Ако баба лаже (ВМРО, СДСМ...) траг не лаже (бројките) - избори 2009

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Извадок од Дневник:

Инаку, со освоените 343.374 гласови во првиот круг, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, Иванов, се наоѓа во средината меѓу Бранко Црвенковски и Сашко Кедев, кои влегоа во вториот круг на претходните избори во 2004 година. Тогаш претседателот Црвенковски освои 385.341 глас, а Кедев 309.132. Односно, сега Иванов има освоено малку над 40.000 гласови помалку од Црвенковски, а речиси 35.000 повеќе од Кедев. На минатогодишните предвремени парламентарни избори, пак, владејачката ВМРО-ДПМНЕ освои 481.501 глас, односно околу 96.160 гласови повеќе отколку што се освоени завчера.Според аналитичарите, сепак, не може да се направи механичка споредба на резултатите меѓу парламентарните и претседателските избори. За двата типа избори се водат различни кампањи. Истото важи и за каква било паралела со локалните избори. Гледано низ бројки, владејачката ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на изборите за градоначалници завчера освоија над 490.000 гласови. На изборите, пак, за советничките листи, таа бројка изнесува над 385.000 гласови. Евидентно е дека „потфрлање“ има кај претседателскиот кандидат, кој „заостанува“ 40-ина илјади гласови зад „советничките“ и 150.000 кај градоначалничките. Владимир Божиновски од Институтот за демократија смета дека во резултатите на владејачката партија нема ништо изненадувачко.

За претседател вкупно гласале
979.616 граќани.

За совет вкупно гласале
949.976 граќани.

30.000 гласови разлика.

Веќе неколку пати нагласив бројките се од листите за советници по општини, а не од претседателските кандидати.
Па јас нагласувам за претседателските гласови, кој е проблемот?

Напоменав претходно дека на локалните се гласа за кандидат, помалце за партија, а гласовите од советничката листа не секогаш одат во линија со градоначалничките гласови.

Мешање каша попара.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Дали се конечни тие резултати од ДИК, можи не се целосни. Дневник не е заебанција весник па грешки ќе прави.
Се однесува на 84 општини. Искраено не знам колку општини има во Република Македонија? Бројката на гласови вкупно е 949976 (валидни)

Па јас нагласувам за претседателските гласови, кој е проблемот?

Напоменав претходно дека на локалните се гласа за кандидат, помалце за партија, а гласовите од советничката листа не секогаш одат во линија со градоначалничките гласови.

Мешање каша попара.
Мојата компарација се однесуваше на локалните советнички избори со ланските собраниски избори како најдобар метод на споредба.
Споредбата претседател со лански парламентарни избори не е баш најдобра.
 
L

lubenakov

Гостин
Јас некаде избројав дека за градоначалниците на СДСМ и независните кандидати што ги подржуваа оваа партија гласале околу 270 000 - 280 000 * Инаку јас знам дека мн. народ од СДСМ гласаше за Љубе така да дојдов до заклучок (според мене)
Околу 60 000 гласови од Љубе ќе одат за Иванов, 50 000 за Фрчковски а 30 000 нема да гласат за никој или ќе поништат ливче.

Легенда: * (груба пресметка)
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
Nezadovolnici imalo i ke ima,i ne e dobro site da trcaat na slepo po licnost kako sto e slucajot kaj SDSM, Brane poeba sve sto e mozno a ovie uste se silat deka sega eve go Brane ke se vrati i pak ke see magla. megutoa drugo prasanje e za kogo ke glasaat, najgolemiot broj gleasaci za Lube nema da ti glasaat za kandidat na Sdsm po nikoja cena.
Bez razlika dali se Vmrovci,neopredeleni ili samo patrioti...glasaci na LB imaat mozok...i mozat da nadminat antipatija kon LDF...barem kolku za 50/50...znaci 350:200...i uste 150 pa falat...
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
Ги броеле општините во Скопје и плус гласовите во Скопје. Како може ние тука на форумов да извадиме точни бројки, а овие самонаречени новинари да лупаат глупости.
абе ги броеле гласовите на советничките листи,оти многу од вмро гласаа за љубе и селмани изгледа,цел ден да лафиме џабе е,не е исто локални и парламентарни,има многу важни разлики,на пример у Кавадарци кандидатот ан вмро освои 12,000,а советничката листа едвај 8000,сеа ви е појасно се надевам

воа е факт дека се гласа за човеци,барем у Кавадарци,првпат градонашалник е од Вмро,порано 2 мандата беше независен,еднаш беше подржан од сдсм(они так праат бидејки имат слаб рејтинг,за жал,нивна)
ме интересира колку од Кавадарци имаат гласано за Сељмани,знаејки го претходното искуство од 2004 кога кандидатот на ДУИ имаше 300 гласа,не ме чуди селмани да имал 1300
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Мојата компарација се однесуваше на локалните советнички избори со ланските собраниски избори како најдобар метод на споредба.
Споредбата претседател со лански парламентарни избори не е баш најдобра.
Ти воопшто знаеш што зборуваш?
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
брат игнорирај го,сака да докаже нешо,кој го знае ми личе на партиско пионче,неможе да се прае споредба,човециииииии,оите малку на форум за секс и љубов.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Ти воопшто знаеш што зборуваш?
Јас не знам што не ти е јасно. За градоначалник се гласа за човек. За претседател исто.

За советници се гласа за партија. За парламетарни избори исто.
Споредбата која јас ја направив е на последните две.
последната која и ја направи е на Претседателски и Парламентарни (што не се прави).

Сега бројките не ти се допаѓаат ама тоа е тоа. Што да се прави.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Јас не знам што не ти е јасно. За градоначалник се гласа за човек. За претседател исто.

За советници се гласа за партија. За парламетарни избори исто.
Споредбата која јас ја направив е на последните две.
последната која и ја направи е на Претседателски и Парламентарни (што не се прави).

Сега бројките не ти се допаѓаат ама тоа е тоа. Што да се прави.

Па јас ти порачав да ја споредиш излезеноста на овие избори.

Зошто не би ми се допаѓале бројките?

Го менуваат резултатот или служат како нечија утешна награда. “Морална“ победа бе.:pos2:

Ако сакаш најреална споредба спореди ги овие Претседателски со претходните.

Спореди ги овие локални со претходните локални.

Спореди ги Парламентарните со претходните Парламентарни.

Па ќе те тешиме.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Па јас ти порачав да ја споредиш излезеноста на овие избори.

Зошто не би ми се допаѓале бројките?

Го менуваат резултатот или служат како нечија утешна награда. “Морална“ победа бе.:pos2:

Ако сакаш најреална споредба спореди ги овие Претседателски со претходните.

Спореди ги овие локални со претходните локални.

Спореди ги Парламентарните со претходните Парламентарни.

Па ќе те тешиме.
Значи ако гледаше вечерта кога беа резултатите за изборите на канал 5 имаше тројца експерти и сите тројца кажаа дека ако сакаме да ја видиме промената најдобро ќе се види преку споредбата која јас ја направив. Они и ми ја дадоа идејата.

А за споредба на излезеност според ДИК до 13 часот за локалните иззбори за советници: 949 976 а парламентарните избори во 2008: 987 021
 
ANTIPATER

of Macedon
Член од
8 јуни 2008
Мислења
1.181
Поени од реакции
44

Споредбата нема блага врска....
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Споредбата нема блага врска....
Може да објасниш зошто?

А и Латас на Сител рече дека чека да направи споредба баш иста како што јас ја направив. Сега споредбата не е идеална но очеигледно сите ја прифаќаат како валидна.
 
ANTIPATER

of Macedon
Член од
8 јуни 2008
Мислења
1.181
Поени од реакции
44
Може да објасниш зошто?

А и Латас на Сител рече дека чека да направи споредба баш иста како што јас ја направив. Сега споредбата не е идеална но очеигледно сите ја прифаќаат како валидна.
Листата на советници е составена од луѓе.
Луѓе со свои фамили,некои поголеми,некои помали,некои повлијателни,некои помалку влијателни.
Едноставно е неспоредливо....2012 ќе го покаже тоа....сега џабе го тупиме.:wink:
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Листата на советници е составена од луѓе.
Луѓе со свои фамили,некои поголеми,некои помали,некои повлијателни,некои помалку влијателни.
Едноставно е неспоредливо....2012 ќе го покаже тоа....сега џабе го тупиме.:wink:
Јас веќе не коментирам. На кого му е релевантна нека му биде на кого не му е тоа е тоа. Секој има право на свое мислење. Сепак ќе те дополнам нешто и листите за пратеници се составени од луѓе (барем така мислам ама за дел не сум сигурен некој личат на зомби), а и тие имаат фамилии и се останато. Ама реално ретко кој знае кои се воопшто луѓето и на двете листи.
 
ANTIPATER

of Macedon
Член од
8 јуни 2008
Мислења
1.181
Поени од реакции
44
Јас веќе не коментирам. На кого му е релевантна нека му биде на кого не му е тоа е тоа. Секој има право на свое мислење. Сепак ќе те дополнам нешто и листите за пратеници се составени од луѓе (барем така мислам ама за дел не сум сигурен некој личат на зомби), а и тие имаат фамилии и се останато.
Точно,ама не заборавај дека високиот рејтинг е пред се Грујов....општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ никогаш немале толкав рејтинг(нема ниту да имаат)....а ова се локални избори.
Поради тоа парламентарните и локалните избори се неспоредливи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom