Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
За мојата малечка - Тони Парсонс , на англиски (One for my Baby).
По препорачка на Магде , сега за сега книгата не ме остава рамнодушен , уживам во читањето.
 
Герила маркетинг - Џеј Конрад Левинсон. Корисна книга.:)
 
Песјо срце - Михаил Булгаков

Ако малку подобро се проанализира, дефинитивно Булгаков е писател кој најдобро знае да ја опише политичката и општествената ситуација на Комунистичка Русија, како и емоционалната состојба на граќанинот во такво опкружување, со сите позитивни и негативни критики, тесно поврзани. Уште подобро и поопширно, истото би се забележало и во неговата „Мајсторот и Маргарита“ која ја читав пред оваа.
 
Процес, Пиреј и When we were Orphans - пробвам да ги довршам сите некако.
 
Марко Китевски - Македонска народна лирика.
За факултет ја читам оваа, има доста поучни и интересни факти за македонскиот фолклор.

А деновиве планирам да почнам со „Мајсторот и Маргарита“ ако ја најдам во универзитетска.
 
Ако не ја најдеш, слободно пиши, јас од Скопје ќе ти ја обезбедам. Само прочитај ја. Вреди! :smir:
 
моментално ја читам „Сон на летната ноќ„ од Шекспир ...
 
моментално ја читам „Сон на летната ноќ„ од Шекспир ...

Ја има претставата на репертоар во Драмски...адаптација на оригиналната приказна, секако:)
Сега да не ти кажувам дека не и давам 5, многу сум критична за театар...:)
За глумата, на Дади му давам 5*, а и на тој згодниот студент.

Ја конечно го зачитав -степскиот волк--немаше смисла веќе да ми стои на полица...али дежа ву ми е,ццц, и башка по секои 10 странички ми паѓа притисок од депресивноста.
Ај да дочитам и ќе кажам впечаток:)
 
Папокот на светот- Венко Неделковски

грешка Венко Андоновски
 
Ако не ја најдеш, слободно пиши, јас од Скопје ќе ти ја обезбедам. Само прочитај ја. Вреди! :smir:

Не можам да ја најдам на македонски никаде, ај ќе се договориме некако. :)

Инаку моментално парарелно ги читам „Епот за Гилгамеш“ и „Тристан и Изолда“, извонредни се и двете.
 
Вампир-Психопат од Јуриј Мамлеев.
На почеток вака, добра е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom