Bratot
Стоик и Машкртник!
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 17.089
- Поени од реакции
- 4.499
Извадок од Дневник:
Инаку, со освоените 343.374 гласови во првиот круг, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, Иванов, се наоѓа во средината меѓу Бранко Црвенковски и Сашко Кедев, кои влегоа во вториот круг на претходните избори во 2004 година. Тогаш претседателот Црвенковски освои 385.341 глас, а Кедев 309.132. Односно, сега Иванов има освоено малку над 40.000 гласови помалку од Црвенковски, а речиси 35.000 повеќе од Кедев. На минатогодишните предвремени парламентарни избори, пак, владејачката ВМРО-ДПМНЕ освои 481.501 глас, односно околу 96.160 гласови повеќе отколку што се освоени завчера.Според аналитичарите, сепак, не може да се направи механичка споредба на резултатите меѓу парламентарните и претседателските избори. За двата типа избори се водат различни кампањи. Истото важи и за каква било паралела со локалните избори. Гледано низ бројки, владејачката ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на изборите за градоначалници завчера освоија над 490.000 гласови. На изборите, пак, за советничките листи, таа бројка изнесува над 385.000 гласови. Евидентно е дека „потфрлање“ има кај претседателскиот кандидат, кој „заостанува“ 40-ина илјади гласови зад „советничките“ и 150.000 кај градоначалничките. Владимир Божиновски од Институтот за демократија смета дека во резултатите на владејачката партија нема ништо изненадувачко.
За претседател вкупно гласале
979.616 граќани.
За совет вкупно гласале
949.976 граќани.
30.000 гласови разлика.
Па јас нагласувам за претседателските гласови, кој е проблемот?Веќе неколку пати нагласив бројките се од листите за советници по општини, а не од претседателските кандидати.
Напоменав претходно дека на локалните се гласа за кандидат, помалце за партија, а гласовите од советничката листа не секогаш одат во линија со градоначалничките гласови.
Мешање каша попара.