој денес е сосема друга институција што беше пред една година. Не се препознава воопшто, истакна министерот за финансии Трајко Славески.“
http://www.finance.gov.mk/node/768
12.04.2009
„Прашан за коментар за зголемувањето на каматните стапки на банките, министерот за финансии рече дека се уште не ги знае сите детали за да коментира, но нагласи дека порастот на каматните стапки не е добар сигнал.
- П
орастот на каматните стапки не е добар сигнал за економијата, а Владата за нивно намалување може да придонесе со престојниот ребаланс на Буџетот, односно да не врши значителен притисок за позајмување средства за финансирање на буџетскиот дефицит на домашниот пазар, рече Славески.“
http://www.finance.gov.mk/node/773
24.04.2009
„
„Македонската економија не е во рецесија“
-Македонската економија за разлика од повеќето Европски економии, е далеку од тоа што го спомнавте, од пропаст,
таа не влегува во рецесија, остварува се уште позитивни стапки на раст. Ова е придонес на Владата на Република Македонија, со мерките и со скусувањето на буџетот, кон одржлив економски раст, во година во којашто треба да обезбедиме барем минимален раст, да ги зачуваме работните места и стандардот на граѓаните.“
http://www.finance.gov.mk/node/821
„
Од Министерството за финансии посочуваат дека зголемувањето на каматните стапки на државните записи кои достигнаа близу девет проценти, не е причина за зголемување на каматните стапки за кредитите од банките на физичките и правните лица.“
http://www.finance.gov.mk/node/838
Ребалансот и замрзнување на вработувањата
http://www.finance.gov.mk/node/843
И за крај ова е круната на признанието.Неможам да правам копи бидејќи има дел каде странците ни викаат дека сме имале мала администрација и треба да ја зголемиме!!!И плус признание за потценување на кризата.
http://www.finance.gov.mk/node/856
05.05.2009
„За домашна употреба е тоа дека владата троши за нерационални проекти, се истакнуваат некакви минорни трошења од областа на културата коишто РМ никогаш не треба да ги запреме, нашите предци и во добри и во лоши времиња инвестирале во културни објекти. Грото од инвестициите и оваа година од над 200 милиони се наменети за капитални проекти во инфраструктурата и енергетиката“, изјави Славевски.
Министерот за финансии во Брисел пред своите европски колеги и пред Европската комисија потврди дека засега Македонија нема намера да склучи аранжман со ММФ.
Претпристапната економска програма која Владата редовно ја подготвува и презентира пред европските институции, наиде на сериозни критики од страна на ЕК оваа година.
Трајко Славевски порача дека овие критики биле упатени кога Брисел не знаел за владини антикризни мерки.“
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=108081
04.05.2009
„
Владата ќе склучи аранжман со Меѓународниот монетарен фонд доколку економијата се соочи со опасност од девалвација на денарот.Ова денеска го изјави министерот за финансии Славевски, посочувајќи
„Владата и натаму ќе ја штити макроекономската стабилност, доколку ситуацијата се влоши ќе преминеме и на други мерки, како што е и поддршка од ММФ.“
Според Славевски, ситуацијата во земјава е стабилна.
Девалвацијата сепак останува како последен потег на фискалната власт, но во моментов, причина за такво нешто нема, велат од Министерството за финансии. Девизните резерви се во добра кондиција и можат да го бранат курсот на денарот.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=108043
11.05.2009
„Славевски кажа дека Владата намалила дел од непродуктивните трошења.„
Давање на приоритет на сите оние проекти, што значи ангажирање на градежниот сектор и домашните компании.“
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=108370
04.05.2009
„
Александар Македонски ќе никне на скопскиот плоштад следната година. Споменикот чини 4,5 милиони евра, се лее во бронза во леарницата Фердинандо Маринели во Фиренца.
Во тек е изработката на четири лава во истата леарница. Два од нив се долги и високи по пет метри. Другите два се долги шест метри и високи пет метри. Ќе стојат уште годинава од двете страни на мостот Гоце Делчев. Вредни се 2 милиони и 330 илјади евра.“
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=108044
На ова додатете транспорт на фигура од 22 метри од Италија до Македонија и осигурување на истата.
Изјава на децеинијата:
„Се предвидува дека ММФ би барал отпуштање буџетари кои според некои информации се146.000 луѓе:
-
Не ви е точна информацијата 146.000 е преголема бројка.До нас дури стигнаа забелешки од Брисел,преку заменик премиерот за европски интеграции дека имаме релативно мал број во она што се нарекува администрација.“
http://www.finance.gov.mk/files/u1/informacii/ervju_minister_Slaveski_nedelnik_Sega_070509.pdf