Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Макс Гало - "Наполеон: Песна на заминување". Го опишува животот на Наполеон од детството и крунисувањето за император до, очекувам, прогонството на Св. Елена. Добро е човек да се запознае со својот омилен историски лик. Иако не ми се допаѓа баш многу како е преведена, па не се добива вистински поволен впечаток за стилот на авторот. Добра е за собирање факти за Наполеон.
 
арманса од стендал..
мн убаво книгиче...братучеди се засакуваат(ама не си признаваат) и од што не можат да бидат заедно едниот т.е машкото се убива:uvo:
 
Првото дело за обработка... Пиреј-Петре М. Андреевски
 
Harry Potter i Princ Miješane Krvi

109875_3.jpg


моментално ја читам „Оркански Височини“ од Емили Бронте. Негде полојна ја иам скинато :smir:

Edna od moite omileni knigi :)
 
Mystery Of The Glowing Eye,..By Carolyn Keene..онака,..да си поработам малце на англискиот и да убивам здодевни моменти =)
 
Време за живеење и време за умирање, или така нешто, од Ремарк.Само што ја прочитав Рајот нема миленици ( и овој мој превод е така нешто ) и ми се допаѓа како пишувал.Ама безвезно е што само на српски или хрватски се книгиве...
 
Сосема случајно налетав на една неверојатна книга која што ми влезе под кожа со тематиката, развојот на приказната и стилот на раскажување. „Куќа на мртвите мириси“ од Вида Огњеновиќ, Венко Андоновски ја дава рецензијата за македонската публика и тоа го прави феноменално, но книгата сама по себе е нешто кое што вреди да се прочита.
 
Фаренхајт 451, ја почнувам по втор пат, и
Design Secrets : Layout, 50 одлични проекти, со примери, објаснувања, скици и развојот на истите.. (доколку некој се интересира за книга за графички дизајн)
 
Триесетата љубов на Марина,Владимир Сорокин.Убаво исплетена приказна,талент,амбиција и успех на млада пијанистка по желба,а проститутка заради чудните искривоколчено пласирани *вистини* на социјализмот!Љубовта по секако е онаа која што ќе ја извади од оваа *професија* и ќе ја фрли директно во рацете на социјалистичката машинерија во фабричките погони,но....итн итн...:).
Фин роман,само не знам дали го има тука,го добив по желба на подарок од еден летувалец кој се сетил на мене!Кој е во можност да го најде топло му го препорачувам!Ма да не е нешто кое што не е претходно прочитано,ама кој знае,може некого ќе го бендиса!
 
Антропологија од Ден Роудс.

Одлична книга, иронична, со црн хумор и незнаење како ќе заврши секој расказ. :)
 
Вчера ја дочитав Читачот многу добра и квалитетна книга сега утре планирам да ја земам 1984 од Орвел дали ја има некој прочитано?

Читам електронска и преведена на македонски,света книга Кур`ан. Бидејќи исламските обичаи (колку што знам) бараат посебни ритуали за да се чита печатената верзија, решив да ги прескокнам религиозните обичаи. Сепак пристапувам кон Кур`ан от, од чисто литературен, а не религиски аспект.




Дали ќе можеш некако да ми ја испратиш електронската верзија ме интересира книгата и сакам да ја прочитам
 
Фридрих Ниче - „Така зборуваше Заратустра“ ; Книга за сите и за никого.

Досега прочитаното, едноставно немам коментар, неможам да доловам со зборови.
 
The lovely Bones од Alice Sebold. Бестселер кој направи растурн на топ листите. Предобра книга, полна пред се со емоции.
 
Принцезата Султана - Џин Сасон
Интересна содржина.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom