Изборни резултати од Локални избори 2009 (генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Јас коа им викав да не гинат полтрончињата на овие избори, тие не ме слушаа...ебате лигушите.
Како и да е, искрено највеќе вчера ме изнервира Емилијан кога искочи на прес. Типо се радува, си кажува дека победиле (замислете дури) во Струмица, Куманово, Вранешница и Дебарца, а воделе Карпош, Велес и уште некои мали општини. Пред тоа типот си кажува нешто безврска, блада, во стилот "СДСМ покажа дека е голема партија, победи на локалните избори, паѓа рејтингот на Груевски"...го глеам не можам да се изначудам. Епа батка, не се води така кампања, да ти во 1 по полноќ искачаш и кажуваш дека сте тепале во Дебарца и Врнанешница, и дека можеби ќе земете едвај 10-15 општини. Мизерија сте си, најискрено.
Ќе се курчите по facebook, ќе организирата глупи забави, ќе се дигате во облаци, а кога ќе дојде 22ч. на денот од гласањето и кога ке видите дека Џоле-ху, на кој му се смеевте, ве мачка дупло и ве прави магариња, ве снемува, гувеете како млади невести.
Ама ако, нека изгинат на избори такви маалски полтрони и лигушишта, па беликм нешто ќе се смени. Фала.
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.033
Поени од реакции
1.146
Се е кажано победил СДСМ во првиот круг највеќе во 4-5 општини како што гледам меѓу кои Струмица,Куманово,Карпош и 2 помали мислам.
А Вмро убедливо во многу повеќе општини :)
Во кои поголеми општини победи ДПМНЕ?
The requested URL /2009 was not found on this server.
НЕ ми отвара страната...
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
ГРУЕВСКИ: МАКЕДОНИЈА ДЕМОНСТРИРАШЕ ЕВРОПСКИ ДЕМОКРАТСКИ КАПАЦИТЕТ
23.03.2009


Македонија покажа дека има и капацитет и политичка волја да спроведе мирни, фер и демократски избори. Македонија помина низ едни од најуспешно организираните избори, без насилство со слободно изразување на волјата на граѓаните. На изборите победија граѓаните и Република Македонија, победи иднината која носи прогрес, изјави вечерва премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

- Македонија демонстрираше демократија со што се зацврсти европскиот и евроатлантскиот пат и се покажа дека ги дели истите вредности со земјите од ЕУ и НАТО, рече Груевски.

Тој искажа честитки, пред се на граѓаните кои, како што посочи, се најзаслужни, но и на политичките партии, нивните лидери и раководства, а упати и благодарност до медиумите, ДИК, избирачките одбори, полицијата, меѓународните набљудувачи и на сите други кои дадоа придонес за добрите избори.

Груевски очекува со иста посветеност да се организира и вториот изборен круг. Вети дека Владата, тој како премиер и сите државни институции, ќе сторат се по 14 дена да се повтори успехот бидејќи тоа е интерес борј еден за Македонија и нејзините граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, како што посочи, наспроти СДСМ која победи во четири општини, во првиот круг ја доби довербата на граѓаните во 23 општини: Аеродром, Битола, Прилеп, Ѓорче Петров, Гази Баба, Кочани, Штип, Кавадарци, Бутел, Свети Николе, Виница, Новаци, Валандово, Градско, Пробишти, Крива Паланка, Ранковце, Кратово, Пехчево, Василево, Демир Капија и Босилово. Кандидадтите на ВМРО-ДПМНЕ водат во Кисела Вода, Гевгелија, Центар, Делчево, Богданци, Демир Хисар, Другово, Зрновци, Илинден, Конче, Маврово, Могила, Радовиш и во неколку други општини. Убедиво водство, истакна Груевски, имаат и во Градот Скопје, а иста е состојбата и со советниците во општинските совети.

И претседателскиот кандидата Ѓорге Иванов доби најголем број гласови од граѓаните и со убедливо водство влегува во вториот круг, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Нагласи дека граѓаните на иззборите дале поддршка на политичката опција која во изминатите 2,5 години донесе многу промени и реформи во Република Македонија.

Тој им честита и на кандадатите од другите партии и на независните кандидати, со кои, како што рече, заеднички се борат за подобра иднина на Македонија.

- Само заедно, секој со своите разлики, партиски програми, но обединети околу стратешките цели и националните и државни интереси можеме да одиме напред. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја води државата во позитивен правец и во успеси, рече премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.


http://www.vmro-dpmne.org.mk/mk/zapis.asp?id=4388
 
M

Mario Gómez

Гостин
Во кои поголеми општини победи ДПМНЕ?
The requested URL /2009 was not found on this server.
НЕ ми отвара страната...
Прилеп, Битола а изгледа дека издвоија и тесна победа во Охрид по многу години, Охрид беше нивна главна цел пред почетокот на изборите.
Тие не се надеваа на Струмица и Куманово.
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.033
Поени од реакции
1.146
Прилеп, Битола а изгледа дека издвоија и тесна победа во Охрид по многу години, Охрид беше нивна главна цел пред почетокот на изборите.
Тие не се надеваа на Струмица и Куманово.
Грешка си за Охрид! СДСМ победи со над 1000 глсасови тоа беше и официално според ДИК... ИСто и во Велес иако на пресот на ДПМНЕ рекоа дека нивната партија има водство...

exlexmk
Грешни ти се информациите. Јас сум од Демир Хисар и таму победи СДСМ со околу 100 гласа а не ДПМНЕ. Твоите се според партиски извори...
 
M

Mario Gómez

Гостин
Грешка си за Охрид! СДСМ победи со над 1000 глсасови тоа беше и официално според ДИК... ИСто и во Велес иако на пресот на ДПМНЕ рекоа дека нивната партија има водство...
ВМРО вчера славеа во Охрид не плоштад, сигурно не е поради поразот.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Сега гледав резултати, и во струга излгеда ќе биде многу тесно помеѓу фијат и мерко.
Што се однесува до Шуто оризари забележав дека кандидатот КУРТО ДУДУШ освоил 38% од гласовите наспроти 33% од гласовите на ЕЛВИС БАЈРАМ.

За тие што дискутираа за охрид според ДИК:
АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ 13773
КИРИЛ ТРЕНДАФИЛОВ 12978
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.033
Поени од реакции
1.146
ВМРО вчера славеа во Охрид не плоштад, сигурно не е поради поразот.
Очигледно славеа поради поразот...
Или бидејќи кандидатот на СДСМ не доби уште во прв круг...
 
А

Ајсшутер

Гостин
Во кои поголеми општини победи ДПМНЕ?
The requested URL /2009 was not found on this server.
НЕ ми отвара страната...
Еве некои што се препукуваа вчера СДСМ демек добиле во Аеродром а испана сосем нешто друго.
(не се пишувани скроз точно (-/+ 150)
Аеродром 7.000 разлика предност има Вмро
Битола 15.000 разлика за Вмро
Бутел 6.000 разлика
Валандово 3.000 разлика
Василево 1.400
Виница 800 разлика
Гази баба 12.000 разлика
Гевгелија 1.800 разлика
Ѓорче 10.000 разлика
Градско 1200 разлика
Делчево 2100 разлика
Илинден 1800 разлика
Кавадарци 8000 разлика
Кисела вода 6000 разлика
Кичево 6000 разлика
Кочани 3000 ...
Кратово 1000
Кр.Паланка 6000
Каменица 1000
Неготино 2000
Прилеп 19.000 :pos2:
Пробиштип 2000
Радовиш 1200
Св.Николе 3200
Центар 1000
Штип 3000..

Па народот кажа мислам дека е јасно :helou:
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
ја мислам дека сдсм пак се радуваат затоа шо ќе освојат 5-6општини ...
сигурно мислеа дека помалце ќе бидат :pos2::pos2:
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Сакам да им честитам на победата на СДСМ и стално вака да победуваат.
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
1.495
Поени од реакции
38
Да ми напише некој резултати која партија во која општина победила и колку општини освои СДСМ а колку ДПМНЕ? Во мојата општина (Босилово) победивме (ДПМНЕ) во прв круг со 1500 разлика.
 
А

Ајсшутер

Гостин
Да ми напише некој резултати која партија во која општина победила и колку општини освои СДСМ а колку ДПМНЕ? Во мојата општина (Босилово) победивме (ДПМНЕ) во прв круг со 1500 разлика.
СДСМ во првиот круг има само 3-4 општини како што кажав погоре (Куманово,Струмица,Велес (последнава не сум сигурен) и имаат уште 5-6 во кои ќе има втор круг во кои тешко дека ќе победат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom