Комуникацијата: на форумов и надвор од него

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Дали сте отворени за комуникација и споделување на вашите чувства, мислења и ставови само на форумов или истото го правите и во вашиот живот надвор од него (и од интернетот).

Се надевам дека ме разбравте, поконкретно објаснете ги разликите на вашата комуникацијата преку нет, поточно еве преку форумов и комуникацијата со луѓето кои ве опкружуваат

Каде се чувствувате послободни да изразите чувства дали преку форумов каде повеќето луѓе не ве знаат или пак за истите да разговарате со пријателите околу вас?


п.с темава не ја поставив во психологија и филозофија за да не навлегуваме во некои такви дискусии, туку еве во општи муабети за едноставно да кажете дали има разлика за вас и каква е таа разлика меѓу комуникацијата по нет (да се задржиме на форумов) и комуникацијата со вашите пријатели кои секојдневно ве опкружуваат
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Комуникацијата и на форумов и во животот ми е иста. По природа сум комуникативен. Можеби овде на форумов благодарение на интернетот комуницирам одеднаш со поголем број на луѓе од различни места во исто време на различни теми, што во животот не е можно. Но сепак да заокружам комуникативен сум, а комуникацијата преку ифорумот и во животот носат различно задоволство и супер ми е и така и така.
 
Член од
10 март 2009
Мислења
1.300
Поени од реакции
1.161
Точно дека на нет сме послободни и да кажеме што ни лежи на душа.Пред се не го гледаме тој со кого правиме муабет.Има некои работи што некој не би можел да ти ги каже во лице. Што се однесува до мене,јас сум дури поискрена со моите пријатели,затоа што тие се личности кои ги ценам и ме ценат.
Е сега се да се каже на нет, лично не сум за тоа,сепак има секави на нетов и на форумов.
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Сме слободни да зборуваме за многу нешта. Да изразуваме ставови. Да обвинуваме. Да се смееме некому. Да се спријателиме со нови луге. Да споделиме искуства. Да научиме нешто...

Но на форумот сеуште му фали искреност... И на сите форуми де:smir:
 
Член од
7 јануари 2009
Мислења
391
Поени од реакции
20
Pa ne znaci deka covek treba da e edna licnost ovde ,a druga licnost nadvor vo realniot zivot.Dobro moze da ima nekoi mali isklucoci vo vrska so intimniot zivot koj nekoj ne bi se osudil javno da go iznese pred site, dodeka tuka sekoj moze se da si kaze .No sepak voglavnom mislam deka kakva licnost sum vo normalniot moj zivot takva sum i tuka.Ako imam edno mislenje za nekoja si rabota takvo mi e mislenjeto i na forumot i nadvor od nego,ne gledam jas pricina zosto edno bi zborela ovde a drugo vo moeto sekojdnevie.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Потполно ист начин на комуникација, како на форумов така и надвор во реланиот живот.
Со некои луѓе делам мислења, со некои не. Со оние кои не делам секогаш имам дебата, потполно идентично како што правам тука на форумов.
Секако дека е полесно некои работи да се кажат тука на форумов, но за мене е исто, баш поради тоа што овде ги кажувам работите на луѓе кои не ме знаат (не баш многу ќе се заинтересираат за моите постапки и проблеми), а во реалниот живот го кажувам само на пријателите (за кои знам дека ќе ме поддржат)... Во принцип, комуникацијата ми е на исто ниво и тука и надвор во животот.
 

Пуци

Somewhere in time
Член од
16 август 2008
Мислења
571
Поени од реакции
13
На некој начин сличен начин на комуникација,но сепак малце послободен надвор од форумов/нетов.Тоа се должи на тоа што сум опкружен со луѓе кој ги знам добри 10 години(ако не и повише)па се чуствувам послободен меѓу нив.Не дека ми претставува проблем да си олеснам на душава тука пред вас,ама нема да биде тоа-тоа.Пошто не ме знаете и не е исто да збориш пред човек со кого си поминал цело детство,и со некој кој го знаеш вируелно...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Единствената разлика е во тоа што типкам на тастатура (пишана комуникација) :icon_lol: овде на форумов, а во реалниот свет ја отворам устата и излегуваат звуци од неа (комуникација со зборови) :icon_lol:.
 
I

InF3cTeD

Гостин
насекаде сум си ист....тоа шо го мислам дали е лошо или добро го кажувам у фаца...
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Хммм... Колку прекрасна тема. Што се фолираат сите дека се исти и на форум и во вистински живот? Демек светици сме сите, сите сме скршени индивидуи, сите постови во врска со љубовта ни се колку сме заљубени, колку не повредиле. Па побогу, 50% од активните членови кажуваат работи што не ги мислат за репутација, за да се допаднат на некои членови, за сите да помислат: Леле, колку созреани личности постојат. Јас еве кажувам, покомуникативна сум на форум, затоа што и немам баш некоја отворена комуникација во живо, не можам да го остварам оној контакт со очите додека зборувам со некои што и не ми се така блиски. И за еден пост одвојувам 10-15 минути, за да го обмислам убаво, да не истрескам глупости, додека пак во живо е поинаку, на лице место ми текнуваат работите што сакам да ги кажам.
 

Пуци

Somewhere in time
Член од
16 август 2008
Мислења
571
Поени од реакции
13
Да у право си параноик,ама сепак е поубаво да му кажеш на некој во очи отколу да постираш тука:ЛЕЛЕ ГО САКАМ;НЕМОЖАМ БЕЗ НЕГО;ШТО ДА ПРАВАМ(ме разбираш така)Ок,ќе се најде некој ќе те советува,ама дали ти ќе го прифатиш тој совет????Значи те советува човек што нит го знаеш нит го познаваш(да земеме таков случај...)А дали би го прифатила советот на некоја другарка(не навелгуваме која)со која се знаеш подобро???
 

leila

.o0
Член од
10 октомври 2008
Мислења
862
Поени од реакции
46
Пидеднакво сум искрена и на форум и надвор од него. Само не сум исто отворена тука и со некој што реално го знам. НОрмално со реалните пријатели сум поотворена
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Не сум иста.На форумов сум тапа:wink:
Во живо барем со тие што ми се поблиски сум повеќе комуникативна.Едноставно тука секој пост пред да го пуштам го читам по 10 пати па дали да пишам или не...можеби се плашам како ќе бидам прифатена од другите.Затоа сум и премногу сериозна.
Со мојте пријатели знаеме да се зезаме,да тропаме глупости,се смееме супер да си поминеме.Многу сум искрена со нив.Меѓутоа таа моја страна ја нема на форумов.
Дефинитивно тука сум многу повлечена,во животот надвор од тука сум отворена дури и забавна(замислете:icon_lol:)
 

ArhangelOFDeath

Immortality
Член од
3 септември 2008
Мислења
1.906
Поени од реакции
126
Секаде сум ист.Користам премногу сарказам.Во секој мој пост на форумов и во секоја реченица надвор од него.80% ми е сарказам.Меѓу тоа секако премногу сакам да ширам познанства и да создавам нови пријателства па секогаш сум комуникативен и секогаш знам кога да се убацувам со некоја шега.Секогаш гледам да создадам добар впечаток само што на форумов никој не го согледува мојот сарказам и мојот несериозен став.Имам сериозни постови не велам не ама тоа се анализите(во кои не сум баш добар) и одредени (мал дел постови) во музика(ама мн мал дел).Надвор од форумов сериозен сум кога ми зависи да си ја спасам кожичката.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom